Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.474
Поени од реакции
28.725

Кој сака да прочита некој види Report History.

Од 2011 суштинско подобрување само во 5-6 поглавја. Да се трудеа политичариве навистина да се доближат до ЕУ, можеби ЕУ ќе најдеше начин како спречи блокада и вето.

п.с. македонската верзија не е ни апдејтирана после 2020
Многу ми е гајле искрено, Еу треба да е завршена приказна за нас.
Хрватска и Словенија со нерешени територијални спорови се во ЕУ, никој не ја тераше Хрватска да отстапува од нешто.
Данска, Шведска и сите скандинавски земји исто имаат историски спорови, нив никој ништо не ги условуваше.
Да не заборавам, Украина која не ја контролира својата територија во целост и е заглавена во кредити за 5 века почна преговори пред нас.
Не им требаме ние, имаат алжирци, мароканци, непалци, индијци, пакистанци, африканци.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.785
Поени од реакции
10.335
Искрено мене не ми е толку мило, повеќе би сакал да имаме слични или компатибилни ставови околу стратешки прашања -како што се националните интереси на Македонците/македонија, но реалноста е таа и на сила убаина не се прави.

Технологијата која со децении се применува од страна на ЕУСА е: прво создавање на криза, а потоа се доаѓа и се претставуваат како помирувачи на тој начин и двете страни перманентно ги држат под своја контрола. На пример, кај нас за креирање на криза ги користат Арнаутите кои се погодни за таа цел (функционираат на племенски принцип) откако кризата ќе земе замв овие испраќаат свои емисари кои ја контролираат кризата и ги ИМПЛЕМЕНТИРААТ нивните интереси.
Заради процесот на имплементирање кој по правило се протега на повеќе генерации демократурата им доаѓа како нарачана, се менуваат гарнитурите и секоја од нив вградува по некоја шајка во ковчегот Македонија.

Па твојот аргумент од 2001-та немало военополитичка криза е само посакувано сценарио и уште една технологија која дава резултати... и така по системот топло-ладно Македонија секој ден се помалку е функционална држава илити македонска држава, а тоа е нивниот врховен интерес.
Ако очекуваш дека јавно ќе речат дека нивен интерес е непостоење на Македонска држава ќе се начекаш.

ЕУропска во тој поглед влече многу поинфантилни потези.. уште од времето на Лисабонската декларација (во која децидно стои дека постоење на македонска држава НИКОГАШ нема да признаат) се покажува како многу по-неинвентиван играч.

Војна како и секоја војна е само ПРОДОЛЖУВАЊЕ на политика со други средства.
Треба да се разбере и прифати дека имање на сопствена држава е возможно само преку ВОЈНА се друго е ветар и магла...
Друго е прашањето дали Македонија има капацитет и потенцијал за нешто такво, но тоа е работа на експерти кои треба детално да ги согледат ресурсите човечки и сите други па предложат решение...

Нема што да видиме, глобализацијата под дуригентска палка на ЕУСА е МИНАТО-СВРШЕНО ВРЕМЕ, во тек е редефинирање на глобалните односи и воспоставување на ПОПРАВЕДЕН свет, тој процес ќе трае не може преку ноќ да се изгради, ќе има и крв и солзи...
Мене ме интересира дали на време ќе се создаде критична маса во македоснкото ткиво кои ќе умее да ги менаџира тие процеси и во целата игра да извлече најповолен резултат за Македонците/ Македонија.

Значи можеме да се сложиме дека не се сложуваме!
Секое добро.
Те молам не ми ги извртувај зборовите.

Како дискутант на форумот сакам да те читам бидејќи во принцип се залагаш за осамостојување од секакво влијание на државата и одење напред, но како дискутант во персонална двонасочна дискусија - не сакам да учествувам со тебе бидејќи ја правиш еднонасочна улица. Лоша навика ти е тоа.
Не мора секој соговорник да се согласува со тебе и не значи дека неговото различно мислење од твоето не е во ред.

Не реков дека во 2001 немало военополитичка криза кај нас, туку екслицитно кажав дека тоа беше мала криза (не на цел Балкански полуостров, еве да дообјаснам ако не ме сфати, или не на поголема територија како што тоа беше при распадот на Југославија), што само по себе го прави мал-локален проблем кој големите сили не го решаваат со тотална војна - како на пример во Украина сега или порано во Југославија.

Сфаќаш што тоа значи? Не значи дека воено ќе се дојди тука до решение, туку еве да се приближиме до твојата поента (пошто е океј во принцип) значи дека одлагаат до недоглед решавање на прашањето бидејќи не им одговара на никоја од големите сили да остави да се приклониме на едната или другата страна.
Тука, заклучокот ти е погрешен, односно решението кое го бараш по воен пат.

Не треба експерт да ти каже дали имаме воен капацитет, немаме другар. Секој го знае тоа, па дури и ти.
Ние немаме воен капацитет за да војуваме против било кого од внатре, камоли од надвор.
Сите единици ни се со мешан состав, тргни оттаму, нема веќе „патриоти“ кои ќе гинат за тактовината, а искрен да ти бидам не гледам ни кај албанската страна нешто кој знае колку посакувано сценарио во кое би крвареле.

Тие го достигнаа својот зенит. Непосреден дел се од власта од 2001 наваму, ќе продолжат да бидат, Уставот им гарантира „правична застапеност“ + добија и гратис право во однос на двојазичност и што ти уште не. Па никој од нив не е будала да си пука во колено.
Остави ти Алија шизофрени што изјаввува дека нема да е мирно, него само го боли што веќе нема да има ќешарица од тендери и слично - секој со својата мака.

На крај, говориш за критична маса кај македонското ткиво.
Супер, еве ја има, отсекогаш ја имало само тоа критична е проблемот.
Зошто?

- Затоа што не е мнозинство или барем приближно нешто за да стане критична и да надвладее; и второ
- Не е создаден ков на политичари кои ќе не изнесат надвор од дипломатскиот ќорсокак.

Зарем сега ни треба уште една авантура како „Тајванската милјарда“?
Па после таква авантура Кина крена раце од нас, сините шлемови заминаа и видовме што слезе од Косово преку граница кај нас, крај краева ебиш политика 82 фамилии го платија тоа со крв.

Кој да крвари уште? Заради кои политичари?
Маката е, не создадовме политичар кој може да не воведи во било какви преговори. Кој со децении ќе гради политики и контакти во добар дух и насока на пријателство со стратешки партнери (без разлика од која страна).
Како очекуваш да менуваме насока наеднаш?

Нешто налик на возило кое се движи со 100км/час и веднаш врти во лево? - Ќе се истумба другар, како што се истумбавме со Тајван.

Нас не претставувале луѓе како Пендаровски, луѓе како Димитров, Османи... тие ли се производ на нашата долгогодишна дипломатска борба?
Таквите видовме до каде не донесоа и сега преку ноќ очекуваме дека ќе не спаси кој? Квиско? Гордана?

Не бе брат. Политичар од кариера не се станува ако си партиски поттрчко.
Политичар особено министер за надворешни не се станува со „мандат“ добиен на 4-8 години според тоа дали твојата опција добила избори.

Колку време е Лавров на чело на руската дипломатија?

Кај нас можеби Глигоров, Тупурковски и Трајковски биле донекаде океј *(и тоа по овој редослед) ама спеак и Глигорв беше превеслан од Сајрус Венс и компанија, Тупурко беше превеслан од било која Америчка страна што истиот ја држеше во тој период па нивните перјаници во името на Тајван не донесоа тука нешто кој знае колку добро, а Борис подлегна на тоа да потпише договор кој и ден денес е основа на процесите во нашето општество.

30 години не изградивме еден салам политичар кој ќе може да бара и да гради пријатели во меѓународната заедница и сакаме таа меѓународна заедница (без разлика која страна од неа, која страна од паричката) да не гледа и почитува како било каков партнер?
Ниту Кина, ниту Русија, ниту УСА гледаат на нас како сериозен партнер - не сме им дале причина за тоа.

Наведната глава сабја не ја сече е една поговорка која добро не отсликува како ментален склоп на мнозинството тука и констатирањето на истото не не прави мразачи туку само отсликувачи на нешто што за жал е реалност.

Како би ја промениле таа реалност?
Сигурно не со војна.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.823
Поени од реакции
10.060
Многу ми е гајле искрено, Еу треба да е завршена приказна за нас.
Хрватска и Словенија со нерешени територијални спорови се во ЕУ, никој не ја тераше Хрватска да отстапува од нешто.
Данска, Шведска и сите скандинавски земји исто имаат историски спорови, нив никој ништо не ги условуваше.
Не им требаме ние, имаат алжирци, мароканци, непалци, индијци, пакистанци, африканци.
Кои се тие „европски вредности„ кои ни ги бараат а Грција и Бугарија упорно им се мочаат на тие вредности со нивните блокади и непризнавања на македонски малцинства во самата ЕУ?
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.333
Поени од реакции
885
Како иде Комитопули склавени ,,прадевци,уште немозите да се интегрирате у византиа ,со помош на туркиските блгари хазари ерменци од исток .Ромејците се бунат за Македониаја не ја дават
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.956
Поени од реакции
80.719

Кој сака да прочита некој види Report History.

Од 2011 суштинско подобрување само во 5-6 поглавја. Да се трудеа политичариве навистина да се доближат до ЕУ, можеби ЕУ ќе најдеше начин како спречи блокада и вето.

п.с. македонската верзија не е ни апдејтирана после 2020
аууу, знам.

Ние не исполнуваме доволно и покрај тоа што сменивме име и направивме плус милион ствари кои од никого на свет не се барани како услов за влез.

Не знаеме да пливаме. Треба уште појако да земеме да пушиме кај Албанците.

Другар, ретардиран си ментално и духовно, иако таа вистина е сосема нерелвантна за темава.
 
Член од
22 февруари 2024
Мислења
857
Поени од реакции
2.771
Две нови министерстваза енергетика рударство и минерални суровини и за спорт најавува ВМРО-ДПМНЕ

Ajде Владе и Кано честито !

Има пари во државава !

 
Член од
3 септември 2010
Мислења
5.982
Поени од реакции
8.523
Многу ми е гајле искрено, Еу треба да е завршена приказна за нас.
Хрватска и Словенија со нерешени територијални спорови се во ЕУ, никој не ја тераше Хрватска да отстапува од нешто.
Данска, Шведска и сите скандинавски земји исто имаат историски спорови, нив никој ништо не ги условуваше.
Да не заборавам, Украина која не ја контролира својата територија во целост и е заглавена во кредити за 5 века почна преговори пред нас.
Не им требаме ние, имаат алжирци, мароканци, непалци, индијци, пакистанци, африканци.
Сигурно и Кипар, кој не контролира 1/3 од својата територија, исполнува ЕУ услови.:tapp:
Или Летонија, која буквално има граѓани од втор ред, т.е. неграѓани (недржавјани) кои немаат право на глас и немаат право да бидат бирани.:tapp:

1715791990196.png

 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.785
Поени од реакции
10.335
Ние не исполнуваме доволно и покрај тоа што сменивме име и направивме плус милион ствари кои од никого на свет не се барани како услов за влез.
Да, но моментот е пропуштен кога години уназад се седнуваше на преговарачка маса.

Она што сега Квиско го заговара во интервјуата требаше да биди последната наша линија при преговори:
Условен договор, ќе мениме име, презиме, устав, ќе влезат грци, бугари, марсовци абе кој и да сакате во уставот како малцинство САМО следниот ден откако ќе не примите во Унијата.

Сега и покрај потпишување на ништовниот Преспански договор (правно неиздржан) му е даден невероватен мегдан на нашите гомнари соседи со тоа што сами доброволно си го сменавме името - притоа и Квиско беше квислинг во целата приказна.

Основа, добра почетна позиција, имаше едно време кога Груевистите добија во Хаг спор дека ништовно е веќе ФИРОМ и требаше како пијани за стап да се држиме за таа пресуда. Единствено нешто во меѓународната политика во последните X години кое колку-толку ни даваше на тежина.

Но, кога немаш способно раководство имаш вакви резултати. Заев е само производ на луѓе со испиен мозок - дали се тоа шарени револуционери или клингтонци, сосема небитно.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.132
Поени од реакции
21.766
Батхрт груевист си Владе и ништо друго. Влези у која партија сакаш крши глава кога животна цел е да лови кој гласал за друга партија на претходните избори. Јаката сатисфакција ако ти признаам дека сум гласал за Заев а сеа за Мицко. Да не сум венчан случајно да гласам за една партија само?
Kako be ne e vazno koj kakvi stavovi imal.
Tie stavovi ne napravija severdjani, ne omalovazija i osakatija kako narod za vek i vekov.
Mene mi e vazno koj me napravi severdjan, veruvam i mnogu drugi spored reakciite na govorot na Pretsedatelkata.
Glavi treba da se trkalaat za toa, a ne ne bilo vazno. Vazno e, i toa kako e vazno.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.956
Поени од реакции
80.719
Како иде Комитопули склавени ,,прадевци,уште немозите да се интегрирате у византиа ,со помош на туркиските блгари хазари ерменци од исток .Ромејците се бунат за Македониаја не ја дават
Има стварно голема конкуренција на форумот, ама ти си лабаво топ 3. Можда си и број еден.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.785
Поени од реакции
10.335
Батхрт груевист си Владе и ништо друго. Влези у која партија сакаш крши глава кога животна цел е да лови кој гласал за друга партија на претходните избори. Јаката сатисфакција ако ти признаам дека сум гласал за Заев а сеа за Мицко. Да не сум венчан случајно да гласам за една партија само?
Венчан не си, само во тој момент си бил политички неписмен (по сопствена волја и убедување, не според мозок во главата) - последиците се ова денес што се „обидуваме“ да го оправиме.

Пошто, искрен да бидам, не знам колку ќе оправиме воопшто нешто.
ВМРО не се реформира за да добие глас на овие избори, така да пак испаѓаме политички неписмени сите кои сме гласале за нив *(ајде јас не гласав ама ете да се ставам во кошот со мнозинството и да се изедначам со вас, да не испадни дека ви зборам одгоре).

Тоа се фактите, останатото сето е фолклор.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.132
Поени од реакции
21.766
Но, кога немаш способно раководство имаш вакви резултати. Заев е само производ на луѓе со испиен мозок - дали се тоа шарени револуционери или клингтонци, сосема небитно.
Ama cekaj sega, pu pu ne vazi, ne bilo toa vazno koj za sto glasal, kakvi politiki poddrzuval, ne smee da se zboruva za toa, ne smee da se pokaze so prst kon takvite, ne bilo korektno.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.753
Поени од реакции
8.290
Две нови министерстваза енергетика рударство и минерални суровини и за спорт најавува ВМРО-ДПМНЕ

Ajде Владе и Кано честито !

Има пари во државава !

Не разбирам зошто се мора да биде издигнато на ниво на министерство ( мислам ја разбирам, да се имаат функции за поделба) али Македонија не е доволно голема за да има таква децентрализација на ресурсите, кои и вака и така се мали, посебно од човечки капацитет.

Ако мислиш дека ти треба посебено работно тело само за енергија и рударство зошто тоа е приоритет, креирај го како секретаријат или агенција и стави го под министерство за економија. А тоа веќе и постои. Не е како да има Министерство за Економија премногу ингеренции па не можат да постигнат.

Целиот систем во Македoнија е имбецилен од овој аспект, зошто кој како ќе си дојде може да прави што сака ако има 61 пратеник. На овој сега му текнало ќе прави Министерство за Енергетика и Спорт, на следниот што ќе му текне. Спорт е многу специфично, па ќе имаме Министер за Фудбал и Министер за Ракомет. Несериозно е ова. Вика ќе ги тргнам министрите без ресор и прави нешто далеку полошо, а тоа е отварање на нови структури за вработување.

А веќе има едно 2-3 министерства кои немаат никаква функција, и уште едно 4-5 кои служат само за примо-предавање на пари од буџет.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom