Aмбасадорот Бејли тврдеше дека овдека живеат Албанци и Словени. Овој Ескобар вика овдека живеат Албанци и некакви Каури (Православци/Ортодокси). Незнам што е тука толку чудно и неочекувано, па реално така гледаат кон нас како држава т.е. територија... Православни Словени плус Муслимани Албанци. Терминот Македонец кој си го подразбираме ние овде не е исто со терминот Македонец во тој белосветски западњачки аспект. Реално ние сме Словено-Македонци, Македонски Словени, Славо-Македонци, но тие воопшто не не сметаат за никакви Македонци, бидејќи нели Македонците се Грци, античките Македонци од онаа нели географски правата старата јужната Беломорска Егејска Македонија. Мада овдека Ескобар прави тотален лапсус што меша баби и жаби, Албанци (етникум) и Православци (религиска група), значи данбетер утка и лапсус и од онаа на Бејли од пред х години !