Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.470
Поени од реакции
18.486
Трамп му еба мајката на Републиканциве, ги растура надолго и нашироко :D
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.884
Поени од реакции
36.939
Голема работа. :tapp:


Прашањето е дали републиканците извлекле поука од вчерашниот изборен пораз и утре ќе гласаат против укинувањето на Интернет неутралноста - една од ретките добри политики на Барак Хусеин Обама.

За утре, четврток, 14 декември 2017, е закажана седницата на Федералната Комисија за Комуникации - ФКК на САД, во која мнозинството го имаат републиканците, па ако извлекле поука од вчерашниот изборен пораз, ќе гласаат против укинувањето на Интернет неутралноста, во спротивно ќе ја отворат Пандорината кутија на Интернетот и ќе следува многу неубав период во историјата на Интернетот во САД.
Е сеа и ти голема работа... три децении републиканци победуваат на секои избори за public office во Алабама а сега изгуби нивни кандидат кој Трамп директно го подржа. Не е крај на светот али не е ни мала работа.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.089
Поени од реакции
12.649
Е сеа и ти голема работа... три децении републиканци победуваат на секои избори за public office во Алабама а сега изгуби нивни кандидат кој Трамп директно го подржа. Не е крај на светот али не е ни мала работа.
Ова е голема работа - конкретна листа со американските конгресмени кои се опариле од американските Интернет провајдери, а за возврат денес, четврток, 14 декември 2017, Федералната Комисија за Комуникации - ФКК на САД, со 3 гласа ЗА наспроти 2 гласа ПРОТИВ, ја укина Интернет неутралноста во САД.

All 535 members of Congress, and how much money they got from ISPs - The Verge
Congress took $101 million in donations from the ISP industry — here’s how much your lawmaker got


Американците ја укинаа нет-неутралноста

Со укинувањето на Интернет неутралноста во САД се отвора патот за приватна Интернет цензура во САД, бидејќи со укинувањето на Интернет неутралноста, секој Интернет провајдер ќе може самоволно да одлучува дали сака да блокира, успорува или приоритетизира било кои Интернет страници и било кои Интернет сервиси за сопствените корисници.

Па до некаде би можеле републиканците да го сфатат изборниот пораз на Рој Мур како предупредување за тоа што ги чека на наредните редовни парламентарни избори во САД, кои треба да се одржат во ноември 2018, па во меѓувреме можат да усвојат закон со кој ќе се загарантира Интернет неутралноста во САД - ако се подготвени да ризикуваат да останат без парите од телекомуникациските лобисти во Вашингтон.
 
Последно уредено:
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Мислам дека ова го немало тука.:D

Текст за изборот на Обама. Овој текст е од книгата “Размислувај како шампион“ на Трамп.
Изборот на Барак Обама најави поинаков свет
По изборите во 2008 година, бев на интервју кај Доминик Картер од телевизијата Њујорк 1, во неговата емисија „Внатре во Сити Хол“. Њујорк 1 е телевизија што емитува само вести и е популарна во Њујорк, а Доминик Картер е новинар кон кого имам голема доза на почит. Тој би требало да има национална емисија, но во тој случај на Њујорк ќе му недостасува неговата редовна и динамична присутност. Тој ме опиша како „човек кој не е познат по тоа што си го задржува мислењето за себе“, а во интервјуто опфативме некои интересни теми. Доминик ме праша за изборите и јас искрено одговорив дека Мекејн беше во речиси невозможна ситуација. Буш беше толку некомпетентен што на кој и да е републиканец му претстоеше тежок период, освен ако не го вратеа назад Ајзенхауер. Буш беше катастрофа за државата, исто како и за Републиканската партија. Потоа, новинарот ме праша за Барак Обама. Му одговорив дека Барак ќе треба да биде голем претседател затоа што како држава сме во сериозна неволја. Не било така уште од 1929 го дина2 . Така што, тој нема многу избор - тој, едноставно, мора да биде голем, и има многу добра шанса тоа и да биде.
Она што тој го направи е неверојатно. Фактот што го постигна она што мораше - за само една година и соочен со големи тешкотии - е навистина феноменално. Ако некој ме прашаше дали црн човек или жена може да стане претседател, јас ќе им кажев да, но не сè уште. Барак Обама докажа дека решителноста комбинирана со можноста и интелигенцијата можат да направат нештата и да се случат - и тоа, на исклу чителен начин. Тој не влегува во лесен или завиден период. Во октомври 2008 година, американската влада објави дефицит од 237 милијарди долари. Добрата вест е што се чинеше дека Обама е многу свесен за ситуацијата. Неговите коментари ме наведоа да верувам дека тој разбира дека економијата функционира на сеопфатно ниво. Тој, исто така, се опкружи себеси со мошне компетентни луѓе, а тоа е карактеристика на силен лидер. Јас верувам дека тој ќе даде сè од себе и дека имаме некој што е сериозен во решавањето на проблемите што ги имаме и со кои ќе се соочиме во иднина. За мене тоа е мошне добра вест. По 11 септември, нашата земја прими многу сочувство од државите и од луѓето од целиот свет. Но, по само еден кус период, нè мразеа. Како се случи тоа? Немавме дијалог со другите држави затоа што тие толку очигледно нè мразеа. Она што денес е различно, е тоа што имаме нова шанса, нов почеток. Светот е восхитен од Барак Обама и од новите Соединети Американски Држави. Ајде да го зачуваме тоа.
 
B

Bafra

Гостин
" Нацрт-законот за даночните реформи и намалувањето на даноците денеска беше одобрено и од американскиот Конгрес со 227 гласа „За“, додека 203 гласаа „Против“. :свиркам:

Против гласаа сите членови на Демократската партија и 12 републиканци." :facepalm:


Ќе цркнат ова демокративе кои божем за народот беа, а НИЕДЕН ама НИЕДЕН не гласал ЗА намалување даноци. Ете колку ги боли ташакот за народот :kuracc:

Лицемерие, лакомост, нечесни до коска. Еден да гласаше спротивно па да речеш има демократија во самата партија.
Хилари што сакаше еднаквост за народот :pos:

ЕУ зголемува даноци, затвара даночни раеви, каде ли ќе идат "да биг мани" :свиркам:
 
B

Bafra

Гостин
Оваа даночна реформа е се, само не бенефит за широките народни маси
Сигурно си го прочитал предлогот или колку да се напише нешто :D
Можеби @NewForce прочитал ама се срами да сподели :unsure:

И најмало намалување на даноци или било какво олеснување е од корист, бидејќи и така за возврат не добиваш ништо од власта.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.884
Поени од реакции
36.939
Сигурно си го прочитал предлогот или колку да се напише нешто :D
Можеби @NewForce прочитал ама се срами да сподели :unsure:

И најмало намалување на даноци или било какво олеснување е од корист, бидејќи и така за возврат не добиваш ништо од власта.
Да де не добиваш ништо, автопати, железници и нуклеарни централи марсовци ги градат, полиција, пожарна со пиперки и патлиџани ги плаќаат.
 
B

Bafra

Гостин
Да де не добиваш ништо, автопати, железници и нуклеарни централи марсовци ги градат, полиција, пожарна со пиперки и патлиџани ги плаќаат.
Соодносот што го плаќаш со квалитетот што го добиваш.... :cenzura:
Зашто тогаш се задолжуваат толку многу државите...
Полицијата пред 30-40 години си ја вршела функцијата која треба да ја врши (заштита на граѓаните)
И сите тие работи што ги наброја и плус многу други приватен сектор може да ги прави и тоа подобро а и во многу случаеви многу поевтино :P

И во Библијата е напишано до 10% да плаќаш е ОК, ама 50%, 60% тоа е кражба.
Ако чекај ти од политичарите да работат за тебе, се се тоа хумани и чесни луѓе :D

Врска демократите нешто да кажеш што се против намалување даноци, а се грижат за новчаникот на сиромашните :P
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.884
Поени од реакции
36.939
Соодносот што го плаќаш со квалитетот што го добиваш.... :cenzura:
Зашто тогаш се задолжуваат толку многу државите...
Полицијата пред 30-40 години си ја вршела функцијата која треба да ја врши (заштита на граѓаните)
И сите тие работи што ги наброја и плус многу други приватен сектор може да ги прави и тоа подобро а и во многу случаеви многу поевтино :P

И во Библијата е напишано до 10% да плаќаш е ОК, ама 50%, 60% тоа е кражба.
Ако чекај ти од политичарите да работат за тебе, се се тоа хумани и чесни луѓе :D

Врска демократите нешто да кажеш што се против намалување даноци, а се грижат за новчаникот на сиромашните :P
Тоа е друго, не правиме муабет дали треба даноци туку за нивна распределба. Кој им е крив што трилиони долари даваат за војска а не за образование, инфраструктура и наука.

Реформата на даноците му ја немам читано ама видов дека WSJ како најрелевантен бизнис весник во САД не ја прифаќа како позитивна.
 
B

Bafra

Гостин
Тоа е друго, не правиме муабет дали треба даноци туку за нивна распределба. Кој им е крив што трилиони долари даваат за војска а не за образование, инфраструктура и наука.

Реформата на даноците му ја немам читано ама видов дека WSJ како најрелевантен бизнис весник во САД не ја прифаќа како позитивна.
Па да де, за нивната досегашна распределба.... каде идеа, што добиваше досега ?? Одговара ли цената во однос на добиениот квалитет.

Кој им е крив што трилиони долари даваат за војска а не за образование, инфраструктура и наука.
Епа ете ти доказ дека Политичарите ти ги трошат парите за непродуктивни ... САД бидејќи моментално се алфа и омега последни ќе кркаат стапот, сите други полека ќе почнеме да пасеме трева.

САД за наука не се секирај, цел свет го имаат на дланка и секој гениј што ќе се појави си го земаат ;)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.089
Поени од реакции
12.649
Хехехе, од изборното ветување на плавиот Дони Трамп, кое гласеше:

1. Секој граѓанин на САД кој не е во брак, а заработува помалку од 25.000 американски долари годишно, нема да плаќа данок;
2. Секој брачен пар чии што брачни партнери заедно заработуваат помалку од 50.000 американски долари годишно, нема да плаќаат данок;

единствен ќар ќе видат само брачните партнери кои заедно заработуваат помалку од 25.000 американски долари годишно, и тоа нивниот ќар ќе се сведи на цели 60 (ШЕЕСЕТ) американски долари годишно. :aplauz:

Сигурно и ова е дело на велешани и на Русите, да ги ослабнат САД со тоа што богаташите ќе плаќаат помалку данок. :confused:

https://off.net.mk/vesti/makedonija/danochna-reforma-koja-bogatite-kje-gi-napravi-ushte-pobogati

Даночна реформа која богатите ќе ги направи уште побогати

20 Декември 2017 - 12:28

САД

Корпоративната даночна стапка се намалува од 35 на 21 отсто. Семејствата кои заработуваат помалку од 25.000 долари годишно ќе добијат просечно намалување на данокот од 60 долари, додека оние што заработуваат повеќе од 733.000 американски долари ќе платат 51.000 долари помалку.



Даночната реформа во САД, која ја туркаа Републиканците и со која трајно ќе се намалат даноците за корпорациите, а привремено за многу лица - помина во Сенатот и е на чекор да стане закон откако ќе биде потпишан од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп. Во тоа никој не се сомнева со оглед дека даночните реформи беа една од неговите заложби во претседателската кампања и практично се прва голема законодавна победа во американскиот Конгрес.
Накусо, планот предвидува драматично и трајно намалување на даночната стапка која ја плаќаат корпорациите, како и намалување на даноците на доход во 2018 година за огромното мнозинство на домаќинства. Аналитичарите оценуваат дека богатите ќе добијат многу поголемо олеснување отколку средната класа и сиромашните работници.

Вашингтон пост, во текстот по гласањето во Сенатот, пишува дека станува збор за најзначајните промени во даночниот законик уште од 1986 година.



Суштината на планот е големо и трајно намалување на корпоративната даночна стапка од 35 на 21 отсто.. Исто така, ќе се намалат индивидуалните даночни стапки за сите нивоа на данок на доход. Семејствата кои заработуваат помалку од 25.000 долари годишно ќе добијат просечно намалување на данокот од 60 долари, додека оние што заработуваат повеќе од 733.000 американски долари данокот ќе им се намали во просек за 51.000 долари, според Центарот за даночна политика.

Сенатот го усвои предложениот закон со тесно мнозинство од 51 гласови „за“, наспроти 48 гласови „против“. Гласањето беше прекинувано неколку пати од страна на демонстранти кои извикуваа во салата „убијте го законот, не убивајте не нас!" ("kill the bill, don't kill us!"). Неколку демонстранти беа отстранети од салата.

Михаил Книге за Дојче веле пишува дека во крајна инстанца најбогатите еден отсто од Американците ќе добијат 82 отсто од новите повластици.

„Тоа е така затоа што најголемиот дел од донесените мерки за привремени. Но, дури и кога законот ќе влезе во сила следната година со сеопфатни намалувања на даноците, пет отсто од Американците ќе плаќаат повеќе данок од сега, додека најбогатите Американци ќе имаат најмногу ќар“, вели Книге.



Се смета дека освен на најсиромашните, даночната реформа ќе влијае негативно и врз средната класа. Како што пишува Дојче веле, „една од најзначајните последици од даночната реформа ќе биде и отстранувањето на клучниот елемент на Обамакер (законот за здравствено осигурување), т. н. поединечно право. Тоа право наметнуваше казни за луѓето кои не купуваат здравствено осигурување. Сега откако таквото барање ќе биде укинато, се проценува дека премиите за осигурување ќе експлодираат. Според процените изнесени во американскиот Конгрес, тоа ќе резултира над 10 милиони Американци да го напуштат системот што доведе до зголемување на бројот на неосигурани лица и практично ќе ја загрози одржливоста на Обамакер.

Многу од кратењата за поединците се врзани со рок на траење, односно ќе истечат во наредните години. Републиканците аргументираа дека ги поставиле ваквите рокови со цел да се испочитуваат ограничувањата на Сенатот за тоа колку законот би можел да го зголеми дефицитот на земјата и велат дека идниот конгрес може да ги продолжи намалувањата или да ги направи постојани. Но, доколку изостане ваква интервенција, мерката ќе ги зголеми даноците на 53 отсто од Американците до 2027 година, се вели во извештајот на Центарот за даночна политика.



Предлог-законот, исто така, го реструктуира комплицираниот систем на даночни повластици, односно одбивки, кои ги користат многу домаќинства и бизниси за да ги намалат своите даночни сметки. Стандардното намалување на многу домаќинства со среден и низок приход двојно ќе се зголеми, а даночниот кредит за деца ќе се прошири. Меѓутоа, останатите одредби за заштеда на пари, вклучувајќи и одбитоци на камати исплатени на хипотеки за нови домови и провизии кои им им овозможуваа на Американците да го одземат она што го плаќаат како државни и локални даноци, ќе биде укинато.

Во анализата на претходната верзија на нацрт-законот, Мешовитиот комитет за даноци на Конгресот, предвиде дека законот во наредната деценија ќе го зголеми дефицитот на земјата за 1 трилион долари (илјада милијарди долари), дури и ако се земе во предвид проектираниот економски раст. Комитетот исто така процени дека даночната реформа ќе го засили економскиот раст за 0,8 проценти во текот на една деценија, што е значајно помала процена за раст од 3 отсто кои го најавија Републиканците во вторникот.

„Ние немавме раст од три отсто уште од пред последната рецесија. Даночната реформа ќе ни донесе економски раст од три отсто“, рече спикерот Пол Рајан пред гласањето.
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
Хехехе, од изборното ветување на плавиот Дони Трамп, кое гласеше:

1. Секој граѓанин на САД кој не е во брак, а заработува помалку од 25.000 американски долари годишно, нема да плаќа данок;
2. Секој брачен пар чии што брачни партнери заедно заработуваат помалку од 50.000 американски долари годишно, нема да плаќаат данок;

единствен ќар ќе видат само брачните партнери кои заедно заработуваат помалку од 25.000 американски долари годишно, и тоа нивниот ќар ќе се сведи на цели 60 (ШЕЕСЕТ) американски долари годишно. :aplauz:
Обично ти наоѓаше извори кои колку толку содржеа реални информации, што ти бидна сега :cautious:
Ќар ќе имаат од 3% за разлика од претходно, а во цел свет трендот е поголеми даноци и нови непотребни даноци. :cool:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.089
Поени од реакции
12.649
Обично ти наоѓаше извори кои колку толку содржеа реални информации, што ти бидна сега :cautious:
Ќар ќе имаат од 3% за разлика од претходно, а во цел свет трендот е поголеми даноци и нови непотребни даноци. :cool:
Добредојден си да цитираш извори со реални информации кои го негираат тоа што јас го цитирав од Off.net.mk, а кое е превземено од Вашингтон Пост и од Дојче Веле.

Еве ти ги и линковите од Вашингтон Пост и од Дојче Веле, добредојден си да цитираш други извори со реални информации кои би ги негирале овие статии.

GOP tax bill passes Senate as House prepares to send it to Trump

Даночна реформа на Трамп: богатите - побогати
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.884
Поени од реакции
36.939
Најјака му е фората за даночните намалувања за средната и ниската класа кои се смешно мали и се привремени со траење до крај на неговиот мандат а за богатите намалувањата се трајни. Се ја ебал мајката портокаловиот :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom