Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во разговор за МКД.мк вели дека со пописот на населението нема да се отстапи од препораките на Еуростат и дека ќе се дефинира бројката на жители во земјава која ќе биде испратена до Обединетите нации како резидентно население. Воедно...
www.mkd.mk
Ова може да го провери во неколку денови од базите на: мвр, гранични премини, агенција за вработување, образование...
Поентата на попис е да имаш корисни и точни податоци за идни цели. Од каде точен податок ако еден ги рецитира матичните за 10 души?
Од каде точни податоци ако не знаеш во кој град живеат?
Пример 1: ако некоја компанија сака да отвори канцеларија во помал град, повторно нема да има информација каков кадар има таму. Огромен процент од тие што се пријавуваат во локалната агенција таму, живеат во Скопје. Со пописот повторно овој податок не се собира, иако ќе се фрлат еден куп пари.
Пример 2, треба да влезе нов мобилен оператор, појма немаме колку население имаме во градовите. Кој мислиш дека ќе инвестира 100-200 милиони ако немаме појма колку население имаме тука и во кој град се истите? Повторно нема да го имате овој податок.
Пописот е 100% политичка операција, и 100 апостоли да дојдат е џабе кога истите се само маскоти.