Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
24 април 2008
Мислења
11.022
Поени од реакции
12.524
@teneke Немој погрешно да ја разбереш статијава, ова е само проценка на Администрацијата на Федералните Резерви на САД, која воопшто не проценува дека ќе стагнира вработеноста во САД или дека ќе се зголеми невработеноста, ниту па проценува дека ќе се намали економскиот раст во САД, туку само проценува дека сите тие компании кои и понатаму вработуваат луѓе и кои придонесуваат за економскиот раст нема да можат редовно да си ги подмируваат сметките и да си ги исплаќаат долговите.

Но вработеноста и економскиот раст сигурно ќе продолжат да си растат. (y)

https://off.net.mk/vesti/biznis/federalnite-rezervi-predviduvaat-katastrofa-na-amerikanskite-biznisi

Федералните резерви предвидуваат катастрофа на американските бизниси

29 јуни 2023 - 18:11

Американските компании се наоѓаат во парадоксална ситуација. Заострување на финансиските политики ќе им донесе дополнителни проблеми а олабавувањето на тие политики нема да им донесе многу подобра атмосфера за бизнис. Федералните резерви проценуваат дека речиси 40% од фирмите имаат проблем и дека наскоро може да почнат да не плаќаат.



Истражувачи од американската централна банка неодамна објавија документ во кој предупредуваат дека историскиот пораст на финансиски загрозени компании може да ја поништи битката со инфлацијата на Федералните резерви.

Предупредуваат дека високите трошоци за задолжување може да предизвикаат рушење на огромен број компании.

„ Уделот на нефинансиски фирми во финансиска неволји достигна повисоко ниво од претходните слични епизоди во 1970-тите “, напишаа Андер Перез-Ориве и Јаник Тимер.

10-те последователни каматни стапки на Федералните резерви - наменети да ги смират историски високите цени - се закануваат да ги загрозат деловните инвестиции, вработувањето и економската активност. Сега, велат економистите, можно е компаниите со долгови да избегнат да трошат пари за нови проекти, капацитети, вработување или производство.

Целосниот обем на штетата останува да се види, но експертите на централната банка проценуваат дека околу 37% од фирмите се во неволја. Односно, над една третина од компаниите би можеле да почнат да не плаќаат во следните месеци, благодарение на заострувањето на монетарната политика.




Supreme Court guts affirmative action, effectively ending race-conscious admissions

Шиеееет!
Смрт за расизмот !!! :place:

Да живее рамковнистичка Америка !!! :place: :place:

За секој вработен/запишан белец мора да се вработат/запишат минимум тројца црнци/латиноамериканци/арапи/Индијци/било кои не-бели имигранти !!! :place: :place: :place:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.022
Поени од реакции
12.524
Општество во кое едни луѓе се дискриминирани во корист на други луѓе исклучиво и само поради потекло, боја на кожата, етничка/национална/религиска припадност или било кои други индивидуални разлики кои немаат никакви допирни точки со образование и професионални квалификации, не може да се нарекува себеси демократско, слободно или рамноправно општество.

Конкретно општество во кое мнозинството е дискриминирано во корист на некои малцинства е наречено апартхејд, а историјата говори дека таквите општества не ги чека некоја баш успешна иднина.

Туку, Врховниот Суд на САД бил нешто зафатен оваа недела, ај што систематски расизам на универзитетите им го укина - поточно ги услови да го укинат доколку сакаат да продолжат да примаат финансиски средства од федералната влада на САД, во спротивно нека си продолжат со расната дискриминација, но за возврат нека не очекуваат ниту цент од федералната влада на САД, туку исто така им укина и простување на студентски долгови, а исто така пресуди и дека веб дизајнерите имаат право да одбиваат да услужат хомосексуалци - човек би помислил дека ова е држава во која постојат некакви си слободи.

US Supreme Court strikes down student loan forgiveness plan

US Supreme Court rules website designer can refuse to serve same-sex couples

https://off.net.mk/vesti/svet/ukinat-e-ramkovniot-za-amerikanskite-fakulteti

Укинат е „Рамковниот“ за американските факултети

30 јуни 2023 - 10:01

Со 6:3, американскиот Врховен суд реши дека е противуставно Универзитетите да ја земаат во обзир расата на кандидатите при упис кај нив. Тоа таму го викаат „афирмативна акција“, кај нас е познато како „позитивна дискриминација“. Не може така, порача Врховниот.



Конкретно биле разгледувани долгогодишните уписни политики на Харвард и Универзитетот во Северна Каролина.

После минатогодишната одлука во врска со абортусот, ова е втора битна одлука на актуелниот состав на Врховниот суд кој работи со конзервативно мнозинство. Одлуката вели дека факултети можат во обзир да ја земаат и расата, но тогаш не можат да се надеваат на федерални фондови.

„ Универзитетите предолго погрешно заклучуваа дека камен-темелник на идентитетот на поединецот не се вештините или научените лекции, туку бојата на нивната кожа. Нашата уставна историја тоа не го толерира “, рече главниот судија Џон Робертс.

Од Белата куќа, претседателот Џо Бајден рече дека „силно, силно“ не се согласува со пресудата на судот и ги повика колеџите да бараат други патишта до диверзитетот, наместо да дозволат пресудата „да биде последниот збор“.

Доналд Трамп одлуката ја оцени како голем ден за Америка:

„ Конечно се наградени лицата со извонредни способности и сè друго неопходно за успех “.

Сосема спротивно мислење има Барак Обама велејќи дека „афирмативните акции“ им овозможиле на генерации студенти како него и Мишел да докажат дека заслужуваат перспектива.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
11.022
Поени од реакции
12.524
Нешто повеќе од два часа лекции по Русија, Украина, реалната состојба на американските вооружени сили, военото присуство на САД низ светот, хајките против Доналд Трамп, политичките профили на луѓе од типот на Рон Де Сантис, Роберт Кенеди Помладиот, Кина, гласачкиот систем во САД, и бројни други теми.

 
Последно уредено:

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.024
Поени од реакции
13.275
Што се деси со Трамп уште го судат?

Добро би било да тепа, па државниот апарат после тоа да ги лежи сите вмешани во хајкиве против него.


Јер ова повеќе од очигледно е дека го ребраат пошто им мати сметки.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.022
Поени од реакции
12.524
Што се деси со Трамп уште го судат?

Добро би било да тепа, па државниот апарат после тоа да ги лежи сите вмешани во хајкиве против него.


Јер ова повеќе од очигледно е дека го ребраат пошто им мати сметки.
Тој тип е непозната променлива, бидејќи се` додека има огромно гласачко тело, дури и да не победи на претседателски избори, сепак и понатаму ќе има политичко влијание, а тоа не им чини на либерал-фашистите и на нивните финансиери.

А се` додека држи јаки карти во свои раце, може да си бира на чија музика ќе игра, или уште побетер - да си компонира сопствена музика која самостојно ќе си ја свири и на која самостојно ќе си игра, најверојатно на Свети Никад, но останува отворена можноста и за тоа.

Ако му текне да се повлече мирно и тивко, мистериозно сите обвиненија против него ќе бидат повлечени или поништени.

Ако му текне да си легне на брашното и да се фати за орото на либерал-фашистите, мистериозно преку ноќ на телевизија ќе повторуваат како расипани плочи дека другарот Јосиф е сенилен и неспособен за јавна функција, неговата Камал кан хиена има не-етичко портфолио како поранешна јавна обвинителка, а Доналд Трамп се заканува со тотална војна против Русија доколку биде повторно избран за претседател на САД, а Русија не се повлече од Украина до денот на неговата инаугурација.

Американските медиуми живеат за таков ден кога гледаноста ќе им полета над орбитата, плавиот Трамп ќе им биде најомилен гостин кој ќе го интервјуираат секој ден без исклучок.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.047
Поени од реакции
34.472
Автоматски споено мислење:












Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom