Помош - сакам да градам!

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
сега баш читав некој закон за градење е не знам од која година али се прави разлика меѓу времен - монтажен објект и постојан изграден објект. Ако е се уште на сила овој закон, во урбанизирани делови нема да може да се гради ваков стамбен објект.
Не знам овде на форум дал има некој кој работи на ова тема (градежен инженер ил архитект ил некој кој има искуство со овие работи) па да каже каква е реална ситуацијата по тоа прашање
Јас колку што сум информиран веќе се прави разлика помеѓу времен објект и помеѓу монтажна куќа, која веќе се третира како и ѕиданата куќа (тврда градба). Сега за времен објект се сметаат објекти поставени за вршење на сообраќајни дејности (привремени паркинзи и приодни патеки), објекти за туристички, културни, спортско - рекреативни и забавни дејности (информативни паноа, платформи за спортски, културни, туристички и забавни настани, придружни објекти во функција на спортски настани и летни дискотеки), а времени објекти се и објектите кои се во функција на простор за престој на работниците при градба. За да подигнеш ваков објект се поднесува барање до единицита на локална самоуправа на чие подрачје треба да се постави времен објект, кон кое се доставува договор за краткотраен закуп на градежното земјиште, имотен лист за предметното земјиште и идеен проект за поставување на времен објект изработен согласно со микролокациските услови. Со одобрението за поставување на времен објект се утврдуваат условите, начинот и рокот за поставување и отстранување на времениот објект, а и мислам дека истото го даваат градоначалниците на единицата на локалната самоуправа.

Што се однесува до градови како Охрид, Крушево, Битола и некои останати, не сум најупатен, но мислам дека е така како што ти кажа. Одредени делови од тие градови си имаат свој план за градба, така да ти не можеш да изградиш било каква куќа и да срушиш било каква куќа. Но што се однесува до системот на градба незнам дали може да се даде дозвола за градба на монтажна куќа во тие делови, но во оние делови кои не спаѓаат под тој план, секако дека е дозволено.

Фала ти друже, убаво објаснување.

Само, воопшто не планирам да ја ставам таа фолијата за хидроизолација па барам алтернатива за неа.

Ми предлагаат суперпластификатори, Xypex, Penetron и слично...незнам дали некој има искуство и дали користел вакви средства??

И како да ги изолирам темелите самци...дали под нив може да се постави XPS или тоа може да се постави под самата плоча за да нема контакт со земјата???

Поздрав
Не те разбирам за која фолија збориш. За тефондот или за битуменските траки? Ама и за кое од нив и да збориш и двете се неопходни за добра хидроизолација. Иначе не се лажи со суперпластификатори и останати видови на хидроизолациони премази за основна хидроизолација, затоа што нивната функција не е примарна, туку е секундарна. Тие се користат ако нешто ти протече во подрумот, ако има некоја просторија кој доаѓа во контакт со вода, па да се сопре контактот со вода, но како основна хидроизолација во ниту еден случај неможат да послужат.

Што се однесува до изолацијата на темелите самци можеш да искористиш стиродур од 3-5 центиметри како хидроизолација, но ако веќе се стави во бетонот адитив за водонепропусност, нема никаква потреба од некои дополнителни хидроизолации. Иначе ако сакаш добра, квалитетна и долготрајна хидроизолација единствен начин ти е употребата на материјали на битуменска основа. XPS, стиропори, водоотпорни фолии и останати работи ти се само една лага за една долготрајна и добра хидроизолација за темелна плоча и подрумски ѕидови.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Најдовме плац, се договоривме со сопственикот.
Плацот во катастар стои како градежно неизградено земјиште, но нема ДУП, затоа сопственикот се обврза да извади некаков документ од општина со кој се потврдува дека станува збор за градежно земјиште и дека може да се гради со запазување на критериуми (во смисла 3м од крај на плац да не се гради, не повеќе од 10м височина итн)

Потоа наше е да се направи геодетски елаборат (колчање) на плацот, да се појде на адвокат и нотар (за суми над 10 000 евра мора адвокат да направи договор..) и да се потпише купопродажниот договор.

Додека цела оваа процедура трае, почнавме сериозно да бараме фирма за градба. Видовме Хот и Хот, Екохаус. Вториве подобри од првите.
Но сакам да видам и некои понуди од цврста градба.
Ако имате идеа фирма која изведува исклучиво клуч на рака, пишете.

Сакам да соберам повеќе понуди, да видиме што најмногу ни одговара.

Благодарам :)
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.262

Да правиш разлика од градежно земјиште до земјиште во градежен реон.
Мој совет пред да го купиш земјиштето е :
1. да отидеш во општина и да прашаш дали е во градежен реон и дали има уп, упвнм, упс или општ акт. (ако има да ти издадат извод од план) + види дали е во некоја заштитна зона ( канал, далновод, водоводна цевка, електричен кабел, археолошки локалитет етц )
- ако е се во ред правите купопродажен договор (адвокат нотар сеедно) и преминуваш административен дел.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
2. изработка на геодетски елаборат за нумерички податоци за КП во геодетска фирма (90% се во тафталиџе во околина на катастарот - можам да ти кажам кои се најдобри) ....
3. договорот се спроведува во катастар за да добиеш Имитен лист, каде носител на право на градба ќе бидеш сопственик или сосопственик со дечко ти ( важен момент од делот издавање одобрение за градба )
4. После ова следи се останато : проект фази мислења изис потврда за енергетска ефикасност етц и тука нели ополномштуваш најчесто проектантска фирма која ќе ти брка електронски преку градежна дозвола.
5. па имаш 3-4 месеци влечење во општина за добивање градежна дозвола (во овој дел имаш плаќање на комуналии за објектот 1-15-20 евра од метар квадратен гаража 10% поткровје 20%)
6. го предбележуваш објектот (5 денари од м2 нето корисна површина)
7. почнуваш со градба
8 завршуваш со градба
9. го упишуваш објектот во катастар (10 денари од м2 нето корисна површина)
До предбележување постапката може да ти потрае поприлично така да среди администрација па мисли му ја за градба натака.
THE END :P
 
Последно уредено:

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Најдовме плац, се договоривме со сопственикот.
Плацот во катастар стои како градежно неизградено земјиште, но нема ДУП, затоа сопственикот се обврза да извади некаков документ од општина со кој се потврдува дека станува збор за градежно земјиште и дека може да се гради со запазување на критериуми (во смисла 3м од крај на плац да не се гради, не повеќе од 10м височина итн)

Потоа наше е да се направи геодетски елаборат (колчање) на плацот, да се појде на адвокат и нотар (за суми над 10 000 евра мора адвокат да направи договор..) и да се потпише купопродажниот договор.

Додека цела оваа процедура трае, почнавме сериозно да бараме фирма за градба. Видовме Хот и Хот, Екохаус. Вториве подобри од првите.
Но сакам да видам и некои понуди од цврста градба.
Ако имате идеа фирма која изведува исклучиво клуч на рака, пишете.

Сакам да соберам повеќе понуди, да видиме што најмногу ни одговара.

Благодарам :)
Кога веќе @Ryan Giggs ти го одговори првиот дел од прашањето/постот, јас да ти го одговорам вториот, т.е. неодговорениот:D

Освен Хот-Хот и ЕкоХаус, од фирмите кои градат монтажни куќи можеш да ги контактираш и Гео-Инг, а од фирми кои се занимаваат со изведба на куќи од тврда градба можеш да ги консултираш Никоб Инженеринг, Аце Градба (распрашај се дали работат и во Скопје), Zana-Prom (распрашај се дали работат и во Скопје), Братинг, а можеш и други кои ќе ти дадат сертификат за материјалите кои ги користат, како и слики од досега сработеното.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.464
Поени од реакции
20.262
Кога веќе @Ryan Giggs ти го одговори првиот дел од прашањето/постот, јас да ти го одговорам вториот, т.е. неодговорениот:D

Освен Хот-Хот и ЕкоХаус, од фирмите кои градат монтажни куќи можеш да ги контактираш и Гео-Инг, а од фирми кои се занимаваат со изведба на куќи од тврда градба можеш да ги консултираш Никоб Инженеринг, Аце Градба (распрашај се дали работат и во Скопје), Zana-Prom (распрашај се дали работат и во Скопје), Братинг, а можеш и други кои ќе ти дадат сертификат за материјалите кои ги користат, како и слики од досега сработеното.
+1 за братинг од овие што ги наброја, инаку има и други добри ама листата е долга :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Честито. Од она што читам, барате т.н. монтажна куќа. Лани само се распрашувавме за монтажни куќи во Братинг ама немавме плац па немам некое искуство со вакви градби. Од она што гледавме, Леснина и Братинг правеа такви куќи, покрај Еко и Хот.
http://marketkonekt.com/makedonija/gradezhnishtvo-i-nedvizhnini/montazhni-kukji/Bz2.htm
и од форумов една тема
http://forum.kajgana.com/threads/Монтажни-куќи.18036/
Материјал, цена, квалитет, гаранција, сериозност и слично. И внимавајте и правно се да е под конец (пенали, рокови, гаранција, долгови).
 
Член од
12 февруари 2012
Мислења
227
Поени од реакции
25
Дали некој има инфо за плацевите по стопански двор, дали е готов тој дуп муп више ми се смачи чекајки,,,
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
+1 за братинг од овие што ги наброја, инаку има и други добри ама листата е долга :)
Па се е тоа дискутабилно. Јас кога би бирал некоја од овие фирмиве што ги наведов, би ја избрал Никоб Инженеринг, од проста причина што имаат изградено поголеми објекти, а и прецизно работат. А од друга страна и монтажните куќи не се лоши. Деновиве имав можност да видам и како е со изолацијата во една таква градба и можам да кажам дека не се поредува со изолацијата на другите градби чија фасада е од стиропор. Буквално ќе го грееш неколку саати просторот, а потоа не ќе можеш никако да ја ,,избркаш" топлината, па колку и да отвараш прозор.
 
VMP

VMP
Член од
8 октомври 2010
Мислења
104
Поени од реакции
14
Има ли некој искуство со становите во зградите на „Глобал“ во Аеродром ?
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
1.082
Поени од реакции
447

Еден совет, горе на катот која би била разликата ако се остави вака отворено или да се стави плоча и да се намали висината, нагибот на кровот е 10посто а најдесно на највисоката точка е плус околу 1.3м, од гледна точка на греење и ладење и друго
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Совет за ефтин а и добар готов цементов или гипс малтер(не абрип) во вреќи, пофикс 10 - добар е за во еден слој на гол внатрешен ѕид рачно ќе заврши работа? Цена што најдов за пофикс 10 е 150ден вреќа од 30кг, колку квадрати со вреќата може не најдов никаде информации. Ако не е за оваа тема постот, се извинувам.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504

Еден совет, горе на катот која би била разликата ако се остави вака отворено или да се стави плоча и да се намали висината, нагибот на кровот е 10посто а најдесно на највисоката точка е плус околу 1.3м, од гледна точка на греење и ладење и друго
Јас стварно не те разбирам што сакаш да прашаш. 1.3 метри е висината на ѕидот на горниот спрат гледано на сликава од кај скалите? Што подразбираш под тоа да остане отворено? Напиши поопширно што бараш/прашуваш, па ќе произлезе и совет:)

Совет за ефтин а и добар готов цементов или гипс малтер(не абрип) во вреќи, пофикс 10 - добар е за во еден слој на гол внатрешен ѕид рачно ќе заврши работа? Цена што најдов за пофикс 10 е 150ден вреќа од 30кг, колку квадрати со вреќата може не најдов никаде информации. Ако не е за оваа тема постот, се извинувам.
Претпоставувам дека прашуваш за малтерисување на Ytong ѕидови, затоа и бараш малтер на база на гипс. Такви се Knauf Rotband малтер, тенкослоен Silka 10 малтер или можеш наместо да малтерисуваш да залепиш гипскартонски плочи.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.072
Поени од реакции
11.056
Колку би коштала куќа/зграда со приземје и 2 спрата над нив(на 2та спрата по 2 станови од по 60-70 квадрати)Некако многу такви згради никнаа а мене не ми изгледа дека некој посебен профит имаат газдите, или грешка сум?? Не дека не се во профит само дали е до толку исплатливо??
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.077
Поени од реакции
3.234
Колку би коштала куќа/зграда со приземје и 2 спрата над нив(на 2та спрата по 2 станови од по 60-70 квадрати)Некако многу такви згради никнаа а мене не ми изгледа дека некој посебен профит имаат газдите, или грешка сум?? Не дека не се во профит само дали е до толку исплатливо??
Ако добро сватив 3 спрата по нашки, некаде 120-140м2 по спрат,
вака грубо само за материјалот ќе потрошиш над 40к евра, потоа додади си работна рака, по новите закони мораш фирма, а таа зима најмалку 30% повеќе,
потоа пресметај комуналии за 360-420 квадрати според твојот реон (ако имаш стара квадратура таму одземи ја) , приклучок за струја е 500е, за вода зависно од општината,
проектот од архитектонско биро неколку илјади на евра
и уште неколку илјади евра поситни трошоци.

Пресметај колку одат становите во твојата област, па според тоа погоре напрај груба математика
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.072
Поени од реакции
11.056
Квадратурата мора да е околу 170 по спрат(2стана 130-40 квадрати и треба ходник нели скали лифт ова она)
50к материјалот,работна рака нз како оди што со фирма 30% ? не те сватив баш.На што 30%?
Па треба површина плац, ко сигурно ќе оди околку 40-50 000евра минимум.
Стан би одело 600-700е квадрат ваљда.
4 станови ти се минимум 250квадрати или 160-180 000евра.
Е сеа не сум толку стручен затоа овде прашав,колкав би бил профитот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom