Може некој да ми најде кратка содржина на ''Парадоксот на Диоген''од Томе Арсовски?
Ама онака итно е...
Парадоксот на Диоген
Честопати луѓето не се свесни за една голема вистина, која секојдневно на сите нам ни се случува. Имено, станува збор за добивањето и губењето, за маката и радоста. Сите ние треба да сме свесни дека секогаш кога нешто добиваме, во исто време со тоа и нешто (друго) губиме и обратно, секогаш кога нешто губиме, со тоа и нешто (друго) добиваме. Иако, вака не ни изгледа во реалниот живот, верувајте дека е тоа така, само што ние честопати не сме свесни, што губиме со добивањето на нешто, и што добиваме со губењето на било што. Е, тука дојдовме до исполнувањето на желбите (поинаку кажано-добивањето) и до губењето. Значи, со исполнувањето на некоја желба, по нешто губиме, а исполнувањето на сите желби (за релативно кусо време), според многумина е исто што и добивање билет за во Пеколот.
Тој мотив на извонреден начин го искористил писателот Томе Арсовски и прекрасно го интерпретирал во неговото дело Парадоксот на Диоген . Имено тој таму пишува за еден млад човек, кому за релативно кусо време му се исполниле најзначајните желби што ги имал во неговиот живот (добро се оженил, напредувал во кариерата како што посакувал, го решил своето станбено прашање, купил убава кола и сл.). Но, тогаш наместо да биде среќен и да ужива во тоа, животот почнал да му станува неподнослив и безмислен, за на крајот да заврши трагично. Таа сага од брзиот успех и кусата среќа, до трагедија, велемајсторски ја опишал Томе Арсовски и создал траен споменик за македонската литература и култура, но и споменик кој има трајни и универзални вредности. Тоа дело ( Парадоксот на Диоген ) е создадено за да биде траен потсетник за сите дека не секогаш, исполнувањето на желбите кои ги имаме, помага за да бидеме среќни. Туку токму обратното, исполнувањето на нашите (посебно - најважните) желби, како законитост за своја последица донесува пустош и несреќи во животот.
Ти заврши работа?