Јас само би се осврнсал на фактот дека сепак таа "слобода" е малце виртуелна,имено треба да се имаат предвид неколку работи:
Како прво-вистинската слобода постоела за време на дивјаштвото...всушност и тогаш единките функционирале во групи па оттука и целите им биле заеднички-е овде била слободата и алтруизмот,денеска...во овој систем сепак човекот го има алтруизмот но важно е да напоменам дека се манифестира на различни начини,имено СЕГА во овој систем ние(поединците) имаме одредени првила(наметнати) кои мора да се почитуваат а истите се наметнале благодарение на самиот систем и неговата еволуција така да сметам дека можеме да зборуваме за ограничена слобода.
Како пример за наметнати правила би ги посочил економските кои го регулираат економскиот живот(каде имајте предвид дека овде се потенцира индивидуалноста).Така да иако слободни....ние сепак учиме одредени правила кои потоа не водат во животот.