Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Ја па не би живеел каде што така лесно за се и сешто се даваат секакви "лекови" , каде што луѓето изгубиле осет за нормално итн. Ама па јбг, светот е голем, глобализацијата ни овозможи отворени врати :D
Види, твојот став не се коси со мојот. Тоа се два дијаметрално различни проблеми, но со иста социополитичка позадина... Едниот со другиот не е решение, туку се компактни... Пак ќе речам, не велам дека оружјето е извор на проблемот....психопатите ќе најдат начини да дојдат до оружје....

Генерално мојот став е да има доста голема контрола, кој може да дојде до оружје... Истото важи и за „лековите“....

Но, што е со оние што својата инспирација не ја земаат од лекови, туку од тешките пропагандни артилерии ....?!? Како нив да ги контролираме... Ако продолжиш со систематско размислување набргу ќе станеш анархист, се додека не сватиш дека и тоа е канализирање на здравиот разум .... :)
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
тресеш глупости само и спинуваш кога немаш аргумент
Што беше спин... Лас вегас полиција вика умрел кога влегле, аутопсија вели умрел наредниот ден :D
Што беше глупост ...
Кој аргумент па ти го имаш ...
САД за сега се број 1 во светов, правилата по кои дошле не се сменети поголем аргумент нема :P

Ај отидов да си догледам:
biblical series viii the phenomenology of the divine со Петерсон.
Ти препорачувам само 10мин изгледај од 22минута па натака.
Исто и за тебе важи @jamajka :P

И биди ми така позитивен, длабоко аналитичен, паметен и полн со аргументи. :pipi:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.688
Поени од реакции
38.879

Да и тоа беше спинувано, исто ко и случајот за кенеди што му пукаше тој пред него што седеше.
 
B

Bafra

Гостин
Да и тоа беше спинувано, исто ко и случајот за кенеди што му пукаше тој пред него што седеше.
Ако не е по твое: Спин спин насекаде:pos::pos:
Ок како кажеш кралу на троловите. Остани интелектуално супериорен и плачи како не чини општеството поради нас "фолијашите"

Но, што е со оние што својата инспирација не ја земаат од лекови, туку од тешките пропагандни артилерии ....?!? Како нив да ги контролираме..
Мал е % на пациенти од пропаганда и лесно се пратат и контролираат.
Поопасни се Прозак Риталин итн итн :
https://www.thenewamerican.com/usnews/crime/item/28307-from-prozac-to-parkland-are-psychiatric-drugs-causing-mass-shootings

А колку па тие донираат на политичарите во однос на овие со оружје :vozbud:
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Мал е % на пациенти од пропаганда и лесно се пратат и контролираат.
Поопасни се Прозак Риталин итн итн :
https://www.thenewamerican.com/usnews/crime/item/28307-from-prozac-to-parkland-are-psychiatric-drugs-causing-mass-shootings

А колку па тие донираат на политичарите во однос на овие со оружје :vozbud:
Не би се сложил со % од причината што ја кажуваш понатаму... лесно се контролираат... Што се контролира лесно е во помасовна употеба, барем кај посериозните држави. Претпоставувам мислиш дека радикално насилни пациенти излегуваат доста мал процент од овие.

Тие на прозак се надоврзуваат на овие од погоре, како причина за поголема контрола... Тоа ти е бабарога, која треба да ја покаже ранливоста на обичниот човек, во отсуство на режимот. И во зависност кој како е расположен, гласа за една од двете гранки на режимот. А во глобала ништо не се менува......

Е сега зависно од кој агол гледаш на работите, ако гледаш како нормален граѓанин (она што помодарството во едно општество го претставува како морален норматив) тогаш тие луѓе на прозак претставуваат опасност, но ако гледаш малку од погоре, ќе сватиш дека „нормалните“ граѓани всушност се бустот на едно такво општество и го овозможуваат ваквиот начин на манипулација.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.186
Поени од реакции
18.000
Малку да освежам, де....

Инаку демократот и жестокиот противник на Трамп Мајкл Мур, во еден од неговите документарци (не ми текиња по име), кажува дека не е проблем оружјето на граѓаните на САД, со ненормалниот степен на насилство што го има.... За разлика од САД Канада поседуваат процентуално повеќе оружје, а е прилично побезбедна земја....

Поентата на хумористичниот пост ми беше дека се слагам со тоа што ти и Владе го кажавте, „не убива оружјето, туку луѓето“....
---------------------------------------------------------------------------
Инаку покрај све, мој личен став е дека не сакам да живеам во држава каде што има толкав пристап до оружје како што има во САД.....
Секаде каде што има голем процент на оружје по глава на жител има повеќе убиства. Еве една Финска затоа што има повеќе оружје по глава на жител спрема остатокот на Европа има и повисок степен на убиства.

И од кај ти е информацијава дека Канада има повеќе оружје по главна на жител?[DOUBLEPOST=1519523523][/DOUBLEPOST]
Ако не е по твое: Спин спин насекаде:pos::pos:
Ок како кажеш кралу на троловите. Остани интелектуално супериорен и плачи како не чини општеството поради нас "фолијашите"

Мал е % на пациенти од пропаганда и лесно се пратат и контролираат.
Поопасни се Прозак Риталин итн итн :
https://www.thenewamerican.com/usnews/crime/item/28307-from-prozac-to-parkland-are-psychiatric-drugs-causing-mass-shootings

А колку па тие донираат на политичарите во однос на овие со оружје :vozbud:
Не е точно, многу е голем процентот кои се жртви на пропагандата. Посебно сега со Facebook.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Решението не е повеќе оружје туку помалку или строги контроли за тоа кој купува и кој поседува оружје.

Прво, тоа значи дека ти го праќаш своето дете да седи 8 саати на школо кај што има на пример 30 наставници и 30 парчиња на оружје. Ти би го пратил своето дете таму? На секој наставник му веруваш целосно за да му го довериш животот на детето? Второ не знам како би спиел наставникот навечер знаејќи дека во фиоката во училница има пиштол и тој треба да учествува во престрелка со некој психопат. Стресот е огромен. Трето, која е гаранцијата дека еден ден нема на некој од наставниците да му пукне филмот и да се истури на учениците пред да си го одземе животот.

Идејата е начисто луда.

NRA нормално ја подржува оти ќе има тендер на кој што ќе треба да се набават милиони пиштоли за по школите.
Ете и Анон објави твитовите од Трамп, не е дека секој наставник би чувал пиштол на биро и би мавтал со него кога одговара некој на табла. Не знам, има милијарда начини да се среди сето тоа, пиштолите во сејфти стакло како оние за пожар, патрола низ ходници за време на часовите од обучени полицајни итн итн.
Не е дека нас не засега сето ова, ниту пак сум бил во САД и знам каков е системот на оружје, едноставно од тоа што стасува до нас очигледно е дека службите затајуваат таму и е посигурно сам да си обезбеден отколку да чекаш на нив, ко тој офицерот што се посрал и не влегол во училиштетото дури си распукувал дебилот внатре. Таква им е културата таму и претпоставувам ако се случи бан во некаква форма, ќе биде пепели, исто ко со прохибицијата, а за построги контроли....се знае колку ќе се успешни, тој што сака да најде ќе најде.

Ваљда ќе речеш лупетам глупости ко Миленко, Волк и остали, али баш ми е интересна ситуацијата со малиот и армијата поддржувачи што ја има. Татко му бивш ФБИ агент, малиот со желба да биде познат, СНН го набркале другиот младич што учествувал во пукањето, crisis actors and all.. Бар за мене, нешто премногу смрди.

upload_2018-2-25_4-18-39.png upload_2018-2-25_4-18-49.png upload_2018-2-25_4-19-5.png upload_2018-2-25_4-19-16.png

Ако ова не е рекет или некоја поголема игра канализирана преку Давидчо, јас Билбо да не се викам :icon_lol:.
 
B

Bafra

Гостин
Секаде каде што има голем процент на оружје по глава на жител има повеќе убиства. Еве една Финска затоа што има повеќе оружје по глава на жител спрема остатокот на Европа има и повисок степен на убиства.

И од кај ти е информацијава дека Канада има повеќе оружје по главна на жител?[DOUBLEPOST=1519523523][/DOUBLEPOST]

Не е точно, многу е голем процентот кои се жртви на пропагандата. Посебно сега со Facebook.
Збориме "жртви" кои поради Х причина решиле да прават масакар.
Погоре имаш линк (ако го најдам постариот извор ќе го споделам) каде мислам од 19-20 пукања по школи и домови само 1 не бил под дејство на Прозак мозак лекарствата.
Милиони се под ФБ пропаганда или радикални движења па колку од нив отишле во школо и направиле масакар.

Најлесно е забрани оружје и божем завршена работа. 1000 закони забрани има (Алкохолот, проституција, дрога) па нема ефект.

There was an ARMED OFFICER on campus to protect students and he did nothing to stop the shooter. County Sheriff’s Deputy Scot Peterson, the armed school resource officer, did not enter the building. Three other Broward County Sheriff’s deputies were also outside the school and had not entered. The deputies had their pistols drawn and were cowering behind their vehicles and not one of them had gone into the school to protect the children.
(y) :sramezliv:

@jamajka тие под пропаганда допрва ќе почнат да се активираат. Затоа во ЕУ расте национализам :D .
Е кога ќе се активираат тие, тогаш очекувај милиони загинати :P
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Секаде каде што има голем процент на оружје по глава на жител има повеќе убиства. Еве една Финска затоа што има повеќе оружје по глава на жител спрема остатокот на Европа има и повисок степен на убиства.

И од кај ти е информацијава дека Канада има повеќе оружје по главна на жител?
ti pisav od kaj mi e infoto, od dokumentarec na zestokiot protivnik na tramp... neznam kolku e vistina, imaat navika da si lazat

https://en.m.wikipedia.org/wiki/Bowling_for_Columbine[DOUBLEPOST=1519547296][/DOUBLEPOST]
@jamajka тие под пропаганда допрва ќе почнат да се активираат. Затоа во ЕУ расте национализам :D .
Е кога ќе се активираат тие, тогаш очекувај милиони загинати :P
Ти дали ме зезаш мене?!?

Викаш не се активирани?!? Ај погледни го светот поубаво малце, без розови наочари и стави си прст на чело... Што е војната во Либија, Сирија, Ирак, Авганистан, Југославија, Кувајт, Виетнам и сите ебани воени интервенции и прокси војни со десетици ако не и стотици милиони жртви кои се случиле после вв2(вклучително и интервенцијата на САД и Британија во Егејска Македонија), кои се со амин на тие луѓе кои изманипулирани гласале за хегемони и угнетувачи ..... А национализмот како што викаш, не е разбуден.

Ако сакаш да споредиш со некои други времиња.... Германија на Хитлер немала проблем, а и Хитлер немал проблем со Германците се додека не почнала мечката да игра во негов двор.... Ако спрема тебе „активацијата на национализмот“ значи заигрување на мечката во дворот на светските хегемони и угнетувачи... Тогаш тоа е еднакво со падот на Нацизмот.
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
ti pisav od kaj mi e infoto, od dokumentarec na zestokiot protivnik na tramp... neznam kolku e vistina, imaat navika da si lazat

https://en.m.wikipedia.org/wiki/Bowling_for_Columbine[DOUBLEPOST=1519547296][/DOUBLEPOST]
Ти дали ме зезаш мене?!?

Викаш не се активирани?!? Ај погледни го светот поубаво малце, без розови наочари и стави си прст на чело... Што е војната во Либија, Сирија, Ирак, Авганистан, Југославија, Кувајт, Виетнам и сите ебани воени интервенции и прокси војни со десетици ако не и стотици милиони жртви кои се случиле после вв2(вклучително и интервенцијата на САД и Британија во Егејска Македонија), кои се со амин на тие луѓе кои изманипулирани гласале за хегемони и угнетувачи ..... А национализмот како што викаш, не е разбуден.

Ако сакаш да споредиш со некои други времиња.... Германија на Хитлер немала проблем, а и Хитлер немал проблем со Германците се додека не почнала мечката да игра во негов двор.... Ако спрема тебе „активацијата на национализмот“ значи заигрување на мечката во дворот на светските хегемони и угнетувачи... Тогаш тоа е еднакво со падот на Нацизмот.
Јас не споредувам ти си тој што од зборење за пукање во школо, скокна на освојувачки нагон кај човекот. :confused:
НЕ мешај сега баби и жаби, држи се до тоа што е тема на муабет. Колку во САД имало школски масакри под дејство на пропаганда а колку под дејство на Прозак ?
Војни од секогаш имало и ќе има зашто во свеста сме сеуште варвари. НИКОЈ не е изманипулиран, туку тоа си сакаме. Ако нешто не сакаш ќе се противиш, ќе демонстрираш, ќе бараш одговорност од одговорните т.е. да бидат сменети или казнети. Нема невини или неутрални, штом плаќам данок, а не гласам пак сум виновен, бидејќи од моите пари се финансираат тие што ги обвинуваш. Неучинувањето е казниво по закон :P

https://www.youtube.com/watch?v=UoQdp2prfmM

од 20:00 минута потроши само 13тина минути врска каде и зашто се движиме.Јас потрошив на легендата што ја прати :D
 
ОК ти ја разбирам поентата, реков дека не се разликува од мојот став, туку повеќе се разликува од моето гледиште, сакав малце да ги прошириш видиците и да застанеш од неколку страни...

Е сега да се вратиме на основното, кај што ти ми викаш дека злосторствата не се споредливи. Точно злосторствата не се споредливи и тоа од двете гледишта. Првото е гледиштето на Американците, кои не се баш засегнати директно од тоа што САД палеле живи луѓе со напалм во Егејска Македонија, па така повеќе ги боли кога некој кај нив ќе се понаша варварски, додека за варваризмот на нивната влада која тие ја финансираат не ги интересира. И второто е гледиштето на тие што изгубиле блиски во варварското однесување на владата на САД во Егејска Македонија на пример, кадешто нив па не ги боли тоа што се случува во САД, туку тоа што им се случува на прагот....

А од друга страна кога ќе видиш, првото злосторство (тоа во САД) има директна поврзаност со второто злосторство (тоа во Егејска или каде и да е на друго место), како начин за манипулација на луѓето и канализирање на секоја здрава мисла.

Е сега како што војни секогаш имало и ќе има, изливи на насилство и бес на болни умови секогаш имало и ќе има во историјата... Дури без да постои прозакот... А пошто историјата на човековата цивилизација е само зрно песок во еволуцијата на човекот, можеме да заклучиме дека човекот од пред 3000 години и човекот од сега се генерално на исто еволуциско ниво, па така неможеш злосторите во историјата да ги препишеш на нееволуираноста на човекот.

А кога збориме за тоа што го викаш: „Ако нешто не сакаш ќе се противиш, ќе демонстрираш, ќе бараш одговорност од одговорните т.е. да бидат сменети или казнети“. Е тука доаѓа на сцена пропагандата и улогата на луѓето на прозак во цела оваа ситуација, како еден мал дел од таа пропагандна машинерија... Како што кажав луѓето на прозак служат за две причини. 1. да се пренасочи фокусот кон внатре, за да не се зборат злоделата направени надвор, и 2. да се створи немоќ во одсуство на режимот... или рекет ефект модерно кажано.. Кога на све ова ќе ги додадеш и другите методи на владеење (прислушкување, следење, снимање, влегување во приватноста итн.) кои не се баш конвенционални ќе видиш дека крајниот резултат на све тоа е „the god effect“ кое носи самоконтрола и самоцензура... нешто за што многу малку се збори....

BTW го гледав посочениот дел од видеото.. Гледам дека си бајаги импресиониран... Тоа е дека не си учел марксизам и филозофија у средно :)
 
Те сфатив што кажуваш но не гледам поврзаноста на школските масакри од деца под Прозак со надворешните политики !!!
Детево било ментално со тапија.

Јасно ми е тоа што збориш, исто ко Белгискиот Леополд кој никој не го опкривува ама сите се радуваат на белгиски чоколади и сл. но затоа реков сега ја тераш темата на поопшти работи а тоа не беше фокусот.
Јасно е дека амерички војник кој убива деца во либија е патриот а дома кога ќе им убијат тогаш ги оплакуваат. Ама кратко трае жалењето.
А како што самиот кажа резултатот на варварското однесување на власта во САД ќе биде казнето но полека, исто како што сега во Белгија не може да видиш белец или најдеш колку толку нормален и човечен да е. Убивале црнци ко муви, сега црнци по дома им се шетаат.

Филозофија сум учел средно :P
Маркс нешто на факултет, ама затоа реалноста потврдила дека примената на Марксовото учење има катастрофални последици за цивилизацијата.
Дали сте спремни тоа да го прифатите или не, друга тема е тоа и навлегува во психологија.
 
Да поопшто ги гледам работите од причина што и да се забрани оружјето, вакви масакри посекако ќе има. Ако не со огнено оружје, тогаш со ладно, со дома направени бомби, со влетување со кола и камион во маса луѓе и слични акти кои ги користитат и исламистите....

Еве гледај сега, за последново дете што го извршило убиството, имало најави за тоа, ФБИ знаело за тие најави и никому ништо... Демек не ги сватиле сериозно... Овие злосторства на еден или на друг начин му служат на режимот.

И пак ќе речам иако мојот став е дека во една држава мора да има строги закони за поседување на оружје, сепак сметам дека донесување на таков закон во САД нема да ги намали ваквите масакри по училиштата.
 
Па што толку го тупевме кога исто сметаме :D . Тоа другите работи што ги спомна се друга поопширна тема.

А врска манипулирани што ги правдаш луѓето, ко божем невини сме, други се виновни бла бла има една изрека: Заеби ме еднаш, срам да ти е. Заеби ме вторпат срам да ми е.

Значи може да изманипулираш 18 годишник ама ако се повозрасни значи глупи, наивни и мрзливи се, а тоа НЕ е оправдување и сите ќе си платиме цехот :D .

Генерал Електрикс има проблеми со пензискиот фонд од неколку милијарди и 500.000 членови. Кој е виновникот по тебе ??
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Филозофија сум учел средно :P
Маркс нешто на факултет, ама затоа реалноста потврдила дека примената на Марксовото учење има катастрофални последици за цивилизацијата.
Дали сте спремни тоа да го прифатите или не, друга тема е тоа и навлегува во психологија.
А кој е допринесот врз цивилизацијата на владеењето и ширењето на демократијата во последните 70тина година??? Десетици уништувачки војни на општества кои десетици години ги трпат последиците на директното или индиректното мешање на демократски ориентираниот запад. Или можеби ти овој период го сметаш за врв на цивилизацијата?

Не дека го бранам комунизмот или интернационализмот, ама мојот став е дека секој еден систем е подложен на злоупотреба. Тоа го заклучува и типот од видеото со примерот за ЕУ...[DOUBLEPOST=1519563111][/DOUBLEPOST]
Па што толку го тупевме кога исто сметаме :D . Тоа другите работи што ги спомна се друга поопширна тема.
Не тупиме, туку праиме мубает. Или си навикнат да контраш со некого ?
А во таа поопширна тема влегува како дел и тоа што е во фокус на муабетот....

А врска манипулирани што ги правдаш луѓето, ко божем невини сме, други се виновни бла бла има една изрека: Заеби ме еднаш, срам да ти е. Заеби ме вторпат срам да ми е.

Значи може да изманипулираш 18 годишник ама ако се повозрасни значи глупи, наивни и мрзливи се, а тоа НЕ е оправдување и сите ќе си платиме цехот :D .
Многу ја релативираш моќта на пропагандата. Не постои човек кој не подложен на пропаганда, па дури и тие кои се експерти за пропаганда. Еве дури ако човек се заангажира може и тебе и мене да ми најде влијание од пропаганда.... И тоа би се изненадил колку многу. Разликата можеби е во тоа, што јас некогаш се препуштам на пропагандата, не толку се замарам да ја барам, од причина што сметам дека е тоа непроменлив процес на владеење во цивилизацијата. Па сметам дека и кога би бил дел од власта свесно би ја користел.

Генерал Електрикс има проблеми со пензискиот фонд од неколку милијарди и 500.000 членови. Кој е виновникот по тебе ??
Виновник е субјективна работа, поготово во дела за кои се потребни повеќе луѓе. Некои од учесниците биле свесни за проневера, некои не биле. А на крајот на краиштата можеби све е и направено со најдобра намера, но неуспешно, па довело до колапс...

Како што навидум масакрите во училиштата немаат врска со надворешната интервенциона политика на САД, така и ова нема навидум никаква поврзаност, но ако го следиме фактот дека олигархијата владее со САД, тогаш може и да почнеме да наоѓаме некаква поврзаност, ако го навлеземе во конкретниот случај.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom