Факултетот за безбедност е под Универзитетот Св. Климент Охридски - Битола. Кога во 2003 година беше донесен Закон за Полициска академија, се предвидуваше истата да биде под МВР а кадрите од таму да имаат договори за вработување, како што било до 1996 година.
Во 2004 се запишала првата генерација. За 100 места, конкурирале 1.200 кандидати а целата процедура била спроведувана под строга контрола на ОБСЕ. Бројот на студенти го одредил лично тогашниот министер за внатрешни работи, Љубомир Михајловски Џанго. Здравствените прегледи биле спроведени во поликлиниката на МВР, а се паѓало ако имаш мал диоптер, шум на срце или криви нозе.
Физичките тестови се состоеле од трчање 3 км, стомачни, бенч, скокови, проверки на еластичност, координирано движење во простор...
Се полагал материјал од уставно право, тестови за интелигенција и тест за емоционална стабилност, а се завршувало со разговор со психијатар кој давал оценка и вршел некаква класификација на примените кандидати.
Наместо под МВР, во 2005 година Факултетот завршил под битолскиот универзитет, откако раководството не успеало да се договори со скопскиот, а МВР одеднаш станал незаинтересиран за кадрите.
Со промената на власта, односите на Полициската академија со МВР се влошуваат драстично, што Академијата плаќала кирија на Министерството што ги користела објектите во Идризово, сопственост на МВР.
Во 2007 е донесен Законот за полиција, кој спротивно на ЗВР и ЗПА, кои нагласуваат дека ПА произведува кадри за потребите на МВР, Академијата не ја споменува никаде.
Првата генерација студенти, иако 4 години студирала во високообразовна институција со име “Полициска академија“, зела дипломи на кои пишувало дека завршиле “факултет за безбедност“.
Од 2008 година навака, на факултетот имаат дипломирано 310 редовни студенти (и над 150 вонредни), а годинава ќе излезе и четвртата, на број околу 50 криминалисти.
Од овие 310 дипломирани криминалисти, за овие скоро 3 години, вработени соодветно според образованието е 1 (еден) дипломиран. Луѓево имаат свое здружение, кое неодамна организираше протести пред Владата барајќи решавање на нивниот статус. За овие три години, здружението испраќало голем број на барања за средба со надлежните, но им било одговарано дека дипломираните криминалисти немаат никаква предност при вработување во министерството за внатрешни и дека кога ќе има јавен конкурс за вработување, можат рамноправно да аплицираат со останатите.
Јавен оглас во кој се бараат високообразовани лица за потребите на МВР, од 2008 година навака, немало ниту еден. Минатата година МВР имало објавено оглас, каде за работно место аналитичар, барале дипломиран на Факултетот за физичка култура.
http://www.facebook.com/pages/Здружение-на-дипломирани-криминалисти/106632986027762?sk=photos
http://zdk10.blog.mk/