Ајде лаптопџии, десктопџии, компјутерџии, форумџии итн... Помагајте.
Имам проблем со лаптопот.
Да почнам
Купен е пред 1 година од АМЦ има уште 2 години гаранција
Asus K53
i7 2630qm
Nvidia GT 540m 2gb
6gb ddr3 1333MHz
640gb Hdd 5400rpm
Имав инсталирано Panda Cloud Antivirus, како некоја си заштита, и пробав инсталирав Spyware Doctor, добро ми јави конфликт дека не можат да работат, двата заедно, го игнорирав, пуштив да скенира Spyware, и кога се вратив, имаше најдено неколку вируси, кога стиснав Fix ми појави BSOD, го исклучив од копче, пак го стартував, пуштив да ја деинсталирам Panda-та, и некаде на пола од процесот, скоро при крај, пак ми појави BSOD, пак го исклучив и пак го стартував, Panda-та сеуште стоеше инсталирана, пробав да го деинсталирам Spyware, пуштив да се деинсталира, и закочи скроз, ништо не реагираше ни функционираше, пак го исклучив од копче, го стартував во Safe mode и го деинсталирав Spyware Doctor, пробав да ја деинсталирам Panda-та, даваше грешка некоја, дека прекинал процесот, и никако не можев да ја деинсталирам, добро, стоеше уклучена, и си продолжив да си работам на лаптопот, префрлив се на друг хард диск, го спремив да го форматирам, и пред да го пуштам да го форматирам, изиграв малку Assassin's Creed III okolu 45 мин. Потоа го пуштив да се форматира, ги поминав сите чекори, го форматирав дискот и пуштив да се инсталира Windows 7, отидов во друга соба, и се враќам по 30 мин. Што да видам ? Лаптопот мртов. Екранот не свети, оптичкиот уред, не даваше звук, а ламбичките индикаторите светеа, пак го исклучив од копче, и пак го вклучив, но лаптопот не даваше никаков знак на живот, екранот не ни светнуваше, ни позадинското светло не му се уклучуваше ништо. Пробав неколку пати ништо, пак исто.
Ај помош, што би можело да биде во најлош случај, а што во најдобар ?
Најлош, мислам графичката да прегорела, што не ми држи вода многу, зошто ја играв Assassin's Creed III пред да се случи тоа, немаше никаков проблем.
Хард дискот да не е цркнат ?
Или Екранот ?
Или Матичната ?