ελευθερίααπόαλήθεια
Diplomat
- Член од
- 28 декември 2019
- Мислења
- 214
- Поени од реакции
- 466
Да МПЦ на исто рамниште со Третиот Рим, ок драга нема проблем.Poradi sobornosta, toa e ubava rabota.
Momentalno e kompleksno i tesko za resavanje, bez volja da se sedne na dijalog.
Od druga strana, na isto ramniste sme so RPC, koja e vo raskol so Carigrad.
Vo sekoj slucaj, losho e ova rascepkuvanjeto na pravoslavieto. Koj prv pocna so nacionalni crkvi e kriv
Први почнаа грците, после нив бугарите, па србите, па русите и после тие новокомпонирани нации, нели како оди онаа старата православна, колку нации, толку цркви. Проблемот е пред се во Византија која самата го креира православието како дел од империјата и потоа го користи за ширење на политичко влијание и грчко-византијска култура и не дозволува да се шири христијанството без Византија. Проблем е и самиот назив, мислам дека еден хрватски историчар ја имаше анализирано СПЦ вака, прво е Српска, етноцентрична и нацијата пред се, второ е православна, за да не избега од средновековните догми, трето и последно е црква, христијанството на крај нели колку да се каже оти го има.
МПЦ како прво одамна требаше да расчисти со православието и неговите глупости и да се прекрсти во Црква на Северна Македонија, да се реформира во форма прикладна за денешниот свет, да му тури пепел на Никејското кредо и конечно да ја закопа Византија 1453 метра под земја.
И не, не е проблемот комуњарското југословенско функционирање, да не беше тоа функционирање Балканот ќе беше сеуште заглавен во средниот век како и православието, проблемот е во православното нефункционирање, да функционираше православието ќе немаше ни комуњарство, ни османство, ни византиство, ни вадење очи, буквално во средниот век и духовно во денешниот век. Можеби откако ќе се отстрани тој извор на клетост тогаш ќе се роди одново сонцето над Северна Македонија. Дотогаш нема потреба да очекувате нешто различно од слепило, темнина и понекоја полумесечина.
Последно уредено: