- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.531
- Поени од реакции
- 11.603
Секако дека Светото Римско Царство немало никаква врска со Рим.Декстер, убавo ти вика Тенеке, Светото Римско Царство немало никаква врска со моќта на Папата, таа „држава“ или „конфедерација“ е чист политички ентитет што немал врска со Рим.
Единствено кралевите оделе кај папата за да ги круниса, па ако на папата му текнело, ќе ги повикал на Крстоносни војни, а инквизицијата и ловот на вештерки биле само борба против еретици и богохулци.
Нешто слично се случуваше во Франција за време и после Француската Револуција на крајот од 18-от век и почетокот на 19-от век, па во 20-от век во Советскиот Сојуз и во Нацистичка Германија, па дури и во САД во 1950-те години ловот на вештерки на Џозеф Мекарти сигурно беа само најобични борби против еретици и богохулци, а тоа што милиони луѓе беа истребени е` само статистика, како што рекол Јосиф Висарионович Сталин:
" Смртта на еден човек е` трагедија. Смртта на милиони луѓе е` само статистика " .
Заклучокот е` едноставен:Добро ај треба да цртам, еве ја мапата во еден дел од постоењето на Светото Римско Царство
Што можеш да заклучиш од географијава, а Декстер ?
Светото Римско Царство припаѓа во минатото и нема никакви потреби од нови федерациски или конфедерациски експерименти во Европа.
ЕУ е` на добар пат да му се придружи на Светото Римско Царство во историјата на минатото, и колку поскоро тоа стане реалност, толку подобро ќе биде за сите народи кои ја населуваат Европа.