Посна храна

K

kalimer0

Гостин
Од религиозна гледна точка, дали може од утре на пример да се почне со пост?
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Од денес почнуваат и трат ли траат ...
Би сакал да ве замолам овде да постира кој знае рецепти за да не полудам од јадење само компири.:)
Инаку одлучив да постам повеќе од здравствена гледна точка и тоа не строг пост без масло. Сепак истото планирам да го користам само како маслиново при приготвување на салати.
Значи занм дека има храна и вино тип на сајтови но сакам да слушнам од паталци, а не од гаталци.
Колку јас знам не смее било што од животинско потекло, а риба смее само за Цветници и евентуално за Богојавјение (значи во превод нема ни риба).
Ах да и нема пиво. :(
Имаш еден куп вегански рецепти (јок месо и месни производи и, јок млеко и млечни производи) по нетов така да тоа би требало да е најмал проблем. Неконсумирањето на масло и алкохол е факултативно. Апстиненција од секс е исто така факултативно. Итн итн... ;)

Еве јас 40-дневниот пост денес го почнав со 2 чашки домашна ж'та ракија! (y)
Епа, нек се угоде.......... :vozbud:
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 16:07 ---
Велигденскиот пост е пост од религиозни причини.
Ако сакаш да ја промениш диетата од здравствени причини консултирај се со нутриционист или лекар.
Со самото тоа што употребуваш масло го прекршуваш постот, па зошто да не јадеш и месо соодветно подготвено или риба соодветно подготвена.
Од здравствени причини најефективниот пост (за чистење на телото and what not) е пост во кој единствено нешто што консумираш е вода!!! Чиста изворна вода! ;)
Секако кој не обича екстреми, тука е извонредно ефективната raw vegan диета... ;)
 
D

D_NazGUL

Гостин
Велигденскиот пост е пост од религиозни причини.
Ако сакаш да ја промениш диетата од здравствени причини консултирај се со нутриционист или лекар.
Со самото тоа што употребуваш масло го прекршуваш постот, па зошто да не јадеш и месо соодветно подготвено или риба соодветно подготвена.
Во православието постои опција да постиш со масло и да постиш без масло (се готви се на вода). Значи црквата толерира веќе не е толку строга. Значи си пишува убаво дека дозволено е масло за стари лица, трудници и болни луѓе (тука се подразбираат и оние со полесни здравствени проблеми).
Инаку во врска со физичките задоволства (сексот) по црковно не е дозволено за време на строгиот пост, но повторно велат дека е ако сте во брак е договор на сопружниците, а ако не сте во брак е тогаш не би требало да се упражњава.
Исто така постот за разлика од маслото е построг во врска со алкохолот и цигарите бидејки се сметаат за земски задоволства.

На крајот од краевите и постите како Велигденскиот се поставени од чисто практични причини (според мене) и јас верувам дека треба да се применат за прочистување како на телото така и на душата, а и внимателно запишав дека го правам ова од здравствени причини а не од религиозни. Не сакам овде да навлегувам во дебата за религијата, прашањето ми беше друго.
 
Член од
13 декември 2009
Мислења
1.307
Поени од реакции
647
Во православието постои опција да постиш со масло и да постиш без масло (се готви се на вода). Значи црквата толерира веќе не е толку строга. Значи си пишува убаво дека дозволено е масло за стари лица, трудници и болни луѓе (тука се подразбираат и оние со полесни здравствени проблеми).
Инаку во врска со физичките задоволства (сексот) по црковно не е дозволено за време на строгиот пост, но повторно велат дека е ако сте во брак е договор на сопружниците, а ако не сте во брак е тогаш не би требало да се упражњава.
Исто така постот за разлика од маслото е построг во врска со алкохолот и цигарите бидејки се сметаат за земски задоволства.
Ориз, компир, соја . Со сојата можеш книга да напишеш колку рецепти има, само ако има масло во нив се разбира прави ги за време на викенди. Како додатно би ставил овошје и зеленчук, посебно банани и суво овошје. Ги има кај нас, евтини се, а најадуваат и тоа многу. Маслинки исто се опција која иде многу добро со кромидче и леб. Шпагети ти се опција за кога ќе бидеш ептен гладен (фантазија со оригано и кечап). Ако си добар со готвење (а за време на пост можеш и да научиш нешто) можеш да си печеш посни кифлички. Сепак поентата на постот е да чувствуваш глад, да се потсетиш како се чувстуваат тие кои немаат пари. Ако ти остане некој денар вишок од овие денови кога ќе постиш, дај го на некој сиромашен. И најважното од се - посвети го постот на Бога а не пости од лични причини.
Сајт за вегани
 
Немој соја, не чини... (сериозно)!
 
H

HITCH

Гостин
Прво, на здравје пост на сите кои се одлучиле да постат за Велигден. Бог да ве дарува со мир во душата и да ве избави од искушенија. Јас оваа година ќе постам цели пости со масло, но нема да се причестувам.

Ова е мојот ручек за денес:

Потребно: 2 средно големи компири, шоља ориз, патлиџан, кромид, вегета, сол и бибер. :)

Ситно сечеш кромид, главица, и малку го пропржуваш во тава со малку масло, а потоа го додаваш оризот, помалку од шоља ориз, да се пропржи и тоа со еден рендан патлиџан, една лажичка вегета, малку сол и бибер (сол и бибер по вкус).
Откако ќе се пропржи ова го вадиме и во тепсиичка намачкана со масло ги редиме претходно излупените компири. Компирите ги сечеш на тенки кругови и ги редиш како за мусака. Ставаш ред компир па сместата, па пак од компирот одозгора да го покриеш целото.
Откако ќе го наредиш, во тепсијата кај што си го пржел оризот со кромид, загреваш малку вода со малку вегета и го додаваш одозгора, колку да ги покрие компирите во тепсијата. Го печеш на 200 - 220 степени во претходно загреана рерна, печеш околу 30 - 40 минути.

Лушпата од ренданиот патлиџан ја тргаш.
Мерата на водата која ја додаваш на крај е од око. Јас обично на 1 шоља ориз додавам 3 шољи вода. (Ова се шољи за кафе, не за млеко, пази оти оризот и леќата набабруваат многу! :) ) И да, најважното, рерната ја уклучуваш штом почнеш да работиш, за да не чекаш после да се загрее. :)

Мислам дека имаше ваква тема, проверете убаво.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.297
Поени од реакции
3.668
Од денес почнуваат и трат ли траат ...
Би сакал да ве замолам овде да постира кој знае рецепти за да не полудам од јадење само компири.:)
Инаку одлучив да постам повеќе од здравствена гледна точка и тоа не строг пост без масло. Сепак истото планирам да го користам само како маслиново при приготвување на салати.
Значи занм дека има храна и вино тип на сајтови но сакам да слушнам од паталци, а не од гаталци.
Колку јас знам не смее било што од животинско потекло, а риба смее само за Цветници и евентуално за Богојавјение (значи во превод нема ни риба).
Ах да и нема пиво. :(
Благоец е во сабота а цветници во неделата така да тогаш се јаде риба. Инаку постот е да постиш и со “душата“, а ако демек постиш со јадење а иначе правиш “глупости“ џабе ти е постење, причестување, молитви и се останато... од старт постењето ти е пропадната инвестиција и само лична сатисвакција да не речам нешто друго што не треба...
 
Член од
26 јануари 2012
Мислења
172
Поени од реакции
430
Јас никогаш не сум постела, ама оваа година решив само првата недела. (со зејтин, и не се причестувам)
Поим немам што да јадам, цел ден јадам ајвар.
Утре мармалад, нешто салатка уз пат. Тоа е тоа, ќе издржам една недела.
Ехе има многу јадења, само кој да ги направи.

Дома кај мене никој не пости, а да земам да си правам ручек само за мене, не иде.
 
H

HITCH

Гостин
Не ми се баш највкусни (ги преферирам без брашно, масло, шеќер и пециво :) )
Ме пресмеа! :pos: Сум го заборавила шербетот да го спомнам. Најважното! :(

Ми треба рецепт за некоја посна торта. Фала!
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Посна карамел торта

Потребни состојки:

Посни бисквити 500-600 грама
3-4 супени лажици слатко или мармалад од портокал
2-3 супени лажици мармалад од кајсија
Посно чоколадо 100 грама

Крем:

400 грама шеќер
5-6 супени лажици посно млеко во прав
1 л. вода
3 пудинга од ванила
200 грама маргарин
1 ванила шеќер
200 грама халта (блага, посна)

2-3 супени лажици нес-кафе во 1 чаша млака вода

Прво се прави кремот:
На страна се подготвува 1 л. врела вода со разматено посно млеко. На тивок оган се пржи 400 грама шеќер, со мешање, додека да стане карамел. Потоа веднаш се тргнува на страна и во тоа се додава, мешајќи, подготвеното топло млеко.
За да се стопат сите грутки од шеќерот треба млекото со карамелот да се вари на тивок оган 5-10 мин. Кога шеќерот сосема ќе се стопи, тенџерето се тргнува од огнот и во него се додаваат подготвени пудинзи (разматени само со малку вода). Потоа пак се враќа на оганот, се вари неколку минути додека не се згусне.
Во изладениот крем се додава маргарин, претходно добро изматен со ванила шеќер. Потоа се додава претходно изматена халта (ако кремот излезе помек, не треба да се додава целата количина халта, туку само лажица-две за вкус, а останатото може да се искористи за украс).

Потоа се прави премаз: мармаладот треба малку да се подгрее на тивок оган, со мешање. Треба да се добие полутечна изедначена смеса. Потоа се меша со слаткото од портокал и заедно се пасира.

Бисквитите, пред да се наредат, се потопуваат еден по еден во нес-кафето разматено во вода. Се редат во три слоја, така што врз секој слој бисквити најпрво се става тенок слој од премазот, па врз премазот кремот. Значи, на крај доаѓа кремот со кој се премачкува тортата и странично. Врз тоа се става глазура од чоколадо.
Тортата треба да отстои една ноќ во фрижидер.

( рецептот е превземен и не е испробан :) )
 
G

galaxy

Гостин
Ме нервираат луѓе кои постат и бараат по рафтовите производи и читаат што има во нив. Па постот е да се откажете од производи кои ви прават задоволство.
Познавам луѓе кои мислат дека млекото во прав е посно. :tapp:
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Ме нервираат луѓе кои постат и бараат по рафтовите производи и читаат што има во нив. Па постот е да се откажете од производи кои ви прават задоволство.
Познавам луѓе кои мислат дека млекото во прав е посно. :tapp:

Млеко во прав од соја - е посно.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
269
Поени од реакции
69
Млеко во прав од соја - е посно.
Млекото од соја Sovita е посно ,меѓутоа ако се пости за причесутвање,значи постење без масло не се конзумира соино млеко бидејќи во својот состав содржи хидрогенизирано соино масло.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom