Мирна, малечка, нова населба, не многу отсечена од централното градско подрачје. Помеѓу Ново Село и Волково, и иако не е којзнае колку инфраструктурно развиена, во близина ги имаш веќе постоечките објекти од Ново Село и Волково, и скоро се ти е на дофат на рака. На 5 минути од Стопански Двор, кај пругата помеѓу Ново Село и Волково е основното училиште од Ново Село. Алтернативно: има основно училиште и во Волково, само што тоа е малку подалеку. Во Ново Село има амбуланта, стоматолошка ординација има на самиот излез од Стопански Двор кон Волково, дополнително - постојат уште две стоматолошки ординации и две амбуланти во Волково, на само 5 минути возење (15-20 минути пеш). Во Волково има неколку поголеми маркети, плус и еден куп маалски продавнички и во Ново Село и во Волково. Спортската сала во Ново Село е исто така кај пругата помеѓу Ново Село и Волково, на само 5 минути пеш од Стопански Двор. Тука е и автобуската станица на која застануваат 22ка и 64ка. 22ката е доста честа линија - имаш автобуси на секои 5 минути, понекогаш дури и почесто од тоа. Плус, нема никаква индустрија во близина - сметај на тоа дека воздухот е далеку почист отколку во централното градско подрачје. Исто така, ја нема и бучавата од автомобилите - навистина мирно место.
Заборавив - во близина на Стопански Двор е и приклучокот за на обиколницата кон Тетово, кој се наоѓа над Волково, што значи - од таму можеш многу брзо да се приклучиш на автопатотите Скопје - Тетово или Скопје - Велес, притоа избегнувајќи го градскиот метеж. Според мене - совршен избор!