Konceptot na nacija i pripadnost e kompliciran.
Па вака како што си напишал е ептен комплициран. (извини ама јас ништо не разбрав)
Поимањето на тоа што е Македонец не е исто тука и таму Јас имам разговарано со наши, млади луѓе од Лерин и можев да заклучам дека единствено нзс ни е јазикот.
Зошто генерализираш, си разговарал со неколку Македонци и од тоа правиш правило и закон, не оди така.
Најнормално е ЈАЗИКОТ Македонски да е сврзивното ткиво меѓу Македонците, а што очекувате вие, јазикот не прави Македонски Народ?
Не е точно,бројката е пренапумпана.
Браво, сега дај свои и извор каде би можеле да провериме колку се истите издржани.
Моја груба проценка е дека сме некаде 350,000-400,000 во Грција.
Веројатно ти си некој проценител, глеам убаво ти одат проценките.
За време на Балканските Војни и Граганската Војна во Грција доста има голема преселба на Македонци кон Р Македонија и Бугарија и Турција и со бегање во дијаспората наша.
Браво ова и еден Грк-Андарт не би рекол подобро.
НАСИЛНОТО ПРОТЕРУВАЊЕ на Македонците стана преселба


Буквално 90% од т.н. грци во Егејот се мигранти од Турција и блиски исток, т.е. се што било или се нарекувало Христијанско во твој крај било претварано во т.н. "грчко население" и носено во имотите на претходно протераните Македонци. Затоа повеќе од половината грци таму личат на егал Арапи
Сакам кажам не знам речам.
Сакаш да зборуваш за МААЏИРИ, доселеници од Мала Азија населени на Македонски имоти.
Истите по '70-тите наголемо се селат од македонските простори, барем така ми говорат Македонци и Грци а видејќи сум на само некој км имам поприлично точни информации.
Грци кои според физиономија наликуваат на Арапи (Либанско потекло) се од Олимп надолу, Мааџирите не се со таква физиономија, ама како што реков сакам кажам не знам речам.
Македонец е сведено само на културолошко ниво
А што според тебе е Македонец генетски код?
Се повикаш на еугеника за да некој прогласиш за Македонец или што е работата?
Во тие земји значењето за Македонец е сведено само на културолошко ниво (панаѓури и танцови сведени на 2-3 годишно) и локално думање во селото.
Они Македонец разбираат само на култулорошко ниво а ниво на етникум и национална свест сеуште НЕ.
Они уште не разликуваат етникум или националност.
За нив Македонец е само култура.
Јазикот и културата и КОЛЕКТИВНАТА МЕМОРИЈА е онаа што Македонците ги прави Македонци, толку ли е тешко ова да се разбере
Да се вратам каде што ми беше поентата, еднаш се најдов во голем круг млади грци преку работа, онака муабетиме подолго време и едно време без да знаат кој сум, ме прашуваат кој сум, што сум, им викам Македонец, онака да речам за секунда се најдоа затечени, после кратка пауза свесни дека има некој проблем меѓу нас и нив, без да го искоментираат тоа, една млада девојка ми вика "А бе, ние сме исти народ, само јазикот ни различен".
Убаво ни објасни што имаат да речат Грците ај сега обиди се да најдеш Македонци од Беломорска Македонија па пренеси ни што тие имаат да речат.
Ако имаш време и сакаш повеќе информации темелени на СВЕДОШТВА од голем број Македонци имаш многу на нет, а еден од Македонците кои има кристално чист и јасен став за Македонците е Никодим Царкњас, има повеќе видеа па и трибини каде говори за Македонците и нивната положба под грчка окупација.
Ти мешаш друже народ кој е признает како Србите и кои се етаблирани како народ спроти народ како Македонците кои се нови на светската сцена и сеуште не е признает целосно и спорен
Ова исто го тврдат и Бугарите и Грците, дека Македонците се нови, вчера се појавиле од нигде никаде.
Да ми е да знам со што ве хранат па имате вакви недоносени ставови.
Најди го Манифестот од 1881 на ПРВАТА привремена Македонска Влада, прочитај го спореди со денешницата и кажи ми дали има и кои се разликите во однос на Македонците и нивната положба и велепредавствата. (ако не го најдеш на нет го има на форумов а ако и тука не го најдеш го имам на компот некаде па повторно ќе го поставиме)