Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
19 март 2011
Мислења
12.777
Поени од реакции
14.070
Централна власт тешко дека ќе има, но централни политики веќе ги има.

Доволно е само да ги погледнеш резултатите од изборите во повеќето богати и развиени држави за да ти стане јасно дека изборите во тие држави се чиста формалност и не менуваат апсолутно ништо.

На многу сличен начин функционираа политичките партии во Венецуела пред доаѓањето на власт на Хуго Чавез во 1999 година, така што практикуваа политички систем наречен пунтофихизам, наречен по резиденцијата Пунто Фихо во Каракас - буквален превод: Фиксна точка, каде што кон крајот на 1958 година кога била соборена последната венецуелска воена хунта, венецуелските политички партии се договориле дека без разлика кој ќе победи на претстојните, но исто така и на било кои идни претседателски и парламентарни избори, домашните политики на државата ќе останат исти.

Случајно или не, како што Пунто Фихо во превод значи Фиксна точка, така и политиките кои ги водеа венецуелските влади од 1958 до 1999 година беа буквално фиксни политики, без разлика кој победувал на било кои избори, државните политики во однос кон образованието, здравството, даноците, социјалните политики и сите останати општествени области остануваа исти. Или со други зборови кажано: џабе гласаш за да си замине од власт овој или за да дојде на власт оној, кога во пракса само го менуваш глумецот кој ти го тутнале политичките партии и нивните богати финансиери и донатори за да грее фотеља во претседателската канцеларија.

Сето тоа се смени со доаѓањето на Хуго Чавез на власт во Венецуела во 1999 година, за жал кон полошо, но да им се припише целосната вина и одговорност на Чавез и неговите социјалисти е чиста лага, навреда и клевета, бидејќи тие само си начекаа можност после 40 (ЧЕТИРИЕСЕТ) години статус кво кој резултираше со само понатамошна изолација на политичките партии од мнозинското население со кое изгубија секакви допирни точки со секоја помината година и деценија, кои донесоа само уште поголеми поделби помеѓу богатите и сиромашните, а општо е познат фактот дека за социо-економска кохезија во едно општество потребна е стабилна и растечка средна класа, бидејќи како што и самиот Франклин Делано Рузвелт има изјавено: сиромашните луѓе се материјал од кој се прават диктатури. Венецуелските приврзаници на пунтофихизмот одбиваа да извлечат поуки од ваквите историски лекции, поради што им се случи тоа што им се случи после 1998 година, а трае во Венецуела и до денешен ден.

Кога човек ќе погледне какви политики практикуваат европските држави без разлика кој ќе победи на наредните избори, заклучокот е дека практикуваат своја верзија на пунтофихизмот, која се обидуваат да ја одржат во живот не со економски раст и подобрување на економските и монетарните политики, туку со понатамошен увоз на евтина работна сила без разлика од каде истата доаѓа. Како последица го добиваш хаосот кој денес владее низ Европа, а САД и Канада не се ни малку подобри.

Така да, централна власт можеби нема да има, ама па и не ни мора да има, кога еве централни политики има и остануваат на сила без разлика кој ќе победи на наредните избори.
Јасно дека колективниот запад делува како една целина и нема многу мрдање, но прашањето е дали целиот свет исто така делува, дали Русија и Кина се само противници во стил на "Oceania has always been at war with Euroasia".
На Бафра тезата е дека има централна власт, затоа и му реплицирам. А и нема некоја разлика помеѓу централна власт и централна политика освен тоа што се убиваат тие на врвот за кој да ја води таа политика. Мене лична енигма ми е дали Кина и Русија се дел од истата игра, тоа прашувам (короната покажа дека се).

За Европа - пример на Макрон да е претседател на Франција не му е животно достигнување него отскочна даска за да ја води ЕУ понатака.
Премиерките на Нов Зеланд и Финска им ебаа матер на земјите што ги водеа и си добија унапредување во Лондон.

До кога ќе можат да ги игнорираат националните проблеми на буквално сите држави само да се одржи поредокот не знам, но не ми делува дека уште многу ќе трае.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.730
Поени од реакции
38.973
Русија не е дел од таа игра. За Кина не сум толку сигурен, западот е многу инспириран од Кина и како таа го контролира народот и сакаат истите методи да ги искористат. Башка што сето тоа ломотење за глобално затоплување и слично некако ја заобиколува Кина која произведува стакленички гасови како целиот запад. Кина мислам дека ги држи у џеб сите тие ликови на запад.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
На Бафра тезата е дека има централна власт, затоа и му реплицирам. А и нема некоја разлика помеѓу централна власт и централна политика освен тоа што се убиваат тие на врвот за кој да ја води таа политика. Мене лична енигма ми е дали Кина и Русија се дел од истата игра, тоа прашувам (короната покажа дека се).
Епа глобализацијата автоматски значи дека сите мора да соработуваат. Од WEF си кажуваат кој све е нивни член или па ги поддржува (еден од поддржувачите е сегашниот на Тексас, демек против имигрантите). Шваб кај него си има статуа од Ленин. Официјална централна власт не може да има, ама па затоа може сите да имаат тоталитарни државни системи, кои со помош на дигиталната технологија тешко дека ќе може да се сменат.
Западот сакаат истиот систем што е во Кина и Русија да го имплементираат и кај нив, а и народот да се послушни ко мравки. Но првин мора да го срушат претходниот и најбитното, народот сам да го побара, прифати, за да биде одржлив.

Русија не е дел од таа игра.
Зашто не е... Врз основа на што тоа носиш таков заклучок?
Откако се распадна СССР, зашто во тој хаос, западот не би успеал да постави свои јаничари, или па зашто Русија не е дел играта, кога истиот систем што го имаат, западот го пресликува.

Зашто западот би носеле милијарди во Русија, ако се непријатели:
Автоматски споено мислење:

Не верувам дека ќе се распаднат, мада има некоја мала веројатност. Во најлош случај ќе почне да наликува на Русија под Елцин (веќе почнува). Кина нема капацитет да стане светски лидер, целиот економски бум што се дешава во Кина го имаше Јапонија во 60-тите и се базира на евтино производство и копирање технологии (приказната за walkman-от на Sony). Така да ова што се дешава со Кина, не е нешто невидено.
И за СФРЈ и за СССР народ не веруваше, ама...
САД според сите досегашни политики, нема шанси да не крахираат, само што последни ќе бидат. Трагичното е што со децении намерно се уништува системот и свеста кај јенките, наместо и другите држави да го пресликаат.
Империите првин пукаат по краевите, за на крај центарот.

Кога една империја го губи статусот на империја, доживува колапс, нема владеење на правото, тогаш, за финансиски центар автоматски друга држава го превзема престолот.

Кина е единствена со потенцијал да превземе улогата финансиски центар. Направи споредба колку внатрешно Кина се развива, а колку јенките. Брзи железници и ред други инфраструктурни проекти јенките одамна можеа да направат, ама на првиот ешалон тоа не му била целта.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.730
Поени од реакции
38.973
Епа глобализацијата автоматски значи дека сите мора да соработуваат. Од WEF си кажуваат кој све е нивни член или па ги поддржува (еден од поддржувачите е сегашниот на Тексас, демек против имигрантите). Шваб кај него си има статуа од Ленин. Официјална централна власт не може да има, ама па затоа може сите да имаат тоталитарни државни системи, кои со помош на дигиталната технологија тешко дека ќе може да се сменат.
Западот сакаат истиот систем што е во Кина и Русија да го имплементираат и кај нив, а и народот да се послушни ко мравки. Но првин мора да го срушат претходниот и најбитното, народот сам да го побара, прифати, за да биде одржлив.



Зашто не е... Врз основа на што тоа носиш таков заклучок?
Откако се распадна СССР, зашто во тој хаос, западот не би успеал да постави свои јаничари, или па зашто Русија не е дел играта, кога истиот систем што го имаат, западот го пресликува.

Зашто западот би носеле милијарди во Русија, ако се непријатели:
Автоматски споено мислење:



И за СФРЈ и за СССР народ не веруваше, ама...
САД според сите досегашни политики, нема шанси да не крахираат, само што последни ќе бидат. Трагичното е што со децении намерно се уништува системот и свеста кај јенките, наместо и другите држави да го пресликаат.
Империите првин пукаат по краевите, за на крај центарот.

Кога една империја го губи статусот на империја, доживува колапс, нема владеење на правото, тогаш, за финансиски центар автоматски друга држава го превзема престолот.

Кина е единствена со потенцијал да превземе улогата финансиски центар. Направи споредба колку внатрешно Кина се развива, а колку јенките. Брзи железници и ред други инфраструктурни проекти јенките одамна можеа да направат, ама на првиот ешалон тоа не му била целта.
Да би биле на иста страна не би вложувале стотици милијарди за да потепаат 10,000 руси повеќе, башка да го ослабат доларот со глумењето пирати и замрзнувањето имоти. Не верувам ни Кина да е со нив, но очигледно се премногу инспирирани од Кина, а и Кина си има свои интереси кај нив.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.777
Поени од реакции
14.070
Епа глобализацијата автоматски значи дека сите мора да соработуваат.
Глобализација отсекогаш си постоела, некогаш била лимитирана на Балкан и Блиски Исток, па потоа се ширела како се откривал нов свет и се развивале остантитете општества. Бизнис си е бизнис, соработката нема никогаш да престане дури и за време на војна.
Проблемот е да не се води глобална политика :D

Зашто западот би носеле милијарди во Русија, ако се непријатели:
Истото го правеа и во останатите источноевропски држави, само кај некои го правеа со цел да застанат на нозе и да ги присвојат (Полска), а кај други да ги опустоши и да им ги земе државните бизниси, посебно овие за нафта и природни ресурси.
Jeffrey Sachs го имам слушано на оваа тема бидејќи учествувал во тие процеси во 90-тите и вика дека кога највеќе и биле потребни $100 миљарди инјекција на руската економија тогаш западот одбил да им помогне, а на Полска и балтичките земји им давале се што можат да пркнат.

Не ме држи за збор за бројките но имаше статистика дека западни компании имаат да речеме 20% удел во руски државни фирми за нафта и ако не се лажам Путин имаше кажано нешто во стил "каде е реципроцитетот, зошто нема руски компании да копаат нафта и минерали во САД".

Мене ми делува дека западната русофобија и рускиот комплекс на инфериорност во одност на западот се вистински.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
Бизнис си е бизнис, соработката нема никогаш да престане дури и за време на војна.
Проблемот е да не се води глобална политика :D
Кога се работи за вистински непријатели, нема бизнис си е бизнис. Со Садам и Гадафи си тераа бизнис, ама во моментот кога им рекле не, јок бизнис.

Jeffrey Sachs го имам слушано на оваа тема бидејќи учествувал во тие процеси во 90-тите и вика дека кога највеќе и биле потребни $100 миљарди инјекција на руската економија тогаш западот одбил да им помогне, а на Полска и балтичките земји им давале се што можат да пркнат.
Носеле милијарди во Русија, ама џабе, не можеш да го победиш природниот циклус, односно последиците од акцијата.

Не ме држи за збор за бројките но имаше статистика дека западни компании имаат да речеме 20% удел во руски државни фирми за нафта и ако не се лажам Путин имаше кажано нешто во стил "каде е реципроцитетот, зошто нема руски компании да копаат нафта и минерали во САД".
Првин, зашто дозволиле западот да има учество во нивните природни ресурси, ако се непријатели?
Второ, ако се непријатели, зашто Руските олигарси милијардите од продажба на руските природни ресурси, ги чуваат во банки сопственост на западни олигарси, трошат милијарди за куќи по Лондон и САД?

Мене ми делува дека западната русофобија и рускиот комплекс на инфериорност во одност на западот се вистински.
Кај јенките фобијата од комунизам била вистинска (во минатото), но само од аспект на комунизам. Последни 3-4 децении е само колку народ да залажуваат, иначе резултатите од досегашните политики се дека ќе станат ретардирана верзија на СССР.

Ем знаеле што треба за да се сјебе еден систем, ем како намерно од а до ш све пресликуваат.

Да би биле на иста страна не би вложувале стотици милијарди за да потепаат 10,000 руси повеќе, башка да го ослабат доларот со глумењето пирати и замрзнувањето имоти.
Ова зборче "вложување" , замени го со крадење од буџетот и пореална слика ќе добиеш.

Зашто јенките би сакале да си го ослабнат доларот?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.730
Поени од реакции
38.973
Кога се работи за вистински непријатели, нема бизнис си е бизнис. Со Садам и Гадафи си тераа бизнис, ама во моментот кога им рекле не, јок бизнис.



Носеле милијарди во Русија, ама џабе, не можеш да го победиш природниот циклус, односно последиците од акцијата.



Првин, зашто дозволиле западот да има учество во нивните природни ресурси, ако се непријатели?
Второ, ако се непријатели, зашто Руските олигарси милијардите од продажба на руските природни ресурси, ги чуваат во банки сопственост на западни олигарси, трошат милијарди за куќи по Лондон и САД?



Кај јенките фобијата од комунизам била вистинска (во минатото), но само од аспект на комунизам. Последни 3-4 децении е само колку народ да залажуваат, иначе резултатите од досегашните политики се дека ќе станат ретардирана верзија на СССР.

Ем знаеле што треба за да се сјебе еден систем, ем како намерно од а до ш све пресликуваат.



Ова зборче "вложување" , замени го со крадење од буџетот и пореална слика ќе добиеш.

Зашто јенките би сакале да си го ослабнат доларот?
Бафра, ти си одлепен скроз. Веруваш во некои твои толкувања што немаат допир со реалноста и искривуваш факти. Како ова со доларот. Кога очигледно е дека многу засегнати држави почнуваат да си тргуваат со свои валути после санкцииве.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
Бафра, ти си одлепен скроз. Веруваш во некои твои толкувања што немаат допир со реалноста и искривуваш факти. Како ова со доларот. Кога очигледно е дека многу засегнати држави почнуваат да си тргуваат со свои валути после санкцииве.
Е објасни ми де. Не може само да кажеш немам допир со реалноста, а без никакво објаснување со факти и примери.

Јас ти дадов факт, дека милијарди долари самите јенки носеле во Русија. Откако не успеале, тој Сафра го јадел стапот, а и ред други.

Кажи зашто САД би сакале да си го ослабнат доларот?
Имаш ли претстава колку милијарди е пазарот за нафта, гас, железо, а колку трилиони доалри се вртат на финансиските пазари?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.730
Поени од реакции
38.973
Е објасни ми де. Не може само да кажеш немам допир со реалноста, а без никакво објаснување со факти и примери.

Јас ти дадов факт, дека милијарди долари самите јенки носеле во Русија. Откако не успеале, тој Сафра го јадел стапот, а и ред други.

Кажи зашто САД би сакале да си го ослабнат доларот?
Имаш ли претстава колку милијарди е пазарот за нафта, гас, железо, а колку трилиони доалри се вртат на финансиските пазари?
ја реков дека си скроз на скроз. Никој не сакал да го ослабе но со санкциите го предизвикаа тоа. Саудиска Арабија, Кина, Русија, и ред други држави си трејдаат со свои валути. Путин рече у интервјуто дека трговијата у долари им е само 13%, а некогаш била 90% па и више.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
ја реков дека си скроз на скроз. Никој не сакал да го ослабе но со санкциите го предизвикаа тоа. Саудиска Арабија, Кина, Русија, и ред други држави си трејдаат со свои валути. Путин рече у интервјуто дека трговијата у долари им е само 13%, а некогаш била 90% па и више.
И што ако трговијата меѓу Русија и Кина не им е во долари.... Тие две држави како и сите други, сакале нејќеле, тргуваат со други држави, учествуваат на финансиските пазари каде се вртат трилиони долари. Нивните граѓани заштедите во рубљи и јуани ги чуваат или преферираат во долари, а и фирмите.... Кога ќе покажат некој кинез обвинет за корупција, долари чувал дома или јуани

Јас твоево напишано го сфатив дека САД сакале да го спуштат доларот:
не би вложувале стотици милијарди за да потепаат 10,000 руси повеќе, башка да го ослабат доларот со глумењето пирати и замрзнувањето имоти.
И пак не кажа што ако е низок доларот или па висок... :cautious:

Ај бидејќи ја врска немам, ќе пробам место тебе за вредноста на доларот:
Бидејќи најголем дел од долговите на државите низ светот, е во долари, намалувањето на доларот им иде во корист. Кога ќе почне да расте доларот, а и каматните стапки, тогаш ќе биде оф леле мајко.
Исто и на САД од една страна не им иде баш во прилог многу висок да е доларот.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.619
Поени од реакции
26.134
@Bafra на кого им должат државите? И зошто на тие центри на моќ им одговара низок долар?
 

ovs

Член од
4 јануари 2021
Мислења
293
Поени од реакции
415
Само што ова не функционира вака во реалноста, Америка е вистинската причина за безбедноста на останатите НАТО земји, а не vice versa.
Влијанието кое го има во нато просторот и сојузниците е важен за безбедноста не за џабе русија влезе во украина,двете сили се такмичат за влијание но русија поради нивната неспособност го изгуби влијанието во светот по 2св и затоа влезе на сила и во грузија и во украина.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.889
Поени од реакции
7.268
@Bafra на кого им должат државите? И зошто на тие центри на моќ им одговара низок долар?
Должат на светска банка, на меѓународниот монетарен фонд, на банки, на инвестициски фондови, на сите оние што ги купиле државните обврзници, долгот.

На должниците, државите кои долгот им е во долари, им одговара низок долар.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.619
Поени од реакции
26.134
Должат на светска банка, на меѓународниот монетарен фонд, на банки, на инвестициски фондови, на сите оние што ги купиле државните обврзници, долгот.

На должниците, државите кои долгот им е во долари, им одговара низок долар.
А според тебе кој ја држи моќта во САД, ако не овие центри на моќ?
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
762
Поени од реакции
293
Некој да не прочитал нешто повеќе за ова.


House Intel Chairman announces ‘serious national security threat,’ sources say it is related to Russia

https://www.cnn.com/2024/02/14/politics/house-intel-chairman-serious-national-security-threat/index.html

I am requesting that President Biden declassify all information relating to this threat so that Congress, the Administration, and our allies can openly discuss the actions necessary to respond to this threat," Turner said in a brief written statement

https://www.politico.com/live-updates/2024/02/14/congress/turners-cryptic-warning-house-intelligence-00141423
 

Kajgana Shop

На врв Bottom