Најверојатно мојот последен пост во оваа тема.
Димитар Медаров, деец на ВМРО. Роден 1902 г. во село Дулица, Македонска Каменица. Во 1946 г. извршува самоубиство затрчувајќи се со глава во ѕид во кочанскиот затвор.
Харампли Златанов, познат како Шарен Ампо, роден 1898 г. во село Дулица, Македонска Каменица, деец на ВМРО. Во 1925 г. загинува во нерамна борба против Србите во селото Дулица, Македонска Каменица.
Кирил Дрангов, син на Борис Дрангов, роден 1901 г. во Лом, Бугарија. Ha 08.06.1946 сe yловени над 300 члена на ВМРО вo Софија. Качени сe на камион, пратени сe на врвoт на Пирин, и им кажалe: "Хајде сега се лјубувајте на вашата Македонија'', и камионoт е запален. Вo истиoт ден вo боpбa сo
комунистите, загинyва и Кирил Дрангов - рано утринaта комунистите мy гo опкoлyваат домoт, а тоj сo ќерќa му и жена му билe внaтре и бидејќи немал излез и несекаќји да го ризикува нивниoт живот решава да се самоубие.
Кристина Петкова, деец на ВМРО, четник во четата на Јане Сандански. Родена во Битола, други информации немам.
Наум Томалевски, роден 1882 г. во Крушево, деец на ВМРО. Во 1930 г. е убиен во Софија, Бугарија затоа што застанал на страната на протогеровистите, друштво кое што наводно било вмешано во убиството на Тодор Александров.
Илија Кушев, роден 1896 г. во Велес. Во 1922 г. во селото 'Рлевци е убиен заедно со двајца други другари од Турци предавници кои што биле во неговата чета.
Христо Петров - Панзара, деец на ВМРО. Други информации немам.
Христо Петров, роден 1880 г. во село Трап, битолско. Четник е во четата на Иван Димов - Пашата. Други информации немам.
Иван Димов - Пашата, роден 1878 г. во село Тројкрси, прилепско. Во 1907 г. умира во Битола од дифтерија.
Марија Хаџи-Попова, родена 1885 г. во Банско, Пиринска Македонија, деец на ВМРО. Други информации немам.
Цветан Спасов, роден 1889 г. во село Орашац, кумановско. Во 1924 г. во селото Тополовик, кратовско бил тешко ранет и поради тоа се самоубива откако неговата чета е опколена од 2000 српски војници.
Илија Аргиров - Крочвалијата, роден 1856 г. во село Крчово, серско, деец на ВМРО. Во 1918 г. умира во истото село.
Марко Симеонов - Плешка, роден 1866 г. во село Галичник, дебарски војвода на ВМРО. Во 1933 г. умира во Софија, Бугарија.
Александар Хаџи-Панов, роден 1875 г. во Прилеп, битолски војвода на ВМРО. Во 1885 г. запишува електро-инжинерство во Париз, но се разболува и се враќа во Солун каде што во 1900 г. умира.
Лазар Поп-Трајков, роден 1878 г. во село Д'мбени, костурско, деец на ВМРО. Во 1903 г. е убиен од страна на гркоманот Коте Христов, со што му е отсечена главата и пратена на грчкиот владика Германос Каравангелис, кој што ја закачува зад бирото во својот кабинет како украс.
Никола Андреев, познат и како Кољо Мокренски, роден 1879 г. во село Мокрени, леринско. Во 1911 г. е убиен од страна на другар и еден соселанец Турчин поради љубомора.