- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.307
- Поени од реакции
- 13.050
Декстер, убавo ти вика Тенеке, Светото Римско Царство немало никаква врска со моќта на Папата, таа „држава“ или „конфедерација“ е чист политички ентитет што немал врска со Рим.
Секако дека Светото Римско Царство немало никаква врска со Рим.
Единствено кралевите оделе кај папата за да ги круниса, па ако на папата му текнело, ќе ги повикал на Крстоносни војни, а инквизицијата и ловот на вештерки биле само борба против еретици и богохулци.
Нешто слично се случуваше во Франција за време и после Француската Револуција на крајот од 18-от век и почетокот на 19-от век, па во 20-от век во Советскиот Сојуз и во Нацистичка Германија, па дури и во САД во 1950-те години ловот на вештерки на Џозеф Мекарти сигурно беа само најобични борби против еретици и богохулци, а тоа што милиони луѓе беа истребени е` само статистика, како што рекол Јосиф Висарионович Сталин:
" Смртта на еден човек е` трагедија. Смртта на милиони луѓе е` само статистика " .
Добро ај треба да цртам, еве ја мапата во еден дел од постоењето на Светото Римско Царство
![]()
Што можеш да заклучиш од географијава, а Декстер ?
Заклучокот е` едноставен:
Светото Римско Царство припаѓа во минатото и нема никакви потреби од нови федерациски или конфедерациски експерименти во Европа.
ЕУ е` на добар пат да му се придружи на Светото Римско Царство во историјата на минатото, и колку поскоро тоа стане реалност, толку подобро ќе биде за сите народи кои ја населуваат Европа.