Воведна песна:
На средина од мојот живот земен
го изгубив јас така својот пат
се најдов в шума сам, сред густеж темен.
А таа шума, дива, чуден кат,
зарастена во трње, в буеж сета,
сред срце раѓа спомен, страв и лад.
---------------------------------------
Јас кренав поглед, видов сонце-ал
огреало во таа рана зора
врз плеќите на ридот стрмен мал.
На почеток на епот Данте дава податоци за себе, дека е на средината на животот ( 35 годишен според тогашните сфаќања ) и дека е заскитан во темната шума што го симболизира неговото беспаќе ( протеран од родниот град ) и неговите заблуди ( дека со политика може да го промени општеството во кое живее ). Шумата ја симболизира и самата Фиренца, односно општествено-политичката состојба во која се наоѓала. Заблудите и грешките не му дозволуваат да го најде вистинскиот пат ( изгубен е ) , а искачувањето на ридот ( симбол на душевниот мир и блаженство ) е тешко, непроодно и полно со пречки. Пречките се повторно претсавени со симболични слики. Прво го сретнува пантерот кој ја симболизира зависта, но и Фиренца, потоа лавот кој ја симболизира гордоста, но и Франција ( која и попречувала на Италија ) и на крајот ја сретнува волчицата која го симболизира среброљубието, алчноста на пари, но и папите.Спас од беспаќето и дивите животни му праќа Беатриче во ликот на Вергилиј кој ќе го поведе Данте и ќе биде негов постојан придружник, водач, помошник и толкувач на стравотиите што следуваат.
Пеколот Данте го претсавил како инка. Круговите така се стеснуваат како што се зголемуваат гревовите и како што се` оди се` подлабоко во земјата. Во центарот на земјата, во деветиот круг се наоѓа Луцифер.
Вергилиј го поведува Данте во пеколот на чиј влез пишувало:
``Засекогаш откажи се од надеж``
п.с за круговите имаш во другата тема, немам време :helou: