Срц како прво многу тешко би се запишал таму. Зашто дури и на конкурсот јасно си пишува дека предност имаат децата на вработени во МВР и националности. (Значи тато, мама или сл. да работат у МВР на некоја позиција, или дете на бранител, или националност друга). Како второ има полагање физичко - мораш да имаш правилна висина, тежина, скокање во далечина, трчање (спринт 20 метра брзина), колку правилни стомачни за 30 секунди ке напраиш, колку пати ќе кренеш тегови за 30 сек (бенч) така нешто.
Брат ми е втора таму и едвај го примија. Полагаше вовед во право мислам и физички тестови, и плус успех од средно. Е сеа сите беа 5.00, а он не баш (лол), дете на вработен во МВР е (татко ми е началник), ама мораше да се пише дека е Хрват за да го примат на национална основа (имаме Хрватско државјанство) заради послабиот успех.
А инаку колку што го глеам брат ми колку учи (пред компјутер со игрици) па и не е баш екстра тешко. Хехе. Или е он доста паметен па малце му треба. Хахахаха.
А за престој таму ако не си од Скопје подобро е таму да си престојуваш, а ако си од Скопје можеш домче да си бидеш. Ама после со автобуси, кола секој ден ќе треба горе доле да идеш. Брат ми си седи домче, со кола иде таму, ваму (среќа татко ми таму работи- во хеликоптерска единица, таму им се хангарите и канцелариите), ама знам едно девојче од Скопје е, ама пак си престојува таму.
И плус колку што знам Можеби нема да примаат на Полициска Академија оваа година.
А ако примаат со среќа. Ќе ти треба.