Помош - сакам да градам!

Член од
12 февруари 2012
Мислења
227
Поени од реакции
25
Аха, во ред, но како што ми имаат кажано, плацот ми се наога помегу 2 куки, на споредна уличка, така да не е можно таму да има друга улица или слично. Во моментот таму има доста куки, кои се почнати одамна, но и на некои сега уште работат-градат...
 
Член од
12 февруари 2012
Мислења
227
Поени од реакции
25
А што би се десило доколку почнам да градам сега, а си бркам документи понатаму? (како и пола од населението :) ) Дали е можно да ми дојдат и да ми ја срушат или некоја казна или слично?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
А што би се десило доколку почнам да градам сега, а си бркам документи понатаму? (како и пола од населението :) ) Дали е можно да ми дојдат и да ми ја срушат или некоја казна или слично?
ќе те стопираат, можи и рушат и казнат тие шо ќе ги затекнат дека таму работаат (мајстори)
 
Член од
12 февруари 2012
Мислења
227
Поени од реакции
25
Значи немам шанси,а? А нешто врски да се бараат или ни тоа не помага? :)
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Мирна, малечка, нова населба, не многу отсечена од централното градско подрачје. Помеѓу Ново Село и Волково, и иако не е којзнае колку инфраструктурно развиена, во близина ги имаш веќе постоечките објекти од Ново Село и Волково, и скоро се ти е на дофат на рака. На 5 минути од Стопански Двор, кај пругата помеѓу Ново Село и Волково е основното училиште од Ново Село. Алтернативно: има основно училиште и во Волково, само што тоа е малку подалеку. Во Ново Село има амбуланта, стоматолошка ординација има на самиот излез од Стопански Двор кон Волково, дополнително - постојат уште две стоматолошки ординации и две амбуланти во Волково, на само 5 минути возење (15-20 минути пеш). Во Волково има неколку поголеми маркети, плус и еден куп маалски продавнички и во Ново Село и во Волково. Спортската сала во Ново Село е исто така кај пругата помеѓу Ново Село и Волково, на само 5 минути пеш од Стопански Двор. Тука е и автобуската станица на која застануваат 22ка и 64ка. 22ката е доста честа линија - имаш автобуси на секои 5 минути, понекогаш дури и почесто од тоа. Плус, нема никаква индустрија во близина - сметај на тоа дека воздухот е далеку почист отколку во централното градско подрачје. Исто така, ја нема и бучавата од автомобилите - навистина мирно место.

Заборавив - во близина на Стопански Двор е и приклучокот за на обиколницата кон Тетово, кој се наоѓа над Волково, што значи - од таму можеш многу брзо да се приклучиш на автопатотите Скопје - Тетово или Скопје - Велес, притоа избегнувајќи го градскиот метеж. Според мене - совршен избор! (y)
Ова село или населба 15км од центар оддалечено беше а после 22:30 само со такси да се враќаш

За пензионерски денови измислено е
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.709
Поени од реакции
33.349
Ова село или населба 15км од центар оддалечено беше а после 22:30 само со такси да се враќаш

За пензионерски денови измислено е
Не е точно. Последната 22ка тргнува од Транспортен центар во 23:00, а има и три ноќни линии, во 00:15, 02:00 и 03:15. Населбата е одлично место за живеење! Јас живеам во Волково, што е подалеку од Стопански Двор и мислам дека е одлично за живот, а не сум пензионер. ;)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Значи немам шанси,а? А нешто врски да се бараат или ни тоа не помага? :)
да претпоставиме си фатил некоја дебела врска која ќе ги спречи инспекторите да те стопираат. Си ја направил куќата и сега имаш дивоградба која не можеш ни да ја легализираш ни запишеш во катастар, ни тапија да извадиш и во било кое време можат да ти ја урнат.
а шо ти е толку проблем да извадиш документација?
 
Член од
12 февруари 2012
Мислења
227
Поени од реакции
25
да претпоставиме си фатил некоја дебела врска која ќе ги спречи инспекторите да те стопираат. Си ја направил куќата и сега имаш дивоградба која не можеш ни да ја легализираш ни запишеш во катастар, ни тапија да извадиш и во било кое време можат да ти ја урнат.
а шо ти е толку проблем да извадиш документација?
Јас сум за документи, ама прблемот е тоа што не ми даваат од општина да градам. Викаат дека ДУП-от не е готов за таму, на листа за чекање сум бил... т.е таа населба и викаат може да биде оваа година, може догодина, а може и после 2-3-4 години....
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Јас сум за документи, ама прблемот е тоа што не ми даваат од општина да градам. Викаат дека ДУП-от не е готов за таму, на листа за чекање сум бил... т.е таа населба и викаат може да биде оваа година, може догодина, а може и после 2-3-4 години....
не сум сигурен 100% но мислам дека ако градиш надвор од ДУП, нема ни кој да те стопира пошто нема ни по кој план да проверат дали градиш по пропис, јас имам еден приател кој на 500 метри од последен ред на куќи (од крајна граница на ДУП) си направил своја и никој не го стопирал, е сега то си е дивоградба но кога ќе се прави ДУП би требало таа да се внеси и вклопи во планот. Можеби некој кој има повеќе искуство во таа сфера - градење надвор од населени места каде нема ДУП може да појасни...
сепак јас сум градско дете од епицентарот на градот и поштувам држава и закони
 
Член од
24 септември 2009
Мислења
245
Поени од реакции
35
Која е цената отприлика на плексигласот и каде може да се најде? Ми требаат две парчиња во боја по м2, дебелината не е важна. :)
 
Член од
14 мај 2014
Мислења
2
Поени од реакции
0
Дали знае некој колку чини инсталација на парно греење во куќа ?
 
Член од
14 мај 2014
Мислења
2
Поени од реакции
0
имаш разни фактори тука, колкава инсталација, квадрати, какво парно, каков котел........
Станува збор за два спрата од 80 квадрати, инсталацијата треба да биде од почеток, а парното да се загрева од котле на дрва .
Ме интересира од прилика цената горе-доле? Моментално сум во пресметка на трошоци па ако некој ме информира супер :)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Станува збор за два спрата од 80 квадрати, инсталацијата треба да биде од почеток, а парното да се загрева од котле на дрва .
Ме интересира од прилика цената горе-доле? Моментално сум во пресметка на трошоци па ако некој ме информира супер :)
цената многу варира према цената на бакарот јас знам дека пред некои 5 или 6 години за куќа на 1 спрат од 130 квадрати околу 2100 евра беше со камин на дрва + парно, каминот греи дневна трепезарија (во комбинација со инвентер) со се работна рака) многу е битно каква е куќата, (изолација, орјентација)
 
Член од
31 август 2013
Мислења
149
Поени од реакции
338
Јас сум за документи, ама прблемот е тоа што не ми даваат од општина да градам. Викаат дека ДУП-от не е готов за таму, на листа за чекање сум бил... т.е таа населба и викаат може да биде оваа година, може догодина, а може и после 2-3-4 години....
Imam drugar so ist problem, ima plac tamu nekade, vo opstinata ne mu davaat dozvola za gradenje, (iako i okolu nego ima kukji), vo Elektrodistribucija za priklucok mu baraat dokumenti od opstinata, ne moze ni priklucok za struja da donese, zaglaven e od birokratija. Vo opstina isto mu rekle deka zasega ne izdavaat dozvoli, a koga kje se sredi se tamu-ne znaat. Mislam deka problem bilo i zemjisteto-se vodi kako industrisko, a ne gradezno (ili taka nekako) i toa isto trebalo da se sredi prvo so opstinski akti itn itn. Moj zaklucok-prodavaj toa tamu i baraj care na drugo mesto.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom