Помош - сакам да градам!

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190
Јас во двеве теми се шалтам, ама кога не можам да се снајдам :)
Со дечково правиме муабет за куќа од контејнери. Па да прашам - дали и каква дозвола би ни требала? Во нашава општина не ни го разбраа прашањето..
такво нешто не постои, читај закон за градење и закон за домување ... поставување на објект од времен карактер кој е во функција на друга градба да, објект за живеење не.
Со дечкото колку ви е сериозна врската?
очигледно не е серизона врска :D a и голема веројатност да трола.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
такво нешто не постои, читај закон за градење и закон за домување ... поставување на објект од времен карактер кој е во функција на друга градба да, објект за живеење не.

очигледно не е серизона врска :D a и голема веројатност да трола.
Аман бе, толку ме заборавивте :( деценија со дечково сме веќе ;)
Шала на страна, како да изведам вакво нешто, просто да домкнам контејнер на плац?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Аман бе, толку ме заборавивте :( деценија со дечково сме веќе ;)
Шала на страна, како да изведам вакво нешто, просто да домкнам контејнер на плац?
A како ќе приклучиш вода и струја?
За то ти треба дозвола од водовод и ЕВН
Како ќе добиеш документ за објетот (тапија, имотен лист)
За 3 недели ќе ти се појават на плац инспектори со налог да го тргнеш контејнерот
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
A како ќе приклучиш вода и струја?
За то ти треба дозвола од водовод и ЕВН
Како ќе добиеш документ за објетот (тапија, имотен лист)
За 3 недели ќе ти се појават на плац инспектори со налог да го тргнеш контејнерот
Тоа прашувам, дали може да се бара дозвола како за монтажна куќа. :) Значи испаѓа дозвола за градба + фирма градежна изведувач.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Тоа прашувам, дали може да се бара дозвола како за монтажна куќа. :) Значи испаѓа дозвола за градба + фирма градежна изведувач.
да само не ми се верува да дадат дозвола за градба за контејнер
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.082
Јас во двеве теми се шалтам, ама кога не можам да се снајдам :)
Со дечково правиме муабет за куќа од контејнери. Па да прашам - дали и каква дозвола би ни требала? Во нашава општина не ни го разбраа прашањето..
Од лименки пиво. Ама ќе ви треба пивски капацитет :ROFLMAO:
Немам искуство со ова освен за веќе готови куќи и со плацеви кои се прилично скапи. Прочепкав нешто по нетов за ова па на сајтот услуги имаше прашање како твоево
http://www.uslugi.gov.mk/Prasanja.aspx?UslugaID=dcfc70b6-1189-4e58-a792-0b9bedda6fdf
Одговорот им е цитати од законот за градење, што и не е од некоја корист
Има неколку фирми што вршат услуги со контејнерски градби ама ако сакате директно да се информирате за дозволи и друга документација, еве ви еден пример за функционална куќа. Некој Зејтиников од Штип изградил ваков објект.
http://www.porta3.mk/iaeaaiie¼a-¼a-aiae-idaaoa-eoa-ia-adianee-eiioa¼iade/
Гледам има и фб профил, ако го контактирате.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
Тоа прашувам, дали може да се бара дозвола како за монтажна куќа. :) Значи испаѓа дозвола за градба + фирма градежна изведувач.
Не сум имал конкретно ваков случај, но ме заинтересира да се распрашам за ова како би се упишало во катастар и како да ти издадат маркица за градба од општината, евентуално финта прв кат како штипјанецов од блок, а нагоре од контејнери ;) откако ќе му удриш малтер нема да те познае никој од што е направено :)
Еве ти таква градба, единствено ќе имаш мака со прием на сигналот за телефонот :)
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
да само не ми се верува да дадат дозвола за градба за контејнер
@PurplePuma колку што ја разбрав сака да гради контејнер, но не онаков како привремен објект што го користат градежниците за престој, туку контејнер во вид на куќа. Во денешно време и кај нас постојат фирми кои веќе произведуваат куќи направени од конструкцијата на контејнерите, едни од нив се и КенПанел. Истиве куќи иако се познати како контејнери, сепак се водат како монтажни куќи само што имаат поинаков систем на градба, а монтажните куќи веќе се законски прифатени и истите се градат и во центалните градски подрачја. Ќе ти треба се исто како и за монтажна куќа, почнувајќи од градежна дозвола, па се до фундамент со одвод довод и останатите работи.
 
зато и кажав во предходен пост не сум сигурен пошто пред некое време такви типови на објекти - монтажни, не добиваа дозвола да се градат пример во Битола.
И сега не ми се верува дека може сегде, пример битола централно подрачје па и пошироко се води како заштитено и градбите треба да се одобрени не само од општина туку и од министерство за култура, исто е и со охрид и низа дуги грдови.
Во Битола знам дека и населба доста подалеку од центарот носи некоја категорија на заштита.
 
Затоа во Скопје на 100м2 плац никнуваат висококатници, па со комшиката од карши зградата практично заедно пиете кафе :)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Затоа во Скопје на 100м2 плац никнуваат висококатници, па со комшиката од карши зградата практично заедно пиете кафе :)
сега баш читав некој закон за градење е не знам од која година али се прави разлика меѓу времен - монтажен објект и постојан изграден објект. Ако е се уште на сила овој закон, во урбанизирани делови нема да може да се гради ваков стамбен објект.
Не знам овде на форум дал има некој кој работи на ова тема (градежен инженер ил архитект ил некој кој има искуство со овие работи) па да каже каква е реална ситуацијата по тоа прашање
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Дечки, бев да гледам плац. Сега, човекот рече дека треба да си правиме елабрат за точни мерки (вкупно 6 плаца се). Проверив во катастар, пишува градежно неизградено земјиште.
Прашања:
- каква е процедурата за елаборат
- како оди вадење на градежна маркица

Потоа, бидејќи е во Кисела вода, комуналии за м2 е 40е, подрум/поткровје 8е.
Ако гаражата ми е лепенка со куќата ќе биде 40е/м2?
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Дечки, бев да гледам плац. Сега, човекот рече дека треба да си правиме елабрат за точни мерки (вкупно 6 плаца се). Проверив во катастар, пишува градежно неизградено земјиште.
Прашања:
- каква е процедурата за елаборат
- како оди вадење на градежна маркица

Потоа, бидејќи е во Кисела вода, комуналии за м2 е 40е, подрум/поткровје 8е.
Ако гаражата ми е лепенка со куќата ќе биде 40е/м2?
пред се убо провери плацот дали е расчистен имотно правно
Мене шо ми се случи, плац кој од 1963 си беше чист со 470 квадрати, на него изградена куќа се чисто легално и сега сакав да прам поткровје
направив елаборат, проекти извадив сите можни документи и одеднаш, ми одбија проект со напомена дека плацот не е легализиран!!
одам да проверам и некако некогаш некаде од 1963 тој плац од 470 квадрати стана плац од 500, без никој да не праша или извести и тие екстра 13о квадрати се сопственост на Македонија !
И требаше 2 години најмалце 4 судски рочења плус елаборати и документации вештачења... за да ми се даде да ги откупам тие 130 квадрати (по цена од 30 евра квадрат) за да може да градам, доградувам или бидам газда на сопствено земјиште!

Појди си в општина и види си прво каква е состојбата со земјиштето плацовите маркици и да случајно нема некој план за некаков пат да врви од таму
 
Да, секако ќе појдам и во општина, сега проверив на странава на катастар по бр. На имотен лист и парцела. Си стои цела парцела без двата плаца кои се продадени и има куќи на нив. Останатите 4 се на еден имотен лист на еден човек.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
10
Поени од реакции
0
Темелите и подрумот ако не се направат добро и ако не се хидроизолираат добро, се додека ја имаш ти куќата ќе ти излегуваат по некои проблеми. Така да не штеди на бетон, арматура и хидроизолација.

Прво пожелно е во бетонот за исполнување на темелите да се стави адитив за водонепропусност на бетонот. Од кога ќе се постави арматурата во темелите и истите ќе се избетонираат, потребно е да се ичисти целиот терен и да се израмни. Потоа се прави плоча од посен бетон со дебелина од 5-8 центиметри во која единствена арматура ќе биде арматурата која излегува од темелите.

Врз оваа плоча се поставува хидроизолација. Тоа се подразбира премачкување на плочата од посен бетон со основен ладен битуменски премаз кој ќе се суши во рок од ден два, а потоа врз него со топлина се лепат и битуменските траки. Онаму кај што излегува арматурата, поточно онаму кај што ќе бидат столбовите/бетонските ѕидови се изолира со двокомпонентен премаз на цементна основа и тоа во два три слоја.

Потоа се прави заштита на хидроизолацијата со тоа што целата плоча се исполнува повторно со посен бетон со дебелина од 5 центиметри. Врз оваа плоча се става арматурата и се нанесува бетон за А.Б плочата и задолжително е да користите вибрации за да не дојде до задржка на воздух и водени капки во бетонот.

Врз оваа плоча најнормално ќе се кренат и бетонските ѕидови, т.е. подрумските ѕидови кои од надвор ќе се изолираат исто како и подрумската/темелната плоча со основен ладен битуменски премаз и битуменските траки, а врз нив ќе се стави и тефонд, поточно онаа гумено пластична лента со испакнати полукружноквадратни вдлабнатини. Тоа ќе се фиксира и хидроизолацијата е готова, долготрајна и квалитетна и потоа врз ѕидовите се поставува следната плоча. Само внимавај од кои материјали ќе купуваш и кој мајстор ова ќе ти го прави.

И ако веќе живееш во подрумот, што не е препорачливо, задолжително стави и термоизолација.
Фала ти друже, убаво објаснување.

Само, воопшто не планирам да ја ставам таа фолијата за хидроизолација па барам алтернатива за неа.

Ми предлагаат суперпластификатори, Xypex, Penetron и слично...незнам дали некој има искуство и дали користел вакви средства??

И како да ги изолирам темелите самци...дали под нив може да се постави XPS или тоа може да се постави под самата плоча за да нема контакт со земјата???

Поздрав
 
Kajgana Shop

На врв Bottom