Митре Панџаров – Влаот, познат како
Митре Влаот (
Влавот) е роден
1873 година во с.
Кономлади (денес
Макрохори,
Грција),
Костурско. По народност
Влав. Во
1901 година влегува во
ТМОРО како обичен четник. Во четата се научил да чита и пишува, а по тоа станал помошник на војводата
Папанчев. Зел учество во
Смилевскиот конгрес, на кој е решено да се крене востание. Во
мај 1903 година четата на
Митре Влаот се судрила со турски аскер кај селото
Руља (денес
Котас).
За време на
Илинденското востание учествува во нападот врз османлискиот гарнизон во селото
Вишени (денес
Висиниа) и во големата битка кај селото
Писодер (денес
Писодерион). По неуспехот на востанието , во
април 1904 година формирал нова чета, којашто бргу се зголемила. Бил прогласен за главен војвода на
Костенаријата, кадешто повеќе пати се судрувал со грчки андартски чети.
а сега покрај све Митре е најзаслужен за смрта на еден од најголемите крвници на македонскиот народ во егејска македонија клетникот Павлос Мелас миленичето на Каравангелис.
ВМОРО разбира дека главата на грчкиот комитет е Павлос Мелас, и дека ако таа се одсече, работите ке се свртат во друга насока. Набргу после масакрот во Загоричани, четата на Митре Влаот успева го направи тоа. Кога Мелас влегува со неговата чета во селото Статица, човек на ВМОРО од тоа село го здогледува и без да го забележат успева да го напушти селото и да отиде во блиската гора кајшто се наоѓала четата на Митре Влаот. Четата го следи секој чекор на Мелас, неколку пати влегуваат во престрелка, но никако да го уништи, затоа што турците секогаш доаѓаат да го спасат Мелас.
Но, овојпат Влаот прави гениален маневар. Му кажува на еден од неговите комити којшто знае грчки да напише писмо на грчки до турскиот гарнизон во Кономлади во коешто е напишано дека Митре Влаот се наоѓа во селото. Кога турскиот јузбашија го добива писмото, веднаш ја дига војската и тргнува кон Статица 9за главата на Влаот има огромна награда, и сите сакаат да го уловат). Турците ја опколуваат Статица, ја наоѓаат куќата во којашто е Павлос Мелас и започнуваат стрелба. Андартите мавтаат со бели знамиња, викаат: "Не сме комитаџии, Грци сме.. Ваши пријатели". Но напразно, Турците се решени да го фатат Влаот, и не престануваат. Тогаш Мелас е погоден во стомакот, и умира бавно 4 часа - со тешка, мачителна и заслучена смрт. Другите андарти успеваат да се предадат. Кога гледаат дека убиле Грк, а не Влаот Турците започнуваат да тажат. Така умира Павлос Мелас, убиец и непријател на Македонскиот Народ.