Најјаката работа со шизофренијата од Бугарите и Грците е следнава.
1. Грците нас не негираат како Македонци, вклучувајќи ја и оваа територија на државата Република Македонија, каде што негираат дека оваа територија треба смета во географската територија Македонија. Они географската територија Македонија ја сметаат само територијата која што е во нивната држава, т.е Егејска Македонија или по нивно Централна Македонија. Со ова го негираат постоењето на делот од географската територија Македонија која што е во моментов дел од Република Бугарија, или Пиринска Македонија. Бугарите по ова прашање ќутат како пичиња скапани.
2. Бугарите ја сметаат Македонија, или ти територијата на Република Македонија за Бугарска земја, но никогаш не го кажале ова и за Егејска Македонија која е во склоп на Република Грција, или никогаш така јавно и жестоко не го искажале како кога се работи за територијата на нашата држава. Зошто е ова вака? Затоа што се обични пички скапани во душа и можат ова да го прават само на послаби држави и нации од нив. На Грците ова не смеат да им го кажат затоа што Грција во моментов е Америка за нив.
3. Дволичноста на Грците се гледа кога плачат само кога се работи за оваа, нашата Република Македонија, сметајќи дека ние имаме територијални претензии кон нив, плачат кога ние се нарекуваме Македонци и Република Македонија, а ќутат како пичиња скапани, кога Бугарите викаат Македонија е Бугарска. Ако идеме по логиката на Грците, и оваа територија на Република Македонија не ја сметаме за дел од географската територија Македонија, да речеме само овој дел се вика Куртонија, а Бугарите викаат Македонија е Бугарска, тоа значи дека уствари Бугарија има територијални претензии кон Грција, а не ние. Бугарите ова јавно го кажуваат, и според логиката на Грците, Бугарија си ја смета територијата на Егејска Македонија за нивна територија. Ако идеме по логиката на Грците и да речеме дека само Егејска Македонија е дел од географската територија Македонија, треба истите блокади да ги поставуваат и кон Бугарите, бидејќи и Бугарите дел од нивата територија на Република Бугарија ја сметаат како Македонија, т.е Пиринска Македонија. Зошто Грците не бараат од Бугарите да се откажат од Пиринска Македонија, како што бараа од нас да се откажеме од нашата Република Македонија?
Е сеа прашањето до Бугарите и Грците е која Македонија е Бугарска, а која Грчка? Еве да речеме дека ние се тргаме на страна, немаме право да се нарекуваме Македонци, и од утре не сме повеќе Македонци, тогаш Бугарите кон која Македонија ќе се свртат и кон која Македонија ќе викаат дека е нивна?
Слично прашање до Грците и до нивните православни браќа Србите. Доколку според логиката на Грците, територијата на Република Македонија не е дел од географската територија Македонија, и не смее да се нарекува Македонија, а во исто време знаеме дека Србите, нашата територија на Република Македонија си ја сметаат за Јужна Србија и викаат дека Македонија е Српска земја, тогаш дали Србите имаат територијални претензии кон Република Грција и кон нивната територија која што е дел од географската територија Македонија или ти Егејска Македонија.