Помалку познати Македонски војводи - но не и помалку важни за Македонското дело

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
НЕЗНАЈНИТЕ КИЧЕВСКИ ВОЈВОДИ

ПЕШО РАДЕВ-ПАШАТА

Човек сум што ја љуби и почитува историјата и вистината, без разлика дали има убаво лице или не. Веројатно таа љубов уште како мал ми ја всади мојот дедо. Кога бев на село како мал, знаевме да се занесеме и по неколку часови раскажувајќи ми ги легендите за минатото на родениот крај за кој дедо ми е силно приврзан. Дедоми имаше бистра мисла и сеќавања. Кога се одлучив да пишувам за споменатиот војвода, а во иднина ќе проолжам да пишувам и за останатите.

Македонската историја е една од најискривуваните. Бидејќи отсекогаш ја сакав историјата, со љубов и внимание ја изучив во основно и средно. Покрај тоа прочитав уште прилично поголем број книги кои се поврзани со оние настани и личности кои имав интерес подетално да ги запознаам. Но ништо не е како излегувањето на терен и соочувањето со оние на кои тие настани им се најблиски и од нив потекнуваат.

Македонската историја е осакатена и после се само ми доаѓа лутина што од една страна сме сите изманипулирани, а од друга што допрва на наш грб треба да се пренесе правата вистина за Македонија и тоа во време кога сме и ќе бидеме напаѓани од промашените патриоти. А многумина кои имаат отворен ум, допрва ќе бидат затекнати. Оние останатите и натаму ќе си живеат во својот имагинарен свет создаден во кујните на Кумровец каде се е црно-бело и каде добрите однапред се знаат и секогаш ги победуваат лошите. Е, мој народе...

Пешо Радев-Пашата - Настаните како Охридското востание што имаат огромно значење за мојот народ, а тој едвај знае дека се случиле, ме испровоцираа да навлегувам со голем жар во забранетиот дел на македонската историја. И понатаму причините се редат вистина по вистина.
Пашата е кичевски војвода од Рабетин кол (Рабетинска река). Прекарот „Паша“ го добил токму од турските војници кои во село Русјаци го виделе облечен во црвена гардејска униформа со долга сабја опашана на половината. Бил страв и трепет за нив. Омилен кај народот како нивен заштитник. Имал голема љубов од село Ореовец, која од преголема љубов кон него тргнала во планина да ги бара комитите и да им се придружи. Ова е по кажувањето на дедо ми, кој слушнал за тоа од неговата мајка, мојата прабаба, која била ортодоксен патриот и заради тоа си имала проблеми со српските режимски власти. Во истото село Ореовец и најголем дел од времето престојувал. Во својата чета како голема поткрепа како секретар го имал Симеон Денков, млад и симпатичен револуционер. Бил близок пријател и соработник со Ѓорѓи Сугарев.

Пешо Паша ја имал таа судбина, покрај со Турците, да се бори и против српската пропаганда и српските чети во Македонија, со јадро во блиското Поречие. Често пати четите на кичевските војводи се судирале со србоманите и бугарофилите во овие краишта кои биле малубројни. Но за жал, како што пишува Милан Матов за неговата обиколка и обновата на ВМРО после пропаѓањето на Илинденското востание, „При посетата на Рабетин Кол, го затекнав целосно во српски раце.“ Војводата Матов (исто така „забранет“), посочува дека единствено Пешо Радев Пашата бил единствената сила на ВМРО во овие краишта која можела да се спротистави на турските и српските сили и да ги заштити интересите на македонскиот народ. Планот за неговото убиство го крои Глигор Љаме, србоман од Поречието и водач на српска чета. Праќа двајца четници (*овој збор во оваа смисла не треба да се поистоветува со значењето на зборот четник од втората светска војна, туку како човек од чета-четник) кои наводно пребегуваат од србоманска чета и сакаат да се приклонат кон радевата. Една ноќ, 1906 година, во село Русјаци додека сите спиеле, еден од нив, Блаже од Патеец, го убива Пешо Радев Пашата, по што се враќа во четата на Глигора...

Прикажан во историјата како бугарски војвода (што е лага) и најмногу како противник и трн во око на српската и бугарската пропаганда во овие краеви, тој е отпишан и осуден на заборав.

Погорниот текст нека биде само провокација и увод во една многу подетално истражување за животот и делото на овој наш македонски револуционер. Изворите за него на интернет се оскудни. Повеќето кичевчани не ни знаат дека постоел. Како што не се ни знае историјата после Илинден 1903. Сеќавањата за него ги чуваат постарите кои живеат во тој крај и со должна почит зборуваат за јунакот кој потекнува од овие места. Ист е случајот со многу други кичевчани „забранети“ од познатите причини, како што се војводите Наќе Јанев - Лавчанчето од село Лавчани, Дуко Тасев од село Јудово, Лазор Груески од село Белица, Ванчо Србаков од село Вранештица, Иван Алабакот, потоа владиката Козма од манастирот Св. Пречиста, преродбеникот Јоаким Крчовски...

Досега и не е утврден бројот на овие големи луѓе и заштитници на својот народ во тие тешки времиња кои неправедно се оцрнети, осудени и отпишани дека некогаш постоеле. Огромен придонес кон исправување на оваа неправда има дадено Боге Петрески од Кичево кој е автор на неколку книги токму за овие воводи, во кои се обработува нивниот живот и свето дело. Должност е на секој кој го сака својот народ да ги извади непристрасно на виделина и да ги смести рамо до рамо со останатите великани на Македонија. Со чисто срце и доволно храброст да се соочи со нашето славно минато и сите препреки кои стојат вистината да излезе на видело. Oвој пост е почеток од неколку поста преку кои ќе ги презентирам македонските војводи на ВМРО од кичевскиот крај.

Се додека не се соочиме со својата историја ќе бидеме кочени во иднината.
 

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
ИСТОРИЈА НА ГРАДОТ КИЧЕВО


...За жал за градот Кичево може да се каже дека неговото историско минато не е баш јасно и познато. Историчарите забележале дека во близина на денешното Кичево постоел град Ускана кој се споменува во врска војувањето на Македонскиот Крал Персеј со Римјаните, во 170-169 година пред нашата ера. Други податоци не се познати, ниту со сигурност може да се каже каде бил и кој го подигнал.

...Градот Кичево за прв пат се споменува во 1018 година во една повелба на Византискиот владател Василиј Втори, како место Кичавис кое во црковен поглед и припаѓало на Охридската Архиепископија и тоа по распаѓањето на Самоиловото Царство. Градот бил населен со племето Брсјаци кое претежно се занимавало со земјоделиеи сточарство.

...Градот Кичево го споменува и Охридскиот Архиепископ Теофилакат во единаесетиот век а меѓу пишаните извори се споменува и Кически Триод пишуван од граматикот Георги.


...Во средниот век споменатите територии потпаѓаат под средновековната Српска Држава, што се потврдува со даровницата на Кралот Милутин кој во 1294 го опсипал со подароци манастирот Свети Ѓорѓија во село Кнежино.

...Кичево и Кичевско потпаѓаат под турска власт кон крајот на четиринаесетиот век. По освојувањето, градот бил претворенвоен и а дминистративен центар. Со се' поголемиот прилив на странски капитал кон крајот на деветнаесетиот век, турската империја пројавила интерес за експлатација на рудните богатства во овој регион, особено за бакарот и манганот, а во градот се започнало со градителски и комунален развој. Во подножјето на Кичевското Кале бил подигнат градски часовник, а во центарот на градот била изградена убава чешма и била донесена вода за пиење.

...Првите никулци на Македонската Револуционерна Организација започнале со револуционерната работа на Ѓаконт Јосиф на манастирот Света Богородица - Пречиста, и на учителите на повеќе Кичевски села.

...По направените обиколки и првите контакти со печалбарите по Кичевските села Пере Тошев заедно со Јосиф во 1878 година ја формираат првата вооружена чета на чело со Дуко Тасев, а во чии редови бил и Јордан Пиперката од с.КОЗИЦА. Тие ќе бидат предводници на познатата Брсјачка буна во 1880 година. Исто така, на 2 Август 1903, започнува востание на чело со Арсо Војвода и Јордан Пиперката, а се држат ослободени територии до 9 Август кога востанието било крваво задушено. Кичево и Кичевско дефинитивно е ослободено од петвековното ропство во 1912 година по завршувањето на првата Балканска Војна. Но дури тогаш страдањата биле уште поголеми особено во Втората балканска Војна кога населението било поделено на две страни па не се знаело на која страна и за чии интереси се гине.


...Во 1919 година со Версајската Конференција овој регион припаѓа на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците кои водат систематска политика на асимилација на населението. Во невероватно тешки услови, овој регион ја дочекува фашистичката окупација 1941 година, каде поголемиот дел од Македонија ја окупираат Бугарските сили, а Кичевско припаѓа по Италијанска окупација.
 
A

anaveno

Гостин
Море Станоја!

Во твојава историја, си го заборавил Птоломеј, синот Лагов, Ацевиот (полу-брат?) генералот...
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
peradedomi bil vojvoda krstin se vikal a rovarel vo dolna prespa ama turcite go otepaa
 
Член од
13 октомври 2007
Мислења
3.175
Поени од реакции
434
Браво Станоја за темава.

Мислам дека не треба да се ограничи темава само на првите два поста , него ајде сите што имаат сознанија за некои бакви помалку познати херои нека ги приложат овде.
 

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
море Станоја..
во твојава историја,си го заборавил Птоломеј,синот Лагов,Ацевиот (полу-брат?) генералот...
Е па добро, јас незнам за него ако знаеш нешто дај напши. Не само празни муабети.

Браво Станоја за темава , мислам дека не треба да се ограничи темава само на првите два поста , него ајде сите што имаат сознанија за некои бакви помалку познати херои нека ги приложат овде . Само да не дојдат комшиине и ја претворат темава во чувашка енциклопедија , како што го направија со X други,
Тоа и ми беше намерата сите што имаат сознанија за вакви херои нека напишат.Бидејќи и тие се бореле за Македонија да стане независна држава.

peradedomi bil vojvoda krstin se vikal a rovarel vo dolna prespa ama turcite go otepaa
Па дај напиши нешто за него. Ако знаеш.
 

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
ПРЕДАВСТВОТО И СМРТТА НА ВЕЛЕ МАРКОВ

Во 1902 година како жртви на предавства паднале големиот Македонски војвода Веле Марков и опеаниот Милан (Миле) Поп Јорданов.
Миле Поп Јорданов бил роден во Велес во 1878 година. Најпрво учел во родниот град, а потоа продолжил во Семинаријата во Цариград. Од таму бил исклучен од страна на Егзархијата заради неговата револуционерна дејност. Во 1900 година станал секретар на А. Паролијата. Бидејќи Паролијата започнал со своите ајдучки манири, тој дошол во судир со четата. За тоа бил информиран Делчев кој му го одзел војводскиот чин на Паролијата. Тогаш четата му била доверена на Милан Поп Јорданов. Пренесувајќи ранет војвода, бил поткажан, откриен и убиен од османска патрола во близина на училиштето "Св. Ѓорѓи". Народот го овековечил во песната "Бог да го прости Миле Поп Јорданов, кој загина - за народот и Македонија".

И Веле Марков (1870-1902), како и Миле Поп Јорданов останал во најпозитивното колективно помнење на народот како уште една жртва на предавство. Со својата чета од десеттина четници се движел низ крушевските, кичевските, прилепските и битолските села, во навистина широк простор во кој населението се надевало и ја барало неговата оружена заштита.

На загинувањето на Веле Марков, претходеле некои настани кои посредно довеле до ликвидирањето на неговата чета. Тие настани се поврзани со уште еден од мноштвото предавници во 1902-та година. Имено Стојан Толев Чаде од с. Ракитница, во 1902 година на османските власти им посочил неколку свои соселани како припадници на револуционерната организација во Крушевско. Како награда за овој чин, Черкезот од Ново Село, Јонуз ага кај кого Стојан работел како момок, го наградува со нива во синорот на с. Ракитница, заедно со ѕевгар волови, а од власта беше награден со 50 турски лири.

На 9/22 јуни четата на Веле Марков влегла во селото Ракитница за да го казни предавникот Стојан Толев Чаде. Тука ќе заврши и животниот пат на војводата Марков. Запоседнати во селото тие го чекале предавникот Чаде, кој доцна вечерта се вратил од Ново Село во Ракитница. Стражарите кои го демнеле неговото враќање, веднаш го известиле војводата кој заедно со селскиот револуционерен комитет донесол одлука казната над него да се изврши утредента, пред сите селани, како што било договорено. Веле Марков му наложил на Гроздан Георгиев Пејкоски, утредента околу шест часот да ги собере средсело сите селани. Гроздан го одбил тоа изговарајќи се со наводната презафатеност во работата на Анкетната комисија. Изненаден и револтиран од ставот на Гроздан Георгиев, Веле Марков им рекол иа другите членови на селскиот комитет еден од нив утредента да го стори тоа. Потоа наредил да се блокира куќата на предавникот, како тој во текот на ноќта не би го напуштил селото.
Меѓутоа, Стојан Толев успеал да избега уште пред да биде блокирана неговата куќа. Точно не може да се утврди дали податоците за четата - нејзиниот состав и распоред тој ги добил од својата сестра Невена Сиркоска, мажена за Цветан Силјанов Сиркоски, брат на началникот на селскиот револуционерен комитет или пак од Гроздан Георгиев кој подоцна во 1904 година бил ликвидиран како предавник. Како и да е, предавникот им ги пренесол податоците на властите, односно стигнал до Јонуз ага во Ново Село кој веднаш го исвестил мудурот во Прибилци, а овој - гарнизонот во Битола.

Четата на 23 јуни 1902г. била нападната и сардисана од 500 османски војници во с. Ракитница. Всушност тоа биле Черкезите од Ново Село, аскерот и башибозукот од Прибилци и касарната во Стара Растовица. Во тешката и нерамна борба, не предавајќи се до крај и бодрејќи ги своите комити со зборовите "Ако нема слобода, има смрт! Но чесна и храбра", паднал убиен војводата Веле Марков. Задоцнетата помош на четата на Јордан Пиперката и на крушевската милиција не можела да ја измени ситуацијата, а последиците што ги почуствувале и месните жители и крушевчани, биле мошне тешки. Низ народот оставил силен впечаток грозоморниот акт на непријателот кој им ги пресекол главите на војводата Веле Марков и на неговите четници Т. Карев и Г. Кошинчето и ги носел за показ да го заплашува разбунтуваното население.

Соочен со предавството и смртта на својот соборец Веле Марков, за жал Јордан Пиперката се соочил со уште едно предавство и овој пат во селото Белица во Кичевско. Таму еден од шпионите ги предал сите работници на Организацијата, дури кој каква пушка и колку фишеци има. Со списокот в рака османскиот аскер дошол во селото Белица. Луѓето биле тепани и малтретирани. Затоа Пиперката отишол во Битола да бара одобрение од окружниот комитет да бидат казнети неколку предавници од селото Белица. Добил одобрение за 5 лица да ги казни со смрт. Заради извршување на екзекуцијата над посочените предавници, Пиперката побарал помош од соседните чети. Дошла четата на Дејан Војводата, на поп Христо (охридската езерска чета), четата на крушевскиот војвода Ѓурчин и четата на Петар Ацев од Прилепско. Овие чети заедно со Јордановата го опколиле селото Белица. Во селото влегле со пет-шест четници само Пиперката, Дејан, Петар Ацев и Ѓурчин. Ги собрале сите селани во една голема куќа. "Петмина селани и четири селанки ги казнивме само со тепање, а четворица мажи ги врзавме за да ги казнивме со смрт, вели Дејан. Ме определија мене со пет други востаници да ја извршиме казната средсело. Ги убивме... Ги стрелавме.Од Белица имаше многу луѓе кои шпионираа". Токму и затоа оваа казна над предавниците била извршена пред очите на сите селани. Меѓу другото, во своите спомени, Христо Узунов наведува листа од 54 лица на предавници и шпиони или други престапници од охридско-струшкиот регион, убиени по наредба на Организацијата.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Одамна отворив ваква тема, ама поради тоа што серверот еднаш го изгуби бекапот, отиде темата...Среќа, имам бекап јас :)

По азбучен редослед во неколку поста:

Александар Ефтимов



Роден е во 1874 година во Битола. По завршувањето на средното образование, во учебната 1895-1896 година бил учител. Нешто подоцна станал раководител на Организацијата во Лерин. Во 1899/900 година станал раководител на Организацијата во Битола. По една година бил избран за член на Битолскиот окружен револуционерен комитет и раководител на ученичката револуционерна организација во градот. Учествувал во многу борби со турскиот аскер, пред, за време и по Илинденското востание. По Првата светска војна живеел во Бугарија. Во меѓусебните фракциски борби бил на страната на т.н. левица.

Александар Кошка





Роден е во влашкото село Гопеш. Учесник во национално-ослободителната борба на македонскиот народ. Завршил романска гимназија во Битола и студирал медицина. Бил еден од најактивните Власи - членови на ВМРО. Како пелистерски војвода тој со својата чета учествувал во Илинденското востание и во борбите по Востанието. Загинал во 1907 година.

Александар Сандо Малинов





Роден е во Ново Село - Штип на 22 декември 1899 година. Бил многу храбар и решителен револуционерен деец. Со својата храброст се прославил и заслужено влегол во алејата на бесмртните со подвигот што го направил на 6 јануари 1904 година. Случајно откриен поради непретпазливост на некоја жена и опкружен од турска војска во штипското маало Ново Село, А.Малинов не се предал, туку храбро ја прифатил борбата, убивајќи 16 турски војници, 1 муљазим и 1 јусбашија. Иако тешко ранет, успеал да се пробие од обртачот. Меѓутоа, како последица на раните набрзо починал. Овој македонски јунак бил погребан ноќе, тајно, од штипските граѓани во дворот на црквата "Св. Арангел".

Александар Турунџев



Роден е во 1872 година во с.Екши Су, Леринско. Во редовите на ТМОРО се вклучил многу млад, најнапред како четник, а потоа како војвода. За време на Илинденското востание со својата чета зел активно учество во борбите кај Леринско. По востанието учествувал во обновувањето на револуционерната мрежа во својот реон и влегол во новиот сотав на Леринското Горско началство. Кон крајот на 1904 година, во селото Ајтос, Леринско, бил предаден од шпионот Митре Гинков. Бил заробен и одведен во битолскиот истражен затвор. Таму бил подложен на големи измачувања и држан цела година. Турскиот суд во Битола го осудил на смрт, а казната била извршена со јавно бесење на битолскиот Ат-Пазар, на 29 август 1905 година.

Александар Чакаров



Роден е во Струга, во 1869 година. По завршувањето на образованието работел како учител. Рано се вклучил во национално-ослободителната борба на македонскиот народ. Бил охридски реонски раководител а за време на Илинденското востание член на Горското раководство на Охридскиот револуционерен реон. Бил и редактор на весникот "Автономија". Умира во Софија во 1909 година.

Анастас (Ташко) Д. Лозанчев



Роден е на 8 април 1870 година во Битола. Отпрвин бил учител, а потоа држел фотографски дуќан во Битола. Во Организацијата бил воведен лично од Даме Груев. Станал претседател на Окружниот комитет на Битолскиот револуционерен округ и во тоа својство учествувал на Солунскиот конгрес на ТМОРО (јануари 1903), а потоа и на Окружниот смилевски конгрес (мај 1903). На Смилевскиот конгрес бил избран за член на Главниот востанички штаб. По задушувањето на востанието побегнал во Бугарија, во Софија, каде останал да живее до крајот на својот живот. Починал на 8 ноември 1945 година во Софија.

Андон Филахтечев Димитров




Роден во 1867 година во с. Ајватово (Солунско). Студирал право на Вишото училиште во Цариград, а потоа и на Универзитетот во Лиеж (Белгија). По завршувањето на студиите извесно време работел како професор по турски јазик во Егзархиската гимназија во Солун, а подоцна како адвокат и судија во Битола и Цариград. Антон Димитров е еден од основачите на МРО односно ТМОРО во 1893 година. По Првата балканска војна, Антон Димитров се населил во Софија (Бугарија), каде заземал високи позиции во Министерството за правосудство (1915/18) и Министерството на надворешните работи (1918/20). Умира на 13 март 1933 година во Софија.

Андреј Казепов



Роден е во 1878 година во Ресен. Откако ја завршил Солунската егзархиска гимназија, учителствувал во Банско и Струмица. Бил назначен за војвода во Кресненскиот реон. На 24 април 1904 година, во еден судар со турската војска, Казепов загинал кај селото Сенокос, Кресненско.

Антон П. Стојанов



Роден е во с.Стојаково, Гевгелиско. По завршувањето на Солунската егзархиска гимназија, извесно време бил учител во Бугарија, каде што станал секретар на Македонскиот комитет. Се префрлил во Македонија и во 1903 година пристапил во четата на Х.Чернопеев. На 6 април 1903 година, четата на Чернопеев водела тешка борба со многуброен турски аскер. Во текот на борбата загинал и Антон Стојанов.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Апостол Петков Терзиев



Кај народот познат како Апостол војвода, - "Ениџевардарско сонце". Роден е во 1869 година во с.Бојмица, Гевгелиско. Уште пред појавата на ТМРО, бил војвода на (комитска)арамиска чета, а со појавата на МРО се приклучил кон неа. Се стекнал со голем авторитет и бил многу сакан од селаните и се сметал за нивни заштитник. Во Илинденското востание бил предводник на голема востаничка чета и со неа водел успешни борби против турската војска. По востанието војува против грчката вооружена пропаганда и негов центар на активност е Ениџевардарското езеро(мочуриште). По Младотурската револуција од 1908 год. се легализира и потоа оди во Бугарија. Во 1910 год. со чета заминува за Македонија. Убиен е од заседа на 2 август 1911 година, во близината на с.Крушари, Ениџевардарско.

Аргир Маринчев



Роден е во 1870 година во Охрид. Како учител во родниот град тој се оддал на револуционерна дејност, поради што бил во лоши односи со егзархискиот владика. За време на Илинденското востание станал војвода на просторот меѓу Битола и Охрид и во борбите против турскиот аскер имал повеќе успеси. На 30 и 31 август, меѓу селата Речица, Куратица и Свиништа, кај месноста Рашанец, каде беа сместени околу 1700 души после опожарувањето на нивните села, со својата чета останал да се бори до последниот момент. Тој и неговите четници го задржувале непријателот се до претпоследните куршуми. Последните ги задржале за себе, извршувајќи саможртва.

Аргир Наков Манасиев



Роден е во 1873 година во с.Сехово, Гевгелиско. Учител, член на реонското раководно тело во Кавадарци и долгогодишен војвода на Гевгелискиот реон. Како реонски војвода учествувал во многу битки против турскиот аскер пред, за време и по Илинденското востание. По Балканските војни Манасиев се населува во Г.Џумаја, каде што станува секретар на Окружната училишна инспекција. Умира на 7 октомври 1932 година во Горна Џумаја.

Арсениј Јовков



Роден е во 1884 година во с.Селце, Дебарско. После матурирањето (1903) во битолската егзархиска гимназија, веднаш им се придружил на востаниците, активно учествувајќи во Илинденското востание. Како политички емигрант во Бугарија, во периодот 1921-1924 година го издавал весникот "Илинден", орган на Илинденската организација во Софија. Во 1924 година е убиен во Горна Џумаја (Благоевград), заедно со други раководители на Илинденската организација.

Атанас Бабата(Атанас Димитров Иванов)



Роден е во с. Синитево, Пазарџиско, во 1875 година. Истакнат деец и војвода од Илинденскиот период. Бил раководител на повеќе револуционерни реони (во 16 реони). Се истакнувал со голема храброст, смиреност и презир кон смртта. Учествувал во преку 30 борби со турскиот аскер. За време на Илинденското востание дејствувал во Кратовско. По востанието својата дејност ја продолжил во Македонија. На 25 јуни 1905 година со 13 другари бил опседнат од турскиот аскер меѓу селата Куклица и Пендек (Кратовско). Се развила нерамна борба која траела полни 11 часа. Согледувајќи ја безизлезната состојба, извикувајќи "Да живее слободна Македонија", извршиле саможртва, уништувајќи го претходно своето оружје и архивата.

Атанас Иванов



Роден е во Прилеп во 1874 година. Повеќе години бил учител во прилепските села, а потоа во Прилеп и Ресен. Многу рано се вклучил во редовите на Организацијата. Бил член и секретар на Првиот револуционерен комитет во Прилеп. Иванов бил организатор на повеќе терористички групи. Бил затворан неколку пати. Во 1902 година се приклучил во четата на П.Ацев, а во 1903 година во четата на Христо Оклев-Попето, каде бил секретар. Тој зел активно учество и во Илинденското востание. Во 1904 година се префрлил во Бугарија, каде што и починал.

Атанас Кршаков - Насо



Роден во с. Косинец, Костурско. Учествувал во револуционерните борби уште пред Илинденското востание. Еден месец пред Востанието бил потешко ранет во една борба со турскиот аскер и поради тоа не можел да земе учество во борбите во текот на самото Востание. По Илинденското востание, како војвода на чета водел повеќе борби против турскиот аскер и грчките андарти. Во една од тие борби, во 1907 година, кај с.Грче, Костурско, загинува и војводата А.Кршаков.

Атанас Нивички



Нивички бил мошне смел борец и многу верен на национално-ослободителното дело на македонскиот народ. Целото негово семејство било вклучено во ослободителната борба. Бил роден во селото Нивичко, Струмичко. Следбеник на идеите на Г.Делчев. Имал здраво расудување, тактичност и беспримерен хероизам. Учествувал во повеќе борби против турскиот аскер во Струмичко и други места.

Атанас Перев Мурџев



Роден е во Прилеп во 1875 година. Ја завршил Солунската егзархиска гимназија. Бил близок другар со Д.Груев, П.Тошев и Ѓ.Петров. Во редовите на Револуционерната организација се вклучил уште во нејзините први години. Бил голем агитатор и организатор на ослободителното движење. Зел учество во вооружената борба, отпрвин како четник, а потоа и како војвода. Учествувал во Илинденското востание. По Балканските војни се повлекол во Бугарија каде останал и да живее.

Атанас Тешовалијата




Роден е во 1866 година во с. Тешово, Неврокопско. Рано станал комита во четата на Дончо војвода. Во 1899 година стапил во редовите на ТМОРО. Во 1901 година бил назначен за војвода на Неврокопскиот реон. По Илинденското востание останал во родниот крај и ја продолжил борбата против турските разбојнички банди, грчките андартски чети и разните народни предавници. На 25 мај 1905 година, при една обиколка на својот реон, кај врвот Али-Ботуш (Пирин Планина), биле опколени од турска потера и во огорчена борба која траела цел ден загинал војводата заедно со повеќе свои четници.
 

Станоја

The Patriot
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.322
Поени од реакции
29
За некои од овие војводи имам слушнато и знам за нивната историја, но сепак ова е добро сите кои знаат за вакви војводи или херои треба тоа да го кажат.

Продолжете вака сите.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Блаже Крстев Биринчето



Роден е во с. Бирино, Крушевско, во 1873 година. Рано се вклучил во редовите на ТМОРО, најнапред како основач, организатор и водач на Организацијата во селото а по убивството на крвникот Расим како четник во четата на војводата Ѓурчин Наумов. Непосредно пред Илинденското востание формирал своја месна чета со четници од неговиот крај обиколувајќи ги селата во Крушевскиот реон. За време на Илинденското востание со својата чета се борел во Крушевскиот реон под главното раководство на П.Гули. По Востанието продолжил да дејствува како околиски војвода во Демирхисарскиот и Крушевскиот реон и така се одржал сe до 1911 година. Загинал на 31 мај 1911 година во борба со турскиот аскер кај селото Журче, Демирхисарско.

Бојан Панајотов



Роден е во Битола во 1883 година. Познат битолски револуционер - терорист. Како четник и терорист, по задача, се справил со повеќе гркомани во градот. Во 1906 година добил задача да го убие србоманот Коста Начов од Ресен. Тој ја извршил задачата сред бел ден. Но, истиот момент бил опколен од Турците. За да не им падне жив во рацете, Бојан извршил самоубиство.

Борис Дрангов



Роден е на 3 март 1872 година во Скопје. Завршил педагошко училиште во родниот град, а потоа и воено училиште во Софија. Ја напуштил офицерската должност и со своја чета од 120 луѓе се вратил во Македонија за да земе учество во Илинденското востание. По востанието заминал во Санк Петербург, каде го продолжил военото образование и завршил воена академија. Како полковник во бугарската армија учествувал во Балканските и Првата светска војна. Загинал на 26 мај 1917 година, како командир на 9-тиот пешадиски полк, во борбите на Македонскиот фронт, кај реката Црна, Битолско.

Борис Сарафов



Роден во с. Либјахово, Неврокопско (сега Гоцеделчевско) на 12 јули 1872 г. Се школувал во Солун, а потоа се префрлил во Софија каде во 1894 година го завршил военото училиште.

Во 1895 г. влегува во Македонија со чети, испратени од Врховниот комитет и го зазел градот Малник, во кој се одржал неколку дена (Мелничко востание).

Во 1899 година Борис Сарафов станал претседател на Врховниот македонски комитет во Софија. На Смилевскиот конгрес бил избран за член на Главниот востанички штаб и ја имал задачата да го состави Востаничкиот дисциплинарен устав. За време на Илинденското востание Сарафов учествувал во повеќе битки во Битолско, Демирхисарско, Леринско, Костурско и други реони. По неуспехот на востанието, извесно време се повлекол во Бугарија, каде што со себе го понел и востаничкото знаме. На 28 ноември 1907 година во Софија, заедно со И.Гарванов, бил убиен од Тодор Паница.

Борис Сугарев



Роден е во Прилеп, во 1878 година. Гимназија учел во родниот град и во Солун, а воено училиште завршил во Софија. Со чин потпоручник, пролетта 1903 година заминал за Македонија, заедно со четата на Софрониј Стојанов. Загинал во една борба со турска потера, на 28 април 1903 година.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
peradedomi bil vojvoda krstin se vikal a rovarel vo dolna prespa ama turcite go otepaa
Haha bravo bravo. ja otvori temata za nego, ako navistina bil vojvoda se vika krsti poznat uste kako krsto resenski, zaedno sorabotuval so apostol, ke stavam nekoi raboti za nego pokasno, inaku podrzuvac na Sarafov
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
228
Ova zapovedive od Makedonska falanga gi kopirase?
Ve zamoluvam da ne postirate bugarski i bugarski nastreni vojvodi!
A sega eve toa sto rekov deka ke stavam za Krste Resenski

Roden e vo Krusje resensko, prvo bil cetnik, a posle go izbrale za vojvoda vo prespanskata okolija
Mislam Trajkov deka se preziva.
Ednas bil tesko ranet ama se izvadil, kako sto znam golem podrzuvac na Mlado Turcite i na Socijalistite, bil covek na Sarafov, opkruzen okolu luge koi ne go sakale sarafov.
Ednas se sretnal i so nijazi beg mislam(ne sum siguren) na razgovori.
Isto bil osuden od Mro poradi nekoj razlog ama ne se nasol hrabar vojvoda da ja izvrsi presudata, bil ne educaran covek ama bil dobar za borba, ednas dur i sam rekol deka ne go sakaat poradi toa sto posle ilinden ne se baralo borbenost nego podmuklost i itrina
 
Член од
8 јануари 2008
Мислења
57
Поени од реакции
1
Тр'не,

Не знам много за другите, ама Дрангов и Сарафов се сметат за баш бугараши !? :toe:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
878
Challenger, воопшто не сакам темава да пројде во ниско препукување кој за што се сметал...А кога веќе го спомна Сарафов:



И нека биде крајно ова. Збориме за војводи и револуционери, членови на Организацијата кои се бореле за слободна и независна Македонија!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom