Помалку познати Македонски војводи - но не и помалку важни за Македонското дело

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Супер момци сте, убаво е вака кога гледам дека можете културно да дискутирате САМО кога тврдите нешто или го изнесувате вашиот став - тоа треба да го подкрепите со извори.
Не за друго, да не влегуваме во заблуди.

Ова важи за двајцата; Ајакс и Тоби.

Благодарам.

П.С. држете се до темата.
 
Член од
30 јуни 2015
Мислења
314
Поени од реакции
286
@LordDragonII Благодарам, се надевам нема да ми ги бришеш коментарите...

Ако треба извори, слободно нека праша.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
@LordDragonII Благодарам, се надевам нема да ми ги бришеш коментарите...

Ако треба извори, слободно нека праша.
Бато, не бришам јас се додека не почнете да се вреѓате или да пропгаирате.
Не сте на научен симпозиум, не се бара нешто професионално од ваша страна но, извори... "не ако треба" - мора. It's a must.

Кој не наведува извори (кои можеме да ги провериме и да дискутираме околу нивната содржина) ќе биде третиран како спамер > (следствено на тоа) ќе бидете бришани А доколку некој продолжи да не ги почитува правилата тогаш - ќе бидам приморан да го санкционирам.

Овој форум на некој начин изумре баш ради оваа причина а таа причина е чистата пропаганда (од спамери) и не културната дискусија.

Додека сте под моја стража - ќе ве научам.

П.С. пак ќе ве замолам да не одите off topic, а ако веќе дискутирате за одредена личност нема да е лошо да ставите обележје на почетокот од вашето мислење/пост.

На пример ; големи букви (име презиме на историската личност) поради прегледност.
Ова не е задолжително туку во случај ако настане дискусија околу повеќе историски личности истовремено.
 
Последно уредено:

spas72

Oficial
Член од
13 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
47
Дељо Динев Марковски


Роден1871
Косинец, Костурско, Егејска Македонија

Починал 31 декември 1939
Софија, Бугарија






Трговец во родното село и во гратчето Биглишта. Член е на ВМОРО од првите почетоци на револуционеризирањето на Костурско од страна на Лазар Поп Трајков. Во предилинденскиот период учествува во процесот за доставување на оружје заедно со Лазар Киселинчев и Васил Чакаларов, и соработува со познатиот Костурски војвода Атанас Кршаков кој исто така е родум од село Косинец. Учесник е во две битки во Илинденското Востание. При крајот на востанието е амнестиран и е еден од оние што останваат во своите реони...

Дельо Динев Марковски
http://www.strumski.com/books/Deljo_Markovski_Spomeni.pdf
 
Член од
30 јуни 2015
Мислења
314
Поени од реакции
286
Jосиф Киров Танаров - Jосето, струмички воjвода на ВМРО, роден вo кукушкото село Врагитурци, загинал во 1929 год. 13332847_1041653455881124_8929220387323109399_n.jpg

Славе Наумов, ресенски војвода на ВМРО, роден во Ресен.
13307279_1040350469344756_6085270874872276534_n.jpg

Секула Христов - Ораовдолски, воjвода на ВМРО, роден 1882 година вo село Ораов дол, загинува во 1912 год.
12985513_1013469105366226_6396246555799556293_n.jpg

Спиро Иванов Олчев, воjвода на ВМРО, роден на 25 декември 1870 година вo село Дрмени, Ресенско.
12806109_985312851515185_1806572093353879917_n.jpg

Милан Христов Ѓoрлуков - Стамболов, прилепски воjвода на ВМРО, роден 1884 година вo Кривогаштани.
12733375_980830405296763_344804636068185235_n.jpg
 
Член од
30 јуни 2015
Мислења
314
Поени од реакции
286
Диме Стојанов - Берберчето, роден 1875 г. во Велес. Во 1910 г. умира од туберкулоза во Рилскиот манастир (Бугарија).
диме стојанов берберчето.jpg

Георги Поп-христов Стојчев, член на ЦК на ВМРО, роден 1876 г. во село Крстоар, Битолско. Умира во 1962 г. во Софија.
Georgi Pop hristov stojcev.jpg

Димитар Толев (прв) роден 1873 г. во Банско, Пиринска Македонија.
Костадин Молеров (втор) познат како Суодолски, роден 1876 г. во Банско, Пиринска Македонија.
димитар тодев и костадин молеров.jpg

Христо Цветков Поповски, роден 1877 г. во село Кономлади, Костурско. Во 1934 г. Ууира во село Ново Кономлади, Бугарија
hristo p. cvetkov konomladi.jpg

СТОЈАТ (од лево кон десно)
Илија Ставрев, роден во село В'мбел, Костурско.
Кано Тодоров, роден во село Брезница, Пиринска Македонија.
Лазар Палчев, роден во село Врбник, Корча (Албанија)
СЕДНАТИ (од лево кон десно)
Наум Марковски, роден во село Косинец, Костурско. Загинува во нерамна борба против турски аскер заедно со четири други другари во 1907 г.
Атанас Пировски, роден во село Косинец, Костурско.
mkd.jpg

Јоско Иванов, кумановски војвода. Други информации немам.
sad.PNG

Иван Попов, роден 1871 г. во село Лјаски, неврокопско (денес благоевградско, Пиринска Македонија), костурски војвода. Пронајден е мртов во 1921 г.
sa.PNG

Петар Костов, роден 1889 г. во Прилеп, војвода на ВМРО. Умира во 1925 г. во борба против Србите во Горна Драчевица, тиквешко.
petar kostov 1889.jpg

Стојан Леков - Царо, роден 1879 г. во село Горно Кратово, кратовско. Во 1925 г. извршува самоубиство заедно со неговата цела чета, откако се опколени од српски четници, во село Куново, кратовско.
stojan lekov 1879 gorno kratovo.jpg

Лазар Трпов Киселинчев, роден 1874 во село Косинец, костурско. Умира во Софија во 1946 г.
lazar trpov kiselincev 1874 kosinec.jpg

Пандо Сидов, роден 1878 г. во село Жупаништа, костурско. Умира во 1942 г. во Крџали, Бугарија.
pando sidov zupanista 1878.jpg


Христо Димкаров, роден 1883 г. во Прилеп. Во 1920 г. умира во Софија од менингит.
hristo dimev dimkarov prilep 1883.jpg

Михаил Наутлиев, роден во Штип, деец на ВМРО. Загинува во борба со српска чета во 1924 г. во село Калиманци, виничко.
mihil nautliev.jpg
 
Член од
17 декември 2012
Мислења
261
Поени од реакции
172
Јоско Иванов, кумановски војвода. Други информации немам.
Убиен во Кустендил, 1924 г. Нема многу информациjа, споменуваат го други учесници (например во Освободителните борби на б'лгарите от Македонија в спомени на дејци на В'трешната македоно-одринска револјуционна организација. Записал Б. Мирчев. С'ст. И. Бурилкова, Ц. Билјарски. Софија, 2003)
 
Член од
30 јуни 2015
Мислења
314
Поени од реакции
286
Убиен во Кустендил, 1924 г. Нема многу информациjа, споменуваат го други учесници (например во Освободителните борби на б'лгарите от Македонија в спомени на дејци на В'трешната македоно-одринска револјуционна организација. Записал Б. Мирчев. С'ст. И. Бурилкова, Ц. Билјарски. Софија, 2003)
Мислам дека прочитав некаде дека раката му била отсечена во Ќустендил, а дали и таму умрел - не знам.
Фала инаку.
 
Последно уредено:
Член од
30 јуни 2015
Мислења
314
Поени од реакции
286
Панчо Михајлов, роден 1891 г. во Штип, еден од најблиските соработници на Тодор Александров, кочански војвода на ВМРО. Во 1925 г. е убиен во Софија.
panco mihajlov.jpg

Лазар Велков, роден 1880 г. во село Дивље, скопско. Во 1924 г. извршува самоубиство откако е тешко ранет од страна на српска чета во месноста помеѓу селата Живиње и Колицко, кумановско.
lazar velkov.PNG

Даме Попов, роден 1874 г. во село Долнени, прилепско, деец на ВМРО и член на Илинденската организација во Бугарија. Во 1948 г. умира во Прилеп.
Dame_Popov_IMARO.JPG

Михаил Чаков, роден 1873 г. во село Гуменџе, кукушко, војвода на ВМРО, серски и велешки војвода на ВМРО. После првата светска војна ги ископува коските на Гоце Делчев и до 1923 г. ги чува во својот дом. Член е и на Илинденската организација. Во 1938 г. умира во Софија.
1526846_1416556518612930_6260752363568934309_n.jpg

Лазар Делев, роден 1875 г. во село Ореховица, кукушко, гевгелиски војвода на ВМРО. Во 1938 г. умира во Софија.
Lazar_Delev_Orahovec_IMARO.jpg

Дончо Златков - Арамијата, познат и како Пирински цар, петрички војвода на ВМРО. Роден е 1865 г. во село Палат, Пиринска Македонија. Во 1938 г. умира во село Дупница, ќустендилско.
donco.PNG

Ѕоле Стојчев, роден 1867 г. во село Баница, леринско, лерински војвода на ВМРО. Во 1909 г. е убиен во Лерин од страна на Турчин по грчка провокација.
dzole.PNG

Георги Мучитанов - Мучитано, војвода на ВМРО од влашко потекло. Роден е во 1882 г. во Крушево. Во 1911 г. загинува во село Крушари, ениџе-вардарско заедно со двајца другари.
BASA-1932K-1-426-5-Georgi_Kasapcheto.jpg

Донка Ушлинова, родена 1880 г. во село Смилево, демир-хисарско, деец на ВМРО. Во 1937 г. умира во Варна, Бугарија.
Donka_Ushlinova.jpg

Крсте Љондев, роден во село Неокази, леринско, лерински војвода на ВМРО. Во 1926 г. е затворен и убиен од страна на српските власти во Битола.
KrsteLiondev.jpg

Димитар Атанасов Михалков, познат како Мите Опилски роден 1887 г. во село Опила, кратовско, деец на ВМРО. Во 1944 г. е убиен од партизани близу Кратово.
Mite_Opilski_IMARO.jpg

Стефан Митев Попов, деец на ВМРО, сликан 1923 г. Други информации немам.
10306739_1438563183078930_2821834940341887046_n.jpg

Стојан Серафимов Андонов, познат како Стојан Вардарски роден 1900 г. во Пехчево, тиквешки војвода на ВМРО. Во 1975 г. умира во Софија.
10464197_1438895523045696_2554912771238658183_n.jpg

Пандо Николов - Струмишки, роден 1898 г. во Струмица, струмички војвода на ВМРО. Во 1928 г. е убиен во село Јундула, Пиринска Македонија.
10430505_1442716729330242_4317695712543309428_n.jpg


(Од лево кон десно)
Крсто Сетински, војвода на ВМРО.
Непознат.
Пандо Кицов, војвода на ВМРО. Во 1928 г. е убиен во село Јундула, Пиринска Македонија.
Пандо Струмишки (одозгора има информации за него)
a.PNG
 
Член од
30 јуни 2015
Мислења
314
Поени од реакции
286
Најверојатно мојот последен пост во оваа тема.

Димитар Медаров, деец на ВМРО. Роден 1902 г. во село Дулица, Македонска Каменица. Во 1946 г. извршува самоубиство затрчувајќи се со глава во ѕид во кочанскиот затвор.
dimitrija medaro.jpg

Харампли Златанов, познат како Шарен Ампо, роден 1898 г. во село Дулица, Македонска Каменица, деец на ВМРО. Во 1925 г. загинува во нерамна борба против Србите во селото Дулица, Македонска Каменица.
Haralampi_Zlatanov_IMARO.JPG

Кирил Дрангов, син на Борис Дрангов, роден 1901 г. во Лом, Бугарија. Ha 08.06.1946 сe yловени над 300 члена на ВМРО вo Софија. Качени сe на камион, пратени сe на врвoт на Пирин, и им кажалe: "Хајде сега се лјубувајте на вашата Македонија'', и камионoт е запален. Вo истиoт ден вo боpбa сo
комунистите, загинyва и Кирил Дрангов - рано утринaта комунистите мy гo опкoлyваат домoт, а тоj сo ќерќa му и жена му билe внaтре и бидејќи немал излез и несекаќји да го ризикува нивниoт живот решава да се самоубие.
kiril drangov.jpg

Кристина Петкова, деец на ВМРО, четник во четата на Јане Сандански. Родена во Битола, други информации немам.
kristina petkova.jpg

Наум Томалевски, роден 1882 г. во Крушево, деец на ВМРО. Во 1930 г. е убиен во Софија, Бугарија затоа што застанал на страната на протогеровистите, друштво кое што наводно било вмешано во убиството на Тодор Александров.
naum tomalevski.jpg

Илија Кушев, роден 1896 г. во Велес. Во 1922 г. во селото 'Рлевци е убиен заедно со двајца други другари од Турци предавници кои што биле во неговата чета.
ilija kusev.JPG

Христо Петров - Панзара, деец на ВМРО. Други информации немам.
hristo petrov panzara.JPG

Христо Петров, роден 1880 г. во село Трап, битолско. Четник е во четата на Иван Димов - Пашата. Други информации немам.
Hristo_Petrov_IMARO.JPG

Иван Димов - Пашата, роден 1878 г. во село Тројкрси, прилепско. Во 1907 г. умира во Битола од дифтерија.
ivan dimov.JPG

Марија Хаџи-Попова, родена 1885 г. во Банско, Пиринска Македонија, деец на ВМРО. Други информации немам.
marija hadzi-popova.jpg

Цветан Спасов, роден 1889 г. во село Орашац, кумановско. Во 1924 г. во селото Тополовик, кратовско бил тешко ранет и поради тоа се самоубива откако неговата чета е опколена од 2000 српски војници.
Tsvetan_Spasov_IMARO.JPG

Илија Аргиров - Крочвалијата, роден 1856 г. во село Крчово, серско, деец на ВМРО. Во 1918 г. умира во истото село.
ilirja argirov krcovalijata.jpg

Марко Симеонов - Плешка, роден 1866 г. во село Галичник, дебарски војвода на ВМРО. Во 1933 г. умира во Софија, Бугарија.
marko simeonov pleska.jpg

Александар Хаџи-Панов, роден 1875 г. во Прилеп, битолски војвода на ВМРО. Во 1885 г. запишува електро-инжинерство во Париз, но се разболува и се враќа во Солун каде што во 1900 г. умира.
aleksandar hadzi panov.JPG

Лазар Поп-Трајков, роден 1878 г. во село Д'мбени, костурско, деец на ВМРО. Во 1903 г. е убиен од страна на гркоманот Коте Христов, со што му е отсечена главата и пратена на грчкиот владика Германос Каравангелис, кој што ја закачува зад бирото во својот кабинет како украс.
lazar pop trajkov.jpg

Никола Андреев, познат и како Кољо Мокренски, роден 1879 г. во село Мокрени, леринско. Во 1911 г. е убиен од страна на другар и еден соселанец Турчин поради љубомора.
nikola andreev.jpg
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.794
Поени од реакции
17.159
Oвие ликови како Георги Мучитанов - Мучитано,Питу и Стерјо Гули,Митре Панџаров не "перат" нас власите кои сме искрени патриоти и ја сакаме Македонија.Инаку најголем дел од нив во 19 век биле гркомани како што впрочем и денеска најголемиот дел работат за грчки служби.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Трајко Јанков Угревски роден 1882 година во Пожарско, воденско (Егејска Македонија) 133038705_3576066169146379_1934802138232974759_n.jpg

Лазар Колев Ужанов роден на 7-ми Мај 1880 година во селото Стење, Преспа (ресенско) 132418127_412899360152775_7318859817347698930_n.jpg

Михаил Ристов Узунов роден на 13 ноември 1883 година во Богданци.
133603657_2847813105538757_3437051895999611017_n.jpg

Коле Трајчев Узунов роден на 22 мај 1870 година во селото Лавци, ресенско.
132868287_1090500394704820_4638379212779747957_n.jpg

Мицо Горгијев Упчов роден во селото Чигунци, кукушко. Подоцна се преселил во Струмица.
133149865_674757689870447_3562424353754804445_n.jpg



Томе Ристов Фериев роден 1882 година во селото Стојаково, гевгелиско.
133132576_160005228795410_3160163265530402549_n.jpg

Тасе Грозданов Урдаров роден во селото Цапари, битолско.
133736322_2706086643034909_4657062295621459145_n.jpg

Стефан Ѓоргиев Филипоски роден во град Битола.
133501742_1752970781550433_5163730384488427163_n.jpg

Ристо Петров Филиповски роден во селото Овчарани, леринско.
133056747_3629979763734778_8678676354342330768_n.jpg

Степан Стојанов Фиданоски роден во селото Зашле, демирхисарско.
132421849_151143199829594_1607040591857544955_n.jpg
Автоматски споено мислење:

Веле Горгиов Црвенкоски роден во селото Сопотница, демирхисарско.
132931227_394058601683246_345636063147866500_n.jpg

Климо Цветаноски роден во селото Ташмаруништа, струшко.
132732265_492073671754527_5534413645981855170_n.jpg

Димко Лозанов Цветаноски роден во селото Острилци, крушевско.
133717474_731104027830240_2048374647415248264_n.jpg

Никола Котев Цветаноски роден во селото Лева Река, ресенско.
132580753_423992012121765_4281908592880742117_n.jpg

Блаже Иванов Цветановски роден во селото Барово, скопско.
132534655_310517890296863_3465019638181623949_n.jpg

Јонче Стојанов Царевски роден во селото Перово, ресенско.
133550264_886133852160634_9173267740537565150_n.jpg

Нанчо Николов Фузевски роден во селото Избишта, ресенско.
132525889_399313621294375_8715870399739557071_n.jpg


Крсте Тренев Филипоски роден во селото Душегубица, кичевско.
132847063_229840505414148_4072435234664869784_n.jpg

Пејко Петров Филипоски роден во 1868 година во селото Радово, демирхисарско.
132860089_168650318378391_1155665816134853132_n.jpg
 
Последно уредено:
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Вангел Илиев Четалевски роден во 1877 година во селото Ѓавато, битолско.
133559552_4237651902917585_178335339828174628_n.jpg

Петре Сиљанов Чергоски роден во 1865 година во селото Ракитница, демирхисарско.
133708008_1755505644615363_2898873512153077622_n.jpg

Томе Делев Чавкаров роден во селото Турново, струмичко.
133017659_227237728847890_1990451234189776657_n.jpg

Спиро Стојанов Чакрев роден во 1878 година во град Битола.
132874550_2851338558487481_9024202430276003223_n.jpg

Јован Димитров Чамински роден во селото Владимирово, беровско.
132997109_163026298945854_6323442422389775093_n.jpg

Коста Наумов Чатлески роден во град Прилеп.
132570618_234870187997043_8159676949522441825_n.jpg
Автоматски споено мислење:

Апостол Василов Чаталов роден во 1865 година во селото Ѓавато, битолско.
133781987_759000254699900_4637826632479239504_n.jpg


Митре Георгиев Чороловски роден во 1878 година во селото Брајчино, ресенско.
132525731_385835182513572_4177968854862171755_n.jpg

Алекса Ѓоргиев Чочковски роден во 1874 година во селото Русиново, беровско. 132603723_667685233901226_322892358735747788_n.jpg


Коста Трајчев Чукарски роден во 1879 година во истото село, Русиново.
132546543_1346149862396615_744509410614985829_n.jpg


Вангел Василев Шалдаровски роден во селото Крани, ресенско.
132331367_410943287009847_6745771611310380857_n.jpg
Автоматски споено мислење:

Насте Димов Шибаков роден во селото Велгошти, охридско.
133630506_406302157312733_7543152517910059158_n.jpg


Ристо Стевов Шојлески роден во 1877 година во селото Елшани, охридско.
133534099_397297094863708_8058386495523272267_n.jpg


Мите Колев Шоклески роден во селото Граиште, демирхисарско.
133090891_203784734705005_594201364680584064_n.jpg


Томе Костов Шумаров роден во град Струмица.
132642831_746215426279181_2399170649174984908_n.jpg

Митре Шумуликоски роден во селото Ложани, струшко.
132783512_1073347256472588_9066474973913081064_n.jpg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom