Знам дека не си го мислел тоа во тој период. Чак што више си бил спремен пак да гинеш ако нешто недај боже притребало пак, ама тогаш. После промена на власт и име и све, ретроактивно ти се враќа филмот каде била утката. Па ја и порано би идел од тебе, односно не 2001ва него годините на економска транзиција всушност покажаа дека за оваа држава нема поента да се гине. 2001ва беше логична последица на 90тите.
Цела геополитичка поставеност на светот е последица на некаква си историја, не си открил топла вода ти сигурно. 2001 година беше пресвртница во која ја предадовме власта во туѓи раце, тоест дефакто Македонија престана да биде држава на Македонците. Иначе мојата спремност да гинам е врзана за мојот народ, а не за некаква си држава, која најмалку од све го претставува мојот народ. Мојата лојалност е на нацијата, а не на државата.
Све што било претходно, сме имале можност да го поправиме. После 2001 година ни е одземена таа можност. Дали можел некој нешто да спречи? Според мене не. Секој кој пружил и малку отпор бил на некој начин отстранет. Како пример секогаш го кажувам атентатот на Киро Глигоров два дена пред промена на знамето и загинувањето на Ѓорѓи Котевски после побуната против рамковниот договор во собранието. Секогаш ќе се најде некој Заев/Фрчко/Андов да ја заврши валканата работа. Реално ние никогаш не сме ни имале шанса. Погрешно време, погрешно место...