TpH_Bo_OkO
Трноризец
- Член од
- 18 мај 2005
- Мислења
- 11.537
- Поени од реакции
- 879
По завршувањето на војната во 2001 година, државата, за да им се оддолжи на своите бранители, ги прифати барањата за отштета на ранетите припадници на безбедносните сили и на семејствата на загинатите. Но кога власта во Македонија се смени, државата се премисли за дел од отштетите и реши да си ги бара назад парите што еднаш им ги даде на припадниците на полициските сили кои од бојните полиња во 2001 се вратија дома со шрапнели во телото, со извадени белодробни крила, со жици место ребра и со воени трауми што им ги пренесоа на нивните деца, сопруги, мајки...
Во 2006 година тогашното МВР почна да тужи некои од бранителите на кои им беше исплатена отштета и тврдеше дека тие незаконски ги добиле парите. Почнаа долгите судења кои завршија пред Врховниот суд. Бранителите велат дека тука било згазено нивното достоинство. Врховниот суд почна да пресудува да се враќаат парите од исплатените отштети со затезна камата. Така, неколкуте стотици илјади денари отштета се претворија во милионски суми кои бранителите на Македонија ќе треба да ги враќаат.
54-годишниот полицаец од струмичко Ново Село Стојан Цветанов е првиот македонски бранител кој почна да се раскусурува со државата затоа што во 2001 се борел за неа. Пред четири дена, точно на неговиот 54-ти роденден, ја плати првата рата од парите што треба да и ги врати на државата.
http://vest.com.mk/default.asp?id=146872&idg=8&idb=2288&rubrika=Revija
СРАМОТА!!!

"Сите дома сме нервозни, исплашени што ќе биде. Зар дојде до таму место за јадење, пари да даваме оти Стојан се борел за државата. Ама тој види го каков е, постојано повторува дека ако пак има војна нема да се мисли и ќе земе пушка да ја брани Македонија"