Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Член од
23 април 2024
Мислења
202
Поени од реакции
487
Претседателот на партија на Србите, министер на министерство во кое над 90% од вработените се албанци, мнозинство тие од Рамковниот договор.
Ќе го убијат овој таму на првиот ден :pos:
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
885
Поени од реакции
2.842
Мислам сите од ова објавеново , само со Панче сме задоволни, единствен шо си ја брка работата и има авторитетен став.
Се надевам нема да разочара премногу.
Мисајловски, Димовски,Панче,Борко и Сања треба и според мене се добар кадар .

Другото е несигурно и непроверено.

Мисајловски беше добар за транспорт под Грујо,Димовски за земјоделие под Грујо,Борко е реноме име на светски и македонски ракомет,се надевам дека како Ушлето нема да гази кредибилитет

Тимчо е најлошиот избор дефинитивно,лично го знам , катастрофа професор, градоначалник,заради татко му е форсиран цел живот.
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
885
Поени од реакции
2.842
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.019
Претседателот на партија на Србите, министер на министерство во кое над 90% од вработените се албанци, мнозинство тие од Рамковниот договор.
Се надевам ова ќе не испере малку кај Србија за сите глупи политики што ги правевме кон нив посебно ова со резолуцијата.
Автоматски споено мислење:

Мислам сите од ова објавеново , само со Панче сме задоволни, единствен шо си ја брка работата и има авторитетен став.
Се надевам нема да разочара премногу.
Добро е што го оставија исто и него, има човекот лик за ваква работа и се покажа како доста добар, другото мислам дека се е ниту смрди ниту мириса.
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
2.058
Поени од реакции
4.644
Се надевам ова ќе не испере малку кај Србија за сите глупи политики што ги правевме кон нив посебно ова со резолуцијата.
Автоматски споено мислење:

Добро е што го оставија исто и него, има човекот лик за ваква работа и се покажа како доста добар, другото мислам дека се е ниту смрди ниту мириса.
Па не би рекол дека Стоилковиќ е нешто битен за добри односи со Србија, повеќе Александар Николовски за транспорт и врски на пример.
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.652
Поени од реакции
3.756
А што е проблемот, толку сакаш да слушаш Северна кај што се изговара? Толку ти недостига папагалското повторување "Северна" на претходната гарнитура, и каде што треба и каде што не треба?

Не знам што толку разочарани од професорката, кога таа јасно си кажа дека "Северна" нема да употребува и ќе го избегнува изговарањето "Северна" по секоја цена. Дури и во програмата го имаше тоа. Ја изгласа народот, ете ви несеверна, не знам што е сега квичење.
Република Македонија сакам.
Или само Македонија , тоа на шо се палевте ко орангутани во зоолошка на банана.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.376
Поени од реакции
37.328
Овој Александар Николовски ми е ист како Шеќеринска во 2017та, мора некаде да биде министер па макар се сруши светов. Така и таа тогаш морало министерка да биде па ја ставија на одбрана. Сега овој го пикнале на местото на Мисјаловски во транспорт и врски само затоа што морало да биде министер.

Требаше Владо да остане на транспорт, а на ЗНАМ да им го дадат обрана, и така генералот Арсовски влезе во парламент ќе беше идеален кандидат за министер за одбрана.

Значи секоја партија мора да има еден таков лешинар како Шеќеринска.
 
Член од
30 декември 2021
Мислења
147
Поени од реакции
192

i Arsovski nema NATO sertifikat poradi jurishot na Kaleto 2001g i ima nekoj uslov kolku treba da si vo civilka posle aktivna sluzba za da bidesh minister za odbrana, 3g mislam deka e
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.051
Поени од реакции
4.236
i Arsovski nema NATO sertifikat poradi jurishot na Kaleto 2001g i ima nekoj uslov kolku treba da si vo civilka posle aktivna sluzba za da bidesh minister za odbrana, 3g mislam deka e
Полека...

Зашто Македонец, кој би требало да биде министер за одбрана на РМ, би требало да има ОТАН сертификат?

Ќе му служи на ОТАН или на својата земја?...:unsure:

Ако за министерот за одбрана е побитен ОТАН, тогаш е јасно дека немаме никаков суверенитет, дури ни „за по дома„, па „некој друг„ ни ги уредува домашните работи.
 
Член од
3 јуни 2022
Мислења
1.162
Поени од реакции
2.904
Леле Борко стана министер :pos:ај барем Јанушев и оној Антонио Милошевски не се министри ќе се тешиме
 
Член од
23 април 2024
Мислења
202
Поени од реакции
487
Рамковните рикаат оти Груби нема да го води единственото моноетничко министерство во кое официјално Македонците се околу 60% од вработените а во реалност тие сите до еден шпони.Толку од таа мултиетничност за која се залагаат нели охридскиот договор беше за доброто на сите малцинства :tvg: IMG_3932.jpeg
 
Kajgana Shop

На врв Bottom