Помош за избор на лаптоп

Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
ако може некој да ми каже каде можам да најдам лап топ кој што се продава на рати (во која продавница ) знам само за АМЦ дека даваат на рати, али многу ми се жалат од АМЦ
па така да и да е проверена продавницата (да не носат некоја чкарт роба)
Фала однапред и Поздрав
Освен АМЦ имаш линк погоре од T-home исто така на месечни рати. И ако ти се допаѓа конфигурацијата што е важно од каде го купуваш. Колега мој купи Асус од АМЦ и досега работи перфектно. Имаку не знам кој се нуди на рати, ама ако имаш кредитна картичка и тоа ти е опција.
 
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.565
Поени од реакции
417
ако може некој да ми каже каде можам да најдам лап топ кој што се продава на рати (во која продавница ) знам само за АМЦ дека даваат на рати, али многу ми се жалат од АМЦ
па така да и да е проверена продавницата (да не носат некоја чкарт роба)
Фала однапред и Поздрав
Како што кажа дечкото погоре, освен што може да земеш преку T-Home на максимум 48 рати, можеш и од SET-компјутери на рати со кредитна картичка од стопанска или нлб-тутунска банка.
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Веројатно и подобро од SET или AMC и било која друга „мала“ фирма отколку од T-Home. Конкретно поради сервисирањето ... кај сите може да се среди во официјалните сервиси нели, но кај „малите“ може и директно кај нив за мали кварови. Така да, каде и да купувате гледајте прво кои се овластени сервисери, прашајте кај фирмите кои ви се посочени како сервис дали навистина ги сервисираат (некои брендови имаат политика само одредени серии да се сервисираат во дадениот овластен сервис поради заштита од продажба по нерегуларни канали/шверц), распрашајте се за цени за сервисирање (колку е час, колку е замена на скршен екран на пример) и лесно ќе донесете заклучок од каде да земете за во иднина да си заштедите маки.
Пример од лично искуство, цена за земена на скршен екран на Toshiba во овластен сервис (CT computers), земена преку Т-Home во гарантен период беше само 270 евра (кога лаптопот чинеше 380), а во исто време кај други фирми ми беше понудено 120-140 а во SET 100. Затоа секогаш гледам каде најдобро можам да поминам со сервис, и затоа долго години на назад користам Fujitsu.
Можеби малку делува офтопик муабетов, но знам дека полесно е да се најде лаптоп на рати отколку добар и евтин сервис, кој во ниеден случај не се плаќа на рати туку строго во кеш, затоа размислете пред да купите. Јас велам T-Home - НЕ.
 
Член од
28 март 2007
Мислења
207
Поени од реакции
100
Сакам да купам лаптоп. Ќе ми треба претежно за Office, малку Autocad и за некои мали програмчиња. Игри дефинитивно нема да играм, може само гледање филмови повремено.
Сакам да земам нешто од стандардниве конфигурации на лаптопи што се нудат кај нас со i3 или i5 процесор, 4GB Ram ...
Пошто сум лаик во оваа област сакам да ве прашам дали за овие мои потреби доволна е оваа графичка Integrated Intel® GMA HD, или да земам некоја од останативе што се нудат, на пр.: ATI Radeon HD5470 512MB DDR3, nVidia GeForce GT310M 1GB, ATI Radeon HD 6370 / 1GB DDR3 ...бидејќи тие конфигурации се малку поскапи и што ќе добијам повеќе со нив?
Дали лаптоп со графичка Integrated Intel® GMA HD би трошел помалку енергија во однос на другите конфигурации и дали тоа значи дека батеријата би траела подолго?
Бидејќи лаптопот ќе го шетам нонстоп дали имате да препорачате некој поиздржлив модел за таква намена?
 
Некое мислење ?
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
Некое мислење ?
Бидејќи ќе употребуваш CAD апликација убаво би било да земеш 17 инчен, ама ако го шеташ тогаш малку е потежок. Имаш убав Сони во купилаптоп ама е скапичок. Инаку Geforce 310, ATI 6370 се никса класа на графички, нека не те залажува брендот. Сепак со посебна графичка дефинитивно добиваш перформанси. Се зависи од тоа со колкав буџет распоалагаш.
 
dummy

AaaaaaAaaaaaA
Член од
16 јуни 2009
Мислења
43
Поени од реакции
8
Кој би го препорачале? се двоумам...
Dell NB Inspirion N5010, Intel i3-370M (2.4GHz), 15.6in (1366x768)WLED, 4096MB 1333MHz DDR3, 320GB 5400rpm HDD, DVD+/-RW, Intel GMA HD, Wireless, Bluetooth, Webcam, Ubuntu, 6-cell, Mars Black, 3Y

Количина Нема
Гаранција : 1050 дена
Цена (со ДДВ) : 33.713ден. / 518,11€
или
HP WT125EA ProBook 4520s - Intel® Core™ i3 370M (2.40 GHz / 3MB Cache), ATI Mobility Radeon™ HD 4330 512 MB dedicated video memory (1024 MB HyperMemory) VGA, 3072MB-1066MHz DDR3 RAM, 320GB 5400rpm HDD, DVD-RW Light Scribe FX ODD, 56k Modem, GB Lan, W-Lan 802.11bgn, Bluetooth 2.0+, 2MP

Количина Нема
Гаранција : 365 дена
Цена (со ДДВ) : 33.993ден. / 522,40€
 
dummy

AaaaaaAaaaaaA
Член од
16 јуни 2009
Мислења
43
Поени од реакции
8
ок, не верувај во се што пишува на нет, ќе се најде ако не од таму од друго место.. Повеќе мислев на некој конструктивен совет :uvo:
 
dummy

AaaaaaAaaaaaA
Член од
16 јуни 2009
Мислења
43
Поени од реакции
8
И уште нешто... Се изначитав на темава и гледам дека повеќето го фалат ASUS, го критикуваат HP ... Па од луѓево што работат со лаптопи и компјутери воопшто, нека кажат што според нив е најдобро да купиш кај нас?
 
Lajce

Не за сркање
Член од
19 април 2006
Мислења
997
Поени од реакции
116
Другарче оди до СЕТ имаш некоја акција па на лице место ќе одбереш нешто. Оди исто така до купилаптоп и таму разгледај па и ке ти помогнат да процениш што најоптимално ти треба. Што и да одбереш ќе е добро, а за тоа фалење жалење ќе најдеш се и сешто по интернетов некој се жали од некој бренд а друг го фали и.т.н.
 
Член од
25 ноември 2007
Мислења
464
Поени од реакции
19
Ај препорачајте добар netbook до 500 долари
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
И уште нешто... Се изначитав на темава и гледам дека повеќето го фалат ASUS, го критикуваат HP ... Па од луѓево што работат со лаптопи и компјутери воопшто, нека кажат што според нив е најдобро да купиш кај нас?
Па јас имам ХП а чекам да ми стигне АСУС, гледај конфигурација за мене сите брендови се ОК, освен Еепл кој се класа над сите.

Ај препорачајте добар netbook до 500 долари
Каде ќе го купуваш, тука, во САД?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom