Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
30 декември 2014
Мислења
350
Поени од реакции
439
Не, Др. Оз е добар кандидат :pos:
Јас Фетерман го знам веќе едно 5 години, можеби и подолго, за разлика од многу овде кои чисто се сомневам дека виделе повеќе од некои твитер клипови. Јас исто имам многу замерки за неговиот тим кој ја води кампањата но тоа воопшто не го прави лош кандидат, затоа што е еден од малкумина кандидати кои настапува прагматично, а не стриктно по идеолошка матрица.

Кога го спомнав Оз, во година кога Републиканците исфрла катастрофи од кандидатити како Венс, Вокер и Џонсон, наместо во сите овие лесно да победат (со исклучок на Охајо), они може дури и сите овие да изгубат. Ејј Рон Џонсон човече. Човекот беше буквално мртов до пред 6 месеци, во последен момент реши лани пак да се кандидира. И што прават Демократите во Висконсин? Ја кандидираат онаа несреќа од Мандела Барнс.
Автоматски споено мислење:

Бтв не знам што го спомнуваш Тексас овде со оглед што не е компетитивна трка за овие избори. Исто како и Флорида и изборите за Гувернер во Џорџија. Ти се сите safe GOP годинава.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Десантис е старо-новиот гувернер на Флорида. :love:

Фантастично се справи со Ковид кризата, со миграцијата, со криминалот, со заштитата на децата од радикалната либерална пропаганда, застана зад полицијата, зад наставниците. Врховниот суд на Флорида е чисто конзервативен, па и под негова палка брзо се опоравија од ураганот. Дури и прашањето за абортусот не е поларизирачко. Демократите во своите редови немаа кандидат кој ќе му парира. Флорида е рубин црвена држава. Целосна чистка им направи на демократите. Ќе биде одличен претседателски кандидат.
 
Раскол во ГОП? Дони пред некој ден удираше со дрва и камења по Де Сантис :D А која иронија, до пред некоја година Дони и ДеСантис беа неразделни, додека Рубио беше "стара ГОП школа". За сега Дони, од митинг на Рубио да го напаѓа Де Сантис. Циркус.
 
Немаше никаков раскол, раскол може да има за Мекарти. Трамп само читаше некоја анкета каде го водеше Десантис околу стапката на популарност.
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
350
Поени од реакции
439
Немаше никаков раскол, раскол може да има за Мекарти. Трамп само читаше некоја анкета каде го водеше Десантис околу стапката на популарност.
“I would tell you things about him that won’t be very flattering – I know more about him than anybody – other than, perhaps, his wife”
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
“I would tell you things about him that won’t be very flattering – I know more about him than anybody – other than, perhaps, his wife”
Нема никаков раскол, за Мекарти може да има затоа што мала група на конгресмени поставуваат услови при евентуален негов избор. Прашањето е дали тоа ќе помине невидливо, зад затворени врати, или пак ќе има јавни критики. А Трамп најави нешто кое ќе го соопшти на 15ти ноември. Ако е кандидатура, ништо неочекувано, прашањето е како неговите кандидати ќе се покажат во државите кои ги загуби, како Пенсилванија, Џорџија и Аризона. Така си го подготвува теренот.

Од друга страна демократите мора да го напуштат тоа прогресивно јадро, да се фокусираат на намалување на стапката на криминал во нивните градови, да отстапат од индокринацијата на децата, посебно околу прашањата поврзани со терапијата за замена на хормони кај децата, и да направат голема партиска чистка.

Да, ова е референдум на Џо, ама и со целосна контрола на Конгресот, протнаа акт со кој испумпа милијарди во економијата, која требаше да ја намали инфлацијата, а имаше спротивен ефект. Згора на се, американската економија може да влезе во рецесија. Неконтролираната миграција, чија палка е во рацете на Харис, само ја закомплицира политичката слика. И да, со овие резултати, овој претседателски мандат на Џо е завршен. Може нешто да извади кај буџетот и тоа е тоа.

Има параметри т.е. сегменти кои може да ги извадат од оваа политичка зима и ќе треба да си ги искористат шансите, иако го загубија Твитер, а Тифани Крос, која привлекуваше широко демократско гласачко тело, доби клоца.

Оз не е добар кандидат, тоа е јасно, Џонсон е во трка само затоа што републиканците немаат алтернатива. Секој друг ќе го загуби сенаторското место, а тој има најизгледни шанси. А Вокер е фантастичен. Дебатата му беше маестрална, одличен перформанс. Не постои простор за критика. Дали секој друг ќе се прошеташе? Да, секако, видовме што се суши во 2020 во Џорџија.
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
350
Поени од реакции
439
Од друга страна демократите мора да го напуштат тоа прогресивно јадро, да се фокусираат на намалување на стапката на криминал во нивните градови, да отстапат од индокринацијата на децата, посебно околу прашањата поврзани со терапијата за замена на хормони кај децата, и да направат голема партиска чистка.

Да, ова е референдум на Џо, ама и со целосна контрола на Конгресот, протнаа акт со кој испумпа милијарди во економијата, која требаше да ја намали инфлацијата, а имаше спротивен ефект. Згора на се, американската економија може да влезе во рецесија. Неконтролираната миграција, чија палка е во рацете на Харис, само ја закомплицира политичката слика. И да, со овие резултати, овој претседателски мандат на Џо е завршен. Може нешто да извади кај буџетот и тоа е тоа.

Оз не е добар кандидат, тоа е јасно, Џонсон е во трка само затоа што републиканците немаат алтернатива. Секој друг ќе го загуби сенаторското место, а тој има најизгледни шанси. А Вокер е фантастичен. Дебатата му беше маестрална, одличен перформанс. Не постои простор за критика. Дали секој друг ќе се прошеташе? Да, секако, видовме што се суши во 2020 во Џорџија.
Има страна помеѓу градовите од западниот брег и оние од источниот брег кои се под контрола на Демократите. Додека оние на западниот брег имаш open drug scene, пораст на стапки на криминал, оние од источниот брег се сосема спротивност. Спореди ги само градоначалничките на Сан Франциско и Бостон. Небо и земја, иако и двете се од иста партија.

Изминатите 30 години сите midterms се референдум за претседателок и секогаш (со исклучок на пост-терористичката 2002) Претставничкиот Дом го зема спротивната партија од онаа на Претседателот, понекогаш и Сенатот. Но тоа ништо не значи. Пример во 94та Клинтон ги изгуби двата Дома на Конгресот, па по само 2 години убедливо си се прошета на изборите. Нормално, тука треба да се види како ќе изигра Бајден со Меккарти. Дали Меккарти ќе стане новиот Бајнер и да прави дилови како што Обама правеше со Бајнер или ќе биде како Мекконел.

А во однос на Вокер, очигледно сме гледале различна дебата. Затоа што јас единствено од Вокер што видов е повторување на едните исти флоскули како теле.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
А во однос на Вокер, очигледно сме гледале различна дебата. Затоа што јас единствено од Вокер што видов е повторување на едните исти флоскули како теле.
Варнок не одговори на ниту едно прашање. Главните поенти му беа за абортусот, каде во самата Џорџија има закон за срцебиењето. Во принцип, тоа е конзервативна држава, а неговите ставови се премногу радикални. Толку. Ништо. Ужас. Полош од него беше единствено Фетерман, само он има оправдување.
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
350
Поени од реакции
439
Варнлок не одговори на ниту едно прашање. Главните поенти му беа за абортусот, каде во самата Џорџија има закон за срцебиењето. Во принцип, тоа е конзервативна држава, а неговите ставови се премногу радикални. Толку. Ништо. Ужас. Полош од него беше единствено Фетерман, само он има оправдување.
Чекај чекај, радикален ли е Варнок кој што застапува став подржан од две третини од Американците и кој де факто беше федерален закон или ретардираниот закон во Џорџија кој до пред 2 години, по брза постапка ќе паднеше?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Чекај чекај, радикален ли е Варнок кој што застапува став подржан од две третини од Американците и кој де факто беше федерален закон или ретардираниот закон во Џорџија кој до пред 2 години, по брза постапка ќе паднеше?
Кој закон е поддржан од 2/3 од американците? Неограничено право на абортус? Не. 2/3 од американците поддржуваат абортусот да биде легален, 2/3 од американците поддржуваат абортусот да има своевидно ограничување. Патем, Врховниот суд тоа право го врати на регулирање на државите, Џорџија има право да го регулира како што сака, а Варнок е претставник на Џорџија.
 
Член од
30 декември 2014
Мислења
350
Поени од реакции
439
Кој закон е поддржан од 2/3 од американците? Неограничено право на абортус? Не. 2/3 од американците поддржуваат абортусот да биде легален, 2/3 од американците поддржуваат абортусот да има своевидно ограничување. Патем, Врховниот суд тоа право го врати на регулирање на државите, Џорџија има право да го регулира како што сака, а Варнок е претставник на Џорџија.
Да, технички SCOTUS го врати го врати на државите (што навидум само по себе не е спорно), а истовремено се помоча на своите претходни пресуди (Ро 73та, П. Парентхуд 92ра), како што се помочаа и последните три избрани Врховни судии на своите зборови за време на сослушување во Сенатот. Да се потсетиме, иако се декларираат како судски буквалисти, признаа дека постојат одредени "суперпрецеденти" како што се Ро.
Но тоа е друга тема. Проблемот е што самите Демократи (па и голем број Републиканци) во изминатите 50 години имаа можност да го кодификуваат Ро во федерален закон, ама го оставија тоа прашање "да лебди во воздух".

Мнозинството подржува безбеден и легален абортус како во сите нормални држави. Ниеден закон не дозволува или дозволувал "вадење на бебиња од стомак", "насилни прекинувања на бременост" и слично како што лудата Лора Инграм лупета.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Очекував многу поголеми загуби на Демокративе. Абе во Тексас само 10% разлика има меѓу Абот и Орурк, многу лев станал станал Тексас.
 
Ниту еден Врховен судија не рече дека ќе да гласа За или Против Ро. Ниту еден. Рекоа дека бил битен преседан. Притоа не постои уставна заштита. Во Уставот на САД никаде не е споменат абортусот. И да, ова право треба да остане во рацете на државите, без никакви федерални ограничувања, а таков предлог имаше и Линзи со она 15 неделна забрана.

За секоја среќа Ро е мртов. А и да, во нормалните држави има ограничувања за заштитата на правото на живот. И тука, Демократската партија, зазема радикален став.
 
Очигледно не си запознаен со американскиот судски систем, бидејќи тогаш сигурно би знаел дека освен judicial restraint постои и judicial activism каде што втората филозофија подлежи на поекстензивна судска интерпретација. И дека благодарение на второто толкување кое е еднакво легитимно како и првото, изминативе 200 години се создадоа т.н. суперпрецеденти кои произлегуваат од екстензивната интерпретација на самиот Устав.

А тоа дека тие закони се нормални, шта речи. Дури и еден затуцан Канзас пред некој месец на референдум го отфрли Уставниот амандман со кое ќе се укинеше правото на абортус.
Автоматски споено мислење:

Очекував многу поголеми загуби на Демокративе. Абе во Тексас само 10% разлика има меѓу Абот и Орурк, многу лев станал станал Тексас.
Моментално Републиканците се проектирани на 226-227. Ако ова биде блиску до конечниот резултат, тоа е далеку под 235 кои ги добија Демократите во 2018, а пак да не зборуваме за 241те места кои Републиканците ги добија во 2010.

Т.е. повеќе Демократите имаат среќа со оглед на тоа што според излезните анкети, гласачите жени прашањето на абортус го ставиле пред инфлацијата.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Очигледно не си запознаен со американскиот судски систем, бидејќи тогаш сигурно би знаел дека освен judicial restraint постои и judicial activism каде што втората филозофија подлежи на поекстензивна судска интерпретација. И дека благодарение на второто толкување кое е еднакво легитимно како и првото, изминативе 200 години се создадоа т.н. суперпрецеденти кои произлегуваат од екстензивната интерпретација на самиот Устав.

А тоа дека тие закони се нормални, шта речи. Дури и еден затуцан Канзас пред некој месец на референдум го отфрли Уставниот амандман со кое ќе се укинеше правото на абортус.
Судското толкување зависи од судската философија која се разликува од судија до судија, како од Стивенсон до Скалиа. Во овој судски состав, скоро сите судии се текстуалисти, а воедно и Федералисти. Тоа здружение се залагаше со децении да се собори Роу, затоа што самиот преседан нема уставна поткрепа.

Не е поентата мнозинство од граѓаните имаат позитивен став за тоа прашање, па и пример во најновиот случај, институциите треба да го пресликуваат целокупното општество, туку дали тоа подлежи на уставна заштита. Ако да, до кој обем? Тука под лупа не подлежи само уставот, туку и федералиатичките документи. Уште еден преседан се учекува да падне со 6-2-1.

Да, во Конгресот, ниту еден Врховен судија кој гласаше За да се преобрати Роу и да се врати во рацете на самите држави, јасно не се произјасни како би гласал. Колинс може самата со себе да си полемизира за своевидните гаранции во четири очи.

Канзас го отфрли Уставниот амандман затоа што во прашањето немаше никакви отстапки, па дури ни во случај на силување или инцест. Прашањето беше многу лошо формулирано. Да се однесување само за Уставна забрана со тие одредени исклучоци, референдумот ќе поминеше. Така, ако има црвен гувернер, може да има извесни ограничувања, но не и забрана за абортусот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom