Хоуп
ümid edirəm
- Член од
- 13 април 2012
- Мислења
- 2.492
- Поени од реакции
- 9.485
Пак јас.
Со филмовите на Линч не сум баш на рамно дали ги сакам или не и какви што му се филмовите, така е и моето мислење за нив - нејасно Само, има нешто во нив што не ми дава да ги исклучам, колку и ништо да не разбирам и мозокот да си го напрегам, гледам, пазам, се внесувам и таман кога очекувам кулминација, нешто најјако да се деси, оп крај. Не можам да проценам дали гледам ептен глуп, или премногу генијален филм, дали 2 или 9 да му ставам, битно колку и да се нејасни и неповрзани, за чудо повеќе ги памтам од некои со обична проста приказна. Како било, овој филм не е нешто такво, за овој си имам мислење и оцена.
Одамна го имав во план, ама сосема друго мислење имав, па некако деновиве ептен ми се провртка и веќе не можев да го игнорирам. Па и кога го прочитав и ова..
Сега не е баш Хичкок стил, ни на нешто негово потсеќа, ама и не треба да биде така зошто си има оригинален печат. Филм на Линч се познава од прва минута дека е негов. Исти бои, атмосфера, ликови, музика...
Убаво. Гледајте си го. 8/10

Blue Velvet (1986)
Едно исечено човечко уво и истрага за да се најде сопственикот и оној кој го оставил без него.Why are there people like Frank?
Одамна го имав во план, ама сосема друго мислење имав, па некако деновиве ептен ми се провртка и веќе не можев да го игнорирам. Па и кога го прочитав и ова..
И ај го пуштив....Син сомот многу му должи на ноар филмовите од 1950тите, бидејќи ги содржи и анализира истите конвенционални ликови на femme fatale (Дороти Валенс), навидум незаприлив злосторник (Френк Бут), како и херој со сомнителен морал (Џефри Бомонт); неизбежно е секако спомнувањето на сенишната, понекогаш и сосема мрачна кинематографија. Син сомот ја инаугурира и воспоставува познатата Линчова искривена визија на светот (askew vision), но и воведува неколку универзални елементи што стануваат заштитни знаци во неговите филмови, како на пример извештачените ликови, поларизираниот универзум, ужасувачка повреда на черепот или мозокот, како и мрачното подземје на големите, или како што е во овој случај - малите градови. Исто така, во клучните сцени се појавуваат црвени завеси, и тоа особено во станот на Дороти - нешто што денес се гледа како една од клучните одлики на неговите филмови. Син сомот се споредува со ХичкоковиотПсихо (1960) пред сѐ поради неговиот третман на психотичното зло