Con Artist
the man with the key
- Член од
- 1 мај 2012
- Мислења
- 5.424
- Поени од реакции
- 22.122
Ја преиначиле одлуката, куќниот притвор му се заменува со 30 дена притвор во Шутка.
За сопственикот на Пуцко Петрол Асмир Јахоски - 30 дена притвор во Шутка
За сопственикот на Пуцко Петрол Асмир Јахоски - 30 дена притвор во Шутка
Асмир Јахоски, сопственик на „Пуцко Пeтрол“, осомничен за скандалот со штетниот мазут, оди во затвор. Советот на Кривичниот суд во Скопје ја прифати жалбата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и донесе одлука со која на Јахоски наместо куќен притвор му се одредува мерка притвор во траење од 30 дена поради опасност од бегство.
„Мерката куќен притвор, определена врз основа на одлуката на судија на претходна постапка, се менува и му се изрекува мерка притвор во траење од 30 дена поради постоење на опасност од бегство и околности кои укажуваат дека истиот може да ја попречи истрагата и да влијае на сведоците“, велат од Кривичен суд.
Според соопштението на Кривичен, од надлежната полициска станица е добиено известување дека Јахоски е испратен во истражниот затвор Шутка, а странките имаат право на жалба до Апелациониот суд во Скопје.
Одлуката за промена на мерката против сопственикот на „Пуцко Петрол“, Асмир Јахоски, е донесена откако претходно Обвинителството за гонење организиран криминал и Судот неколку дена си ја префрлаа одговорноста околу тоа кој одлучил Јахоски да оди во домашен притвор. Обвинителството побара да се испитаат фактите, а од Судот соопштија дека самото обвинителство се согласило за мерката куќен притвор. Оваа ситуација предизвика многу реакции од јавноста и политичарите. Премиерот Мицкоски упати и серија обвинувања против шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази. Според Мицкоски, наместо да го брани владеењето на правото, тој избрал да биде слуга на партијата која со години беше на власт.