Помалку познати видови на животни

Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Некои од најинтересните и најретки видови на желки.

Mary River turtle - желка чијшто оклоп е често обраснат со зелена мов, чија намена не е докрај разјаснета, инаку имала жлезди во форма на жабри кај клоаката, преку кои дишела.

Прегледај го приврзокот 241593

Mata mata - овој вид кој населува истечни води и мочуришта, се храни по принцип на вшмукување (вакуум со низок притисок) на пленот, исфрлајќи ја нанапред главата и ширум отворајќи ја устата, а пленот го проголтува цел, бидејќи неговата вилица не е конструирана за џвакање.

Прегледај го приврзокот 241598

Yangtze giant softshell turtle - најзагрозениот вид на листава, во светов постојат само уште четири примероци, како резултат на нивното ловење и губењето на нивниот природен хабитат. Инаку, Кинезите на оклопот му припишуваат чудотворни медицински својства.

Прегледај го приврзокот 241597

Smooth softshell turtle - ендемска е за Северна Америка.

Прегледај го приврзокот 241595

Galapagos tortoise - со животен век кој во дивината може да достигне и до 100 години, а еден примерок во Австралиската зоолошка градина доживеал 170 години. Тежината на најтешкиот регистриран примерок изнесувала над 400 килограми, а должината 1,87 метри. Овој вид кој е ендемичен за Галапагос е најтешкиот меѓу желките.

Прегледај го приврзокот 241596

Cycloderma (aubryi) - ендемски вид, својствен за Централна Африка.

Прегледај го приврзокот 241599

Spiny turtle - вид кој населува потоци и води во прашуми.

Прегледај го приврзокот 241605

Alligator snapping turtle - ги населуваат водите на Југоисточна Америка, строго се карниворни, знаат да бидат и мршојади, во внатрешноста на устата имаат мамка во форма на црв, со која го привлекуваат пленот, кој откако ќе влезе во устата, го заробуваат со јако и брзо затварање на вилицата. Се претпоставува дека можат да доживеат животен век и до 200 години, а најтешкиот примерок е уловен во Канзас и тежел 183 килограми.

Прегледај го приврзокот 241606

Radiated tortoise - специфични за Мадагаскар, со животен век кој надминувал и над 180 години.

Прегледај го приврзокот 241604

Black pond turtle - ендемски вид кој се среќава во Јужна Азија.

Прегледај го приврзокот 241603
Ова Мата Мата го имаше во аквариумот во Будимпешта. Ставено беше во 500л аквариум и ни мрда ни трепка. :pos:
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Ова Мата Мата го имаше во аквариумот во Будимпешта. Ставено беше во 500л аквариум и ни мрда ни трепка. :pos:
Не знам тоа, јас имав говедо од женка Red-eared slider, лом ни го правеше акватерариумот од скоро 100 литри капацитет, ждереше ко свинче и какаше ко лудо. А многу малецко ни го донесоа на подарок. :)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.253
Поени од реакции
37.020
Аye-aye

strange-animals-you-didnt-know-1.jpg strange-animals-you-didnt-know-1-2.jpg

... глодарот Ај-ај (Daubentonia madagascariensis) единствениот член на родот Daubentoniidae може да се најде во Мадагаскар, прогласен за загрозен вид , во Мадагаскар, локалниот јазик е малгашки, па ај-ајот го викаат hay -hay значи сено...

Bush Viper

strange-animals-you-didnt-know-2-9.jpg

... грабливецот и месојад, Буш Випер живее во дрвјата на тропските шуми на Африка и лови навечер....
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Аye-aye

Прегледај го приврзокот 241794 Прегледај го приврзокот 241795


... глодарот Ај-ај (Daubentonia madagascariensis) единствениот член на родот Daubentoniidae може да се најде во Мадагаскар, прогласен за загрозен вид , во Мадагаскар, локалниот јазик е малгашки, па ај-ајот го викаат hay -hay значи сено...

Bush Viper

Прегледај го приврзокот 241797


... грабливецот и месојад, Буш Випер живее во дрвјата на тропските шуми на Африка и лови навечер....
Ај-ај не е глодар, туку примат, поточно лемур, кој со долгите прсти потчукнува по дрвјата и така го лоцира звукот на бубачките кои ги лови и ги вади оттаму со ноктињата.

Фала ти на придонесот, Бијонс! (y)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.253
Поени од реакции
37.020
Ај-ај не е глодар, туку примат, поточно лемур, кој со долгите прсти потчукнува по дрвјата и така го лоцира звукот на бубачките кои ги лови и ги вади оттаму со ноктињата.Фала ти на придонесот, Бијонс! (y)
ice_screenshot_20200330-203924.png
ice_screenshot_20200330-204153.png

... според фамилијата не спаѓа во Lemuriformes (lemurs) поточно лемур, така да „може да се нарече“ не значи дека „е“ за разлика од „дека е глодар“ како животно нели ? :toe:
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Прегледај го приврзокот 241806
Прегледај го приврзокот 241807

... според фамилијата не спаѓа во Lemuriformes (lemurs) поточно лемур, така да „може да се нарече“ не значи дека „е“ за разлика од „дека е глодар“ како животно нели ? :toe:
Од Википедија, глодар сигурно не е, сепак.

The aye-aye (Daubentonia madagascariensis) is a long-fingered lemur, a strepsirrhine primate native to Madagascar with rodent-like teeth that perpetually grow and a special thin middle finger. It is the world's largest nocturnal primate.

Rodent-like teeth имал, но не е rodent т.е. глодар. ;)
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Поретки видови змии.

Reticulated python - мрежест питон, најдолгиот констриктор и вид на змија во Јужна и Југоисточна Азија, чија должина изнесувала меѓу 1,5 и 6,5 метри, а тежината од 1 до 75 килограми.

reticulated-python-attacking.jpg

King cobra - кралската кобра е најдолгата змија отровница во светот, најдолгиот уловен примерок изнесувал близу 6 метри. Продуцирала доволно невротоксин да убие слон со еден загриз. Карактреристична е за Индија и Југоисточна Азија.

king cobra.jpg

Elephant trunk snake - или јаванска змија, наречена така по текстурата на кожата, која асоцира на слонова сурла, е воден неотровен вид.

elephant-trunk-snake_1.jpg

Rainbow boa - името го добила по иридесцентниот сјај на крлушките, оваа змија живее во Централна и Јужна Америка.

EpicratesCenchriaCenchria1.jpg

Gaboon viper - ѕвечарка која се среќава во прашумите и саваните на супсахарска Африка, змија која поседува многу потентен отров, специфична по двете рокчиња и живиот колорит.

gaboon viper.jpg

Bitis nasicornis (rhinoceros viper) - ги населува шумите на Западна и Централна Африка, карактеристична е по назалните рокчиња и живите бои, инаку отровен вид на змија.

rhinocerous viper.jpg

Bothriechis schlegelii (eyelash viper) - многу отровна ѕвечарка, својствена по истакнатите крлушки над очите и широкиот вариетет на бои. Во продолжение неколку бои од овој вид.

eyelash viper.jpg

Розев вариетет.

pink.jpg

Бел вариетет.

white.jpg

Trimeresurus insularis (white-lipped island pit viper) - отровница која се среќава во Индонезија и Источен Тимор.

white-lipped island pit viper.jpg

Rhabdophis tigrinus (tiger keelback snake) - отровница од Азија.

tiger keelback snake.jpg

Ahaetulla nasuta (long nosed whip snake) - змија која се движи по дрвјата, каде го лови својот плен, која со бојата се камуфлира со цел да се претопи со лисјата, инаку живоротка.

Long_nosed_whip_snake.jpg

Imantodes cenchoa (blunthead tree snake) - својствена за Мексико, Централна и Јужна Америка.

Blunthead-Tree-Snake-Images.jpg

Langaha madagascariensis (Malagasy leaf-nosed snake)

Langaha-madagascariensis-5.jpg


Chrysopelea ornata (golden tree snake)

golden tree snake.jpg

Atheris (African bush viper)

african bush viper.jpg

Yellow-lipped sea krait - ги населува морските длабочини на Индскиот Океан и Пацификот, отровница чие тело потсетува на јагула, со врв во форма на перка кој ѝ помага полесно да навигира низ водата. Повремено излегува на површината и така дише.

Sea Snake 3.jpg
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.253
Поени од реакции
37.020
„Panda Ant“- wasps „Панда мравка“- оса!

strange-animals-you-didnt-know-2-11.jpg

... фамилијата Mutillidae има 7000 видови оси, чии женки без крилја наликувале на големи, влакнести мравки, пронајдени биле во Чиле со карактеристечен болен убод, па оттука и името „ убиец на крави“, а поради црно белата боја на некои видови познати биле како „панда мравка“.
Од Википедија, глодар сигурно не е, сепак.
The aye-aye (Daubentonia madagascariensis) is a long-fingered lemur, a strepsirrhine primate native to Madagascar with rodent-like teeth that perpetually grow and a special thin middle finger. It is the world's largest nocturnal primate.
Rodent-like teeth имал, но не е rodent т.е. глодар. ;)
1585659659292.png

...aye-aye (Daubentonia madagascariensis) е самостоен вид, во фамилијата Daubentoniaе како што гледаш од табелата, а подоле се лемурите!
...како редок животински вид пронајден уште пред многу години како глодар, за да после истражувачите во текот на негова еволуција во две групи и тоа првата група на верверица во која група спааѓаат повеќе од 200 врсти на глодари, и втора биолошка група на примати каде спаѓаат и лемурите.
... наодите на научен тим од биолози укажувале на двата предни заби како кај верверица за пукање на ореви, а кај аје-аје за гризење во кора од дрвја довело до аје-аје да се развиваат постојано растечките инцизори карактеристични за глодарите, но и черепот и вилица слична на верверица.
...и другиот дел каде го уврстува ајето во примати која преставува друга голема група за разлика од глодарите каде спаѓа лемур, мајмуните...па и човекот!
...но секој си има свој вид и фамилија во биологијата (флора, фауна) и колку барав да ја видам фамилијата на аје-аје во лемур фамилија, не ја најдов туку само како посебен единствен вид прикажан во горна табела, на единствена фамилија !
... така да колку ти држи твоето дека насекаде е назначено како лемур, па и во Википедија што со право го кажуваш, толку држи и моето според назначената табела каде укажувам дека е тоа посебна група на една фамилија Daubentoniaе што не е фамилија на лемур, но го спомуваат како таков ...
ова во контекс на твоето, пишува во Википедија и ....толку!
 
Последно уредено:

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
„Panda Ant“- wasps „Панда мравка“- оса!

Прегледај го приврзокот 242026

... фамилијата Mutillidae има 7000 видови оси, чии женки без крилја наликувале на големи, влакнести мравки, пронајдени биле во Чиле со карактеристечен болен убод, па оттука и името „ убиец на крави“, а поради црно белата боја на некои видови познати биле како „панда мравка“.
Прегледај го приврзокот 242016

...aye-aye (Daubentonia madagascariensis) е самостоен вид, во фамилијата Daubentoniaе како што гледаш од табелата, а подоле се лемурите!
...како редок животински вид пронајден уште пред многу години како глодар, за да после истражувачите во текот на негова еволуција во две групи и тоа првата група на верверица во која група спааѓаат повеќе од 200 врсти на глодари, и втора биолошка група на примати каде спаѓаат и лемурите.
... наодите на научен тим од биолози укажувале на двата предни заби како кај верверица за пукање на ореви, а кај аје-аје за гризење во кора од дрвја довело до аје-аје да се развиваат постојано растечките инцизори карактеристични за глодарите, но и черепот и вилица слична на верверица.
...и другиот дел каде го уврстува ајето во примати која преставува друга голема група за разлика од глодарите каде спаѓа лемур, мајмуните...па и човекот!
...но секој си има свој вид и фамилија во биологијата (флора, фауна) и колку барав да ја видам фамилијата на аје-аје во лемур фамилија, не ја најдов туку само како посебен единствен вид прикажан во горна табела, на единствена фамилија !
... така да колку ти држи твоето дека насекаде е назначено како лемур, па и во Википедија што со право го кажуваш, толку држи и моето според назначената табела каде укажувам дека е тоа посебна група на една фамилија Daubentoniaе што не е фамилија на лемур, но го спомуваат како таков ...
ова во контекс на твоето, пишува во Википедија и ....толку!
Бијонс, еднаш за промена пристапи конструктивно и некавгаџиски, кога веќе немаш реални аргументи или целта ти е да ги дискредитираш и затвориш моите теми? Затоа што, натаму ми оди работава. Ете, супер помалку познат вид си нашла, сосем непотребен ти беше спојлеров. Во прилог видео од Nаtional geographic, ако јас и Википедија лажеме, тие не лажат. И со тоа ја прекинувам сета понатамошна дискусија со тебе и продолжувам со објави на помалку познати видови на животни.

"This is the Aye-aye, a kind of lemur, found only on the island of Madagascar..."

Глодарите немаат апсолутно никаква врска со лемурите и приматите, нешто си ги побркала лончињата!

 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Помалку познати видови на пајаци.

Spiny orb-weaver - овој вид пајаци се карактеризира по половиот диморфизам т.е. кај нив женките се оние со жив колорит, боцки и се неколку пати поголеми од мажјаците. Се среќаваат во неколку различни бои, кои се прикажани во продолжеток.

3.jpg

Yellow Spiny Orb-Weaver Spider.jpg

Spiny_backed_orbweaver_spider.jpg


Platythomisus - карактеристични по шесте црни точки на грбната регија, една кај кефалотораксот и уште шест на пределот на главата, овој јарко обоен вид спаѓа во т.н. „краба-пајаци“.

eightspotted.jpg

Paraplectana tsushimensis - нарекуван и „пајак-бубамара“ поради неговата грбна шара.

ladybird.jpg


Theridion grallator - популарно наречен и „пајакот-смешко“, што произлегува од шарата која ја има на грбот.

smiley faced spider.jpg

Bagheera kiplingi - вид кој е специфичен исто така по половиот диморфизам, инаку, именуван е според црниот пантер Багира од „Книга за џунглата“ и нејзиниот автор.

Bagheera.jpg

Cyclocosmia - овој вид е од т.н. „пајаци кои поставуваат стапици“ и се специфични по кружниот и зарамнет завршеток на абдоменот, со кој ја запечатуваат стапицата во која се повлекуваат при некаква потенцијална опасност.

Cyclocosmia-hourglass-spider.jpg

Liphistiidae - како и претходниот и овој пајак се вкопува во стапици/тунели кои ги затвара со „врата“.

malaysian trapdoor spider.jpg

Diving bell spider - е единствениот вид на пајаци кој живее речиси цело време под вода каде и се одмара, го лови својот плен и се размножува, конструирајќи подводен меур од свилени нишки во кој има заробен кислород.

diving_bell_spider_spd1017_e640w1.jpg

Arachnura higginsi - или „пајакот-скорпија“, се одликува по боцката со која му завршува абдоменот, која асоцира на скорпија, инаку неопасен вид по човекот.

scorpion_tailed_spider.jpg

Heteropoda - лишај зелен вид кој е претставник на фамилијата пајаци со различна должина на нозе т.н. и „пајаци-ловци“.

Heteropoda.jpg

Cobalt blue tarantula - вид именуван според кобалтно-сината боја на нивното тело и кај нив е својствена разликата на големината меѓу машките и женските примероци, имено вториве се поголеми и подолговечни.


cobalt  blue.jpg

Thwaitesia argentiopunctata - својствени по шарите на нивното тело кои ја рефлектираат светлината, чијашто големина варира во зависност од тоа дали се чувствуваат дека се во опасност.

mirror.jpg

Maratus volans - вид на пајаците-скокачи, кај кој при ритуалот на додворување мажјаците го поткреваат и шират колоритниот грб, така потсетувајќи на машките пауни. Доколку женката не е заинтересирана, се случува и да го изеде упорниот мажјак т.н. „сексуален канибализам“.

peacock spider.jpg

Во продолжение кусо видео за последниот вид.

 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Ларвата на видот на молец наречен Hemeroplanes triptolemus, користи мимикрија со која имитира изглед на змија отровница, со цел да се одбрани од потенцијалните предатори птици и други гасеници.

01612089.jpg

article-2254257-16AC21A8000005DC-419_634x441.jpg

Papilio troilus

28748862003_397a35a762_b.jpg


Attacus atlas - е вид на голем молец, чиишто врвови на крилјата исто така асоцираат на отровна кобра.

0eee2aa65247c573e70d79e3f5751840.jpg

Друг пример на мимикрија преку имитирање на изглед на друг животински вид е Owl butterfly, уште една пеперуга која на долниот пар крилја има шари во вид на очи на був, на тој начин заплашувајќи ги потенцијалните напаѓачи.

5d621a645f47c2e961e3e650e722d85e.jpg


Automeris io е вид на молец кој со впечатливите шари на крилјата одвлекува внимание од своите витални делови на телото, така заплашувајќи ги предаторите.

Automeris_ioPCCA20040704-2975AB1.jpg

Aglais io или пеперутката паун е една од најубавите пеперуги на светот, со дури четири шари кои потсетуваат на очи.

7822792836_1c7078134c_b.jpg

Видео за првиот вид.

 
Последно уредено:

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Мимикрија т.е. претопување со својот изглед во околината користи и пеперугата од видот Kallima inachus, чии крилја гледани одоздола наликуваат на исушени лисја.

Orange_Oakleaf_(Kallima_inachus).jpg

Истиот вид пеперуга но со отворени крилја.

1280px-Orange_oak_leaf_in_Pakke_Tiger_Reserve.JPG


Protogoniomorpha parhassus

9b10bd25ed264fa3f86d597fd07d3eb8.jpg

Phalera bucephala - вид на молец кој со склопени крилја наликува на скршено гранче од дрво.

480f5522a98980ecb91109f5fb65f81a.jpg

Видови на пеперуги и молци чии шари наликуваат на они на зебрите, леопардите и тигрите.

Pseudatteria splendens

Pseudatteria-splendens.jpg

Pseudatteria leopardina

Pseudatteria leopardina.jpg

Dryadula phaetusa

Banded Orange Heliconian.jpg

Некои други впечатливи видови пеперуги и молци:

Chorinea sylphina

17011734960_50859335dc_b.jpg

Greta oto - пеперуга со транспарентни крилја.

glasswing .png

Papilio palinurus - вид молец кој се нарекувал и „Emerald swallowtail“, а чијашто боја се менувала доколку се набљудувал од различни агли, имено, микрочестичките на неговите крилја даваат илузија на зелена, сина и жолта боја, во зависност како на нив паѓа светлината.

Emerald Swallowtail1.jpg

Hamadryas (butterfly) - вид на пеперуга специфичен за Северна и Јужна Америка.

795d3cbf9ffa27a4bae4fef7fe0a06f2.jpg

Queen Alexandra's birdwing - најголемиот вид меѓу пеперугите, со просечен распон на крилјата кај женките од 25 сантиметри, ги населувал шумите во Папуа Нова Гвинеја.

Queen Alexandra's Birdwing.jpg


Ornithoptera tithonus - вид пеперуги кај кој мажјаците имаат јарки флуоресцентно жолти и црни шари и се значително помали од кафено обоените женки.

Ornithoptera tithonus.jpg

Diaethria anna или пеперугата од видот Anna's eighty-eight, чиишто кријла одоздола имаат шара која наликува на бројот „88“.

Diaethria anna1.jpg

Pachliopta hector т.н. гримизно розева пеперуга.

crimson rose butterfly.jpg

Euphaedra xypete - вид на пеперуга својствен за Африка со приказ на неговата горна и долна страна.

Euphaedra_(Xypetana)_xypete_MHNT.jpg


Dryocampa rubicunda или розов јаворов молец е најмалиот меѓу свилените молци, специфичен по јаркиот розево-жолт колорит и антените на главата, ја населува Северна Америка.

unnamed.jpg

Chrysiridia rhipheus или Madagascan sunset moth е вид на молец со црна основна боја на крилјата и иридесцентно зелени, сини и портокалови шари, со повеќе завршетоци во форма на опашки на долниот пар крилја, инаку бил активен преку ден за разлика од повеќето видови на молци.

tumblr_78d46080d402ca3f33d165c7b2f1178d_7ae38b7d_640.jpg
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.253
Поени од реакции
37.020
Какапо

Animales-raros-del-mundo-Kakapo.jpg

(името даден од маори, значело ноќен папагал) единствениот папагал што не може да лета, ендемичен вид на Нов Зеланд, какапо еволуирал губејќи ја својата способност да лета, бидејќи немал предатори на земја освен џиновскиот орел, какапо ретко се размножувал, но живеел многу долго повеќе од 100 години, неговата песна била многу чудна слично на крекање на жаба.
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Бијонс со постов убаво нè потсети на птиците кои не можат да летаат, членката Дарлинг имаше пишано уште на почетокот на темава за казуарите, а еден од членовите убаво и детално ја обработи птицата киви, па во прилог на тоа да истретираме и некои други нивни видови.

Ему ни е на сите нам добро позната нелетачка (и тркачка птица), најголемата таква од Австралија, инаку втората најголема по нојот, висока до 190 сантиметри и тешка до 60 килограми, претрчува големи дистанци достигнувајќи и до 50 километри на час, а она што е специфично за неа е и тоа што таа се гласи со многу карактеристичен придушен звук кој потсетува на тапанче. Еден примерок на ему имаше порано во скопската зоолошка градина, во австралискиот оддел.

Emu.jpg

Такахе птицата е вид својствен за Нов Зеланд, висока е околу шеесет сантиметри, а тешка нешто помалку од три килограми, се одликува со иридесцентно сини и зелени пердуви, клунот и нозете ѝ се јарко црвени, женките се малку помали од мажјаците и тие како и емуата имале специфично гласење кое потсетувало на свиркање.

Takahe-32.jpg

Пукекото е физички многу слично со такахето, иако нешто поситно и со полесна телесна конституција, живее во Источна Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Австралија и Нов Зеланд, присутно е и во маорската култура и митологија. Кога е во опасност прибегнува кон трчање, наместо кон летање, може многу невешто и да прелетува кратки дистанци и тромаво се приземјува.

15d2b17ed9f62e0b72a139ff7e80eefd.jpg

Реа е птица која живее во Јужна Америка, која е во подалечно сродство со нојот и емуто. Таа е голема нелетачка птица со сиво-кафени пердуви, долг врат и нозе, слични на оние на нојот. Висока е околу 170 сантиметри, а тешка околу 40 килограми, крилјата ѝ се со прилично голем распон од 250 сантиметри како за тркачка птица и ѝ служат како едра при трчањето.

rhea-bird-853630_960_720.jpg

Тинаму е вид нелетачка птица карактеристичен за Централна и Јужна Америка и Мексико. Таа се одликува со компактна и јадра конституција на телото, тенок врат, мала глава и краток рамен клун, женките се поголеми од мажјаците, имаат пневматичен скелет и кобилична коска, пердувите и кај обата пола се со слична боја, со тоа што кај женките се нешто посветли.

6fe13f80ade7e5f5d50ad21c5c55058e.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom