Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.512
Тие курназите што опалуваат бокс во пределот на главата/вратот во улична тепачка, или уште полошо со колено во глава, треба џандарите да ги турат од ќотек со пендрак по сурат. А не е лошо и да ги шутираат малку во затвор, да осетат како е.На сите во текот на животот ни се случило да учествуваме во тепачка. Харикирам, која би била твојата реакција ако на некого му удираш бокс, тој паѓа на земја и го гледаш дека е во бесознание? Не знаеш ни дали е жив, можеби при падот го скршил вратот и слично. Дали ти ќе се наведнеш да му помогнеш, да повикаш брза помош, или ќе го шутираш дополнително по глава еднаш, па ќе те спречат, па уште еднаш, и уште еднаш? Не зафркавај, морбидна е самата помисла да шутираш тело на човек во бесознание, особено по глава. Можеби тие кога излегле не мислеле да го убијат, можеби не било сето тоа со умисла, но убиство е во секој случај. Особено за девојката.
Не е убиство со умисла, НО, за вакви крволочници треба вакви казни, овие се отидени во главата, како и многу голем процент од населението, виделе по филмови ќе се фураат по улица.