Ова ако им е планот на СДС да си го мотивираат членството за пред избори, не знам што друго да кажам освен со среќа. Мислам дека не разбираат колку Заев, Мицковски и тајфите околу нив ги деградираа политичките машини на СДС и ДПНЕ и дека веќе немаат ниту 10% од некогашната моќ. Се руинираа, од државни институции до медиуми до локални ограници. Тоа можеби им личеше на добра идеја зошто само така можеа да си ги спроведуваат нивните агенди али таа празнина почнаа да ја попунуваат многу различни групи.
На следните локални избори очекувам да бидат понижени, мислам дека ќе биде дури тажно кога буквално 10-20 различни групи ќе ги напаѓаат од 10-20 комплетно различни страни. Нема да знаат каде им е главата не па да тераат кампања. А ако изгубат повеќе од 10-15% од советничките места тогаш за не повеќе од година две очекувам да почнат да се распаѓаат зошто едноставно ќе нема доволно пари повеќе.
Мислам дека многу не разбираат колку се важни тие општински советници и општински пари за одржувањето на СДС/ДПНЕ на власт. Земете само една општина како Аеродром или Карпош и видете колку има вработени директори по школи, учителки, чистачки, приватно обезбедување, градинки, итн ... . Нивното клиентелско членство они го одржуваат баш на тој начин, централната власт и министерствата се само бонус. Да не ни почне да се влегува во тендери и такви работи.
2 или 3 општини да изгубат од Аеродром, Центар, Карпош, Куманово, Струмица, Битола, Гази Баба, Илинден, Охрид, Прилеп и ќе видите како на вести нема да се прекинат да квичат околу тоа.