Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.328
Поени од реакции
36.235
Враќање на производните капацитети во САД е неостварлив и прилично глуп сон.

Американската економија веќе ја надмина фазата на производство и сега е високо технолошка економија со база во услужен сектор.

Треба програми за обука и едукација за обичниот граѓанин што работел во производство да може да се соочи со предизвиците на денешниот свет. А не да му се ветува дека светот ќе се врати назад за 20 или 30 години.
 
Последно уредено:

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Враќање на производните капацитети во САД е неостварлив и прилично глуп сон.

Американската економија веќе ја надмина фазата на производство и сега е високо технолошка економија со база во услужен сектор.

Треба програми за обука и едукација за обичниот граѓанин што работел во производство да може да се соочи со предизвиците на денешниот свет. А не да му се ветува дека светот ќе се врати назад за 20 или 30 години
...искрено да ти кажам , не сум баш многу сигурен дека си во право. Изненадувањето може да биде големо. И мислам дека никој не ни очекува пак да ги види во онаква форма какви биле челичаните, фабриките за автомобили ...итн.

Одамна производните сили што би рекол Маркс ги надминале и најпустите претпоставки на пишувачите на научна фантастика... :)
Сеа им треба само џиновски систем за да ги залаумфа. Јас повеќе би се замислил за Европа, Русија и многу други слични кои уште реално гледано ...спијат ушушкани у перја ...во стогодишен зимски сон...
 
Нема никаква економска логика во враќањето во производствена доба за земја како САД. Додуша има ама таа логика е негативна, што значи некој да губи пари за да се оствари тоа.
Друга логика е државата преку субвенции и создавање на клиентелизам од луѓето што ќе работат таму да го оствари тоа.

Јас сигурен сум дека кога се случувала индустриската револуција имало луѓе што велеле "не бидете будали да работите во фабриките да ковате некои железа таму, елајте си да ги ораме полињата, да береме пиперки и домати и да чуваме стока".

Нормално е тоа, некој ќе биде предводник на револуцијата, некој ќе го фати текот и ќе се прилагоди на новите околности, а некој ќе остане заглавен во претходното доба.
 
...а бе клиентелизам па клиентелизам. Ќе смисли некој некоја флоскула и после таа се лепи и кај треба и кај не треба. Каков бе клиентелизам јеботе благи бог светот треба да функционира рамномерно и еднакво за сите...и за растенијата и за животните и за умните меѓу нив наречени луѓе. Ако тоа го сваќате добро , ако не , не сме први кои ќе отидат у красни курац. И ова ама ич не е зелена мантра туку чиста математика. Другата варијанта е насилно да се ликвидира во кусо историско време 90% од популацијата..., а кон тоа решение изгледа тежат твоиве љубени глобалисти..., само уште неклиентелистички да не не маткаат ин отворено кажат кого го сметаат за света крава , а кого за обичен вол... :) :)
 
S

silmarillion

Гостин
Не бе еднаквост е да добиеш работа само затоа што си Американец/Македонец/Марсовец. Еднаквост е кој колку ќе вложи толку ќе добие. Да го ебам у Африка научија за тоа па прекинаа да кенкаат дека некој друг им е крив само кај нас паразитиве уште се драпаат и мислат дека некој ги есапи 5% :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.652
Поени од реакции
11.874
Заврши и блокадата за изградбата, поточно блокадата за продолжувањето на нафтоводот Кистон од Канада кон САД, позната како нафтоводот Кистон Икс-Ел.

Блокадата на изградбата на Кистон Икс-Ел, која ја воведе Барак Хусеин Обама во ноември 2015, завршува на денешен ден, вторник, 24 јануари 2017, со извршна наредба потпишана од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој потенцира дека САД ќе преговараат со Канада за правилата и условите за изградба на нафтоводот, кои би биле од корист за двете страни, притоа инсистирајќи цевките за потребите на цевководот на територијата на САД да бидат произведени во САД.

Истовремено, Трамп потпиша извршна наредба со која се одобрува изградбата на нафтоводот Дакота Акцес, која е заглавена во имотно-правни спорови со домородците кои живеат долж планираната траса на нафтоводот.

Мора да се потенцира дека и самиот Доналд Трамп има свој мал - но сепак постоечки - сопственички удел во компанијата Филипс 66, која со удел од 25% е еден од инвеститорите во изградбата на нафтоводот Дакота Акцес.

Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
Бафра, која ти е проценката , што може железото со погон на гасеници да влијае на ситуацијата и колку саати ќе трае неговото влијание на околината пред да биде стопено????
Тоа колку ќе трае најдобро jamajka да го прашаш, тој е по воени стратегии. А за влијанието несомнено е дека затоа и се прават овие работи, да не би имале влијание нема ни да ги има.
Само сите зборат Блиски Исток ќе биде центарот.
Во ЕУ прво треба изборите во Франција и Германија па после внатрешни немири ова она.
Во Шведска опозицијата бара војската да се вклучи во воведување ред во Малмо, оти полицијата немала ни пристап ни влијание во многу квартови :D

А светот неможе и нетреба да делува еднакво и рамномерно, туку праведно. И кај животните имаш поделба но на праведен начин, според способностите.

Оти па глобалистите би сакале 90% популација да уништат, кој после ќе им троши и работи :D.
Мислам дека ледената доба што ни претстои е поголема опасност за човештвото а Трамп веќе работи и на тоа поле ;)
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Доброто е што низ цел свет се појавува потребата од 3 партија. Дури и кај нас народот се освестува дека сдс-дпмне заедно не онадат :D
Од ова сум јас разочаран. Знам дека ние сме секогаш последна дупка на свиролот, но очекував победата на практички независен кандидат во САД да се рефлектира и кај нас со поголемо политичко шаренило на изборите што беа само месец дена подоцна. Ама не, двете најголеми партии си собраа 100 пратеника, како никогаш досега.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.716
Поени од реакции
26.251
Трамп почна значи :)
Ама уште не дознав дали ќе го повлече амбасадорот во Македонија.
 
VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Либерални мантри...

:pos:

Што дрога е ова да не знае некој?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.915
Поени од реакции
15.902
Трамп почна значи :)
Ама уште не дознав дали ќе го повлече амбасадорот во Македонија.
си кажа тој дека сите што ги поставил Бама ќе ги смени...ама треба време ... друго што е проблематично е да не има кај него некое грчко лоби што ќе кочи за некој работи...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom