Искрено мене не ми е толку мило, повеќе би сакал да имаме слични или компатибилни ставови околу стратешки прашања -како што се националните интереси на Македонците/македонија, но реалноста е таа и на сила убаина не се прави.
Технологијата која со децении се применува од страна на ЕУСА е: прво создавање на криза, а потоа се доаѓа и се претставуваат како помирувачи на тој начин и двете страни перманентно ги држат под своја контрола. На пример, кај нас за креирање на криза ги користат Арнаутите кои се погодни за таа цел (функционираат на племенски принцип) откако кризата ќе земе замв овие испраќаат свои емисари кои ја контролираат кризата и ги ИМПЛЕМЕНТИРААТ нивните интереси.
Заради процесот на имплементирање кој по правило се протега на повеќе генерации демократурата им доаѓа како нарачана, се менуваат гарнитурите и секоја од нив вградува по некоја шајка во ковчегот Македонија.
Па твојот аргумент од 2001-та немало военополитичка криза е само посакувано сценарио и уште една технологија која дава резултати... и така по системот топло-ладно Македонија секој ден се помалку е функционална држава илити македонска држава, а тоа е нивниот врховен интерес.
Ако очекуваш дека јавно ќе речат дека нивен интерес е непостоење на Македонска држава ќе се начекаш.
ЕУропска во тој поглед влече многу поинфантилни потези.. уште од времето на Лисабонската декларација (во која децидно стои дека постоење на македонска држава НИКОГАШ нема да признаат) се покажува како многу по-неинвентиван играч.
Војна како и секоја војна е само ПРОДОЛЖУВАЊЕ на политика со други средства.
Треба да се разбере и прифати дека имање на сопствена држава е возможно само преку ВОЈНА се друго е ветар и магла...
Друго е прашањето дали Македонија има капацитет и потенцијал за нешто такво, но тоа е работа на експерти кои треба детално да ги согледат ресурсите човечки и сите други па предложат решение...
Нема што да видиме, глобализацијата под дуригентска палка на ЕУСА е МИНАТО-СВРШЕНО ВРЕМЕ, во тек е редефинирање на глобалните односи и воспоставување на ПОПРАВЕДЕН свет, тој процес ќе трае не може преку ноќ да се изгради, ќе има и крв и солзи...
Мене ме интересира дали на време ќе се создаде критична маса во македоснкото ткиво кои ќе умее да ги менаџира тие процеси и во целата игра да извлече најповолен резултат за Македонците/ Македонија.
Значи можеме да се сложиме дека не се сложуваме!
Секое добро.
Те молам не ми ги извртувај зборовите.
Како дискутант на форумот сакам да те читам бидејќи во принцип се залагаш за осамостојување од секакво влијание на државата и одење напред, но како дискутант во персонална двонасочна дискусија - не сакам да учествувам со тебе бидејќи ја правиш еднонасочна улица. Лоша навика ти е тоа.
Не мора секој соговорник да се согласува со тебе и не значи дека неговото различно мислење од твоето не е во ред.
Не реков дека во 2001 немало военополитичка криза кај нас, туку екслицитно кажав дека
тоа беше мала криза (не на цел Балкански полуостров, еве да дообјаснам ако не ме сфати, или не на поголема територија како што тоа беше при распадот на Југославија), што само по себе го прави мал-локален проблем кој големите сили не го решаваат со тотална војна - како на пример во Украина сега или порано во Југославија.
Сфаќаш што тоа значи? Не значи дека воено ќе се дојди тука до решение, туку еве да се приближиме до твојата поента (пошто е океј во принцип) значи дека одлагаат до недоглед решавање на прашањето бидејќи не им одговара на никоја од големите сили да остави да се приклониме на едната или другата страна.
Тука, заклучокот ти е погрешен, односно
решението кое го бараш по воен пат.
Не треба експерт да ти каже дали имаме воен капацитет, немаме другар. Секој го знае тоа, па дури и ти.
Ние немаме воен капацитет за да војуваме против било кого од внатре, камоли од надвор.
Сите единици ни се со мешан состав, тргни оттаму, нема веќе „патриоти“ кои ќе гинат за тактовината, а искрен да ти бидам не гледам ни кај албанската страна нешто кој знае колку посакувано сценарио во кое би крвареле.
Тие го достигнаа својот зенит. Непосреден дел се од власта од 2001 наваму, ќе продолжат да бидат, Уставот им гарантира „правична застапеност“ + добија и гратис право во однос на двојазичност и што ти уште не. Па никој од нив не е будала да си пука во колено.
Остави ти Алија шизофрени што изјаввува дека нема да е мирно, него само го боли што веќе нема да има ќешарица од тендери и слично - секој со својата мака.
На крај, говориш за критична маса кај македонското ткиво.
Супер, еве ја има, отсекогаш ја имало само тоа критична е проблемот.
Зошто?
- Затоа што не е мнозинство или барем приближно нешто за да стане критична и да надвладее; и второ
- Не е создаден ков на политичари кои ќе не изнесат надвор од дипломатскиот ќорсокак.
Зарем сега ни треба уште една авантура како „Тајванската милјарда“?
Па после таква авантура Кина крена раце од нас, сините шлемови заминаа и видовме што слезе од Косово преку граница кај нас, крај краева ебиш политика 82 фамилии го платија тоа со крв.
Кој да крвари уште? Заради кои политичари?
Маката е, не создадовме политичар кој може да не воведи во било какви преговори. Кој со децении ќе гради политики и контакти во добар дух и насока на пријателство со стратешки партнери (без разлика од која страна).
Како очекуваш да менуваме насока наеднаш?
Нешто налик на возило кое се движи со 100км/час и веднаш врти во лево? - Ќе се истумба другар, како што се истумбавме со Тајван.
Нас не претставувале луѓе како Пендаровски, луѓе како Димитров, Османи... тие ли се производ на нашата долгогодишна дипломатска борба?
Таквите видовме до каде не донесоа и сега преку ноќ очекуваме дека ќе не спаси кој? Квиско? Гордана?
Не бе брат. Политичар од кариера не се станува ако си партиски поттрчко.
Политичар особено министер за надворешни не се станува со „мандат“ добиен на 4-8 години според тоа дали твојата опција добила избори.
Колку време е Лавров на чело на руската дипломатија?
Кај нас можеби Глигоров, Тупурковски и Трајковски биле донекаде океј *(и тоа по овој редослед) ама спеак и Глигорв беше превеслан од Сајрус Венс и компанија, Тупурко беше превеслан од било која Америчка страна што истиот ја држеше во тој период па нивните перјаници во името на Тајван не донесоа тука нешто кој знае колку добро, а Борис подлегна на тоа да потпише договор кој и ден денес е основа на процесите во нашето општество.
30 години не изградивме еден салам политичар кој ќе може да бара и да гради пријатели во меѓународната заедница и сакаме таа меѓународна заедница (без разлика која страна од неа, која страна од паричката) да не гледа и почитува како било каков партнер?
Ниту Кина, ниту Русија, ниту УСА гледаат на нас како сериозен партнер - не сме им дале причина за тоа.
Наведната глава сабја не ја сече е една поговорка која добро не отсликува како ментален склоп на мнозинството тука и констатирањето на истото не не прави мразачи туку само отсликувачи на нешто што за жал е реалност.
Како би ја промениле таа реалност?
Сигурно не со војна.