Не бидејки кошта повеќе 500 евра а има опрема како најевтините 26 ки од 200 евра.Проблемот е што купуваш точак во период кога не се купува бидејки цените се околу 30% повисоки од оние реалните.Најповолен период е крај на Јануари и Февруари кога се чистат залихите и важат новогодишните попусти.Еве ќе ти кажам со какви делови да бараш 29ка.Амортизерот обавезно да се заклучува бидејки сакаш да се качуваш на Водно и ќе бараш модел на Suntour XCT или поскап XCM бидејки XCE не се заклучува.Кочниците да бидат хидраулични а не механички и во избор имаш поевтини Tektro и поскапи Шимано.Предниот погон да биде со 2 или 3 запчаника од кои најмалиот да има 22 заба додека задната касета да има 9 од кои најголемиот 32 или 34 заба за да немаш проблем околу искачување на делот од 2км после детското на Воднo до врв.Менувачите и шифтерите обично се од класата на Altus,Acera или Deore но и да се во таа класа си вршат работа.За нов разгледај го моделот Polar Mirage Pro 29 кој наместо 3 x 8 има 3 x 9 и е на попуст од 32200 денари:
www.facebook.com