Имам прашање, за формирање на влада сега, на ВМРО не му треба ниедна од албанските партии, може да се формира и со поддршка од ЗНАМ или Левица, така? И ако е така, а формира влада со ВЛЕН, нели е тоа закопување на нож во грб на македонците кои го изгласавме уште првиот ден од мандатот.. Видов објава од ВЛЕН, најавуваат преговори со ВМРО уште од утре.
Тоа дефинитивно ќе си зависи од пвеводбениците.
Доколку навистина ги завршат изборите со 58 пратеници, од кои 55 или 56 пратеници ќе бидат од редовите на пвеводбеничката партија, имаат минимум една македонска политичка партија со која можат да коалицираат - партијата на велешкиот даскал.
Има и уште една партија на рециклирани плави жолтици, но како што историјата има покажано и докажано, од плави жолтици не само што не може, туку не ни смее да се дозволи да им се верува или да се очекува било што позитивно.
За жал пвеводбениците изминатите две недели раскажуваа приказни за коалицирање со рециклираните плави жолтици и со рециклираните амнестирани терористи, дури и се фотографираа со нив, а велешкиот даскал сигурно нема да прифати било какво коалицирање со пвеводбениците кое нема да опфаќа негово превземање на министерството за правда, а може да му текне и министерството за внатрешни работи да го бара, а пвеводбениците попрво ќе направат коалиција со плавите жолтици - овие автентичните кои доживеаа потоп на избориве, не овие поновиве рециклираниве - отколку да ги прифатат таквите барања на велешкиот даскал.
Да бидеме искрени, пвеводбениците очекуваа дека ќе освојат најмногу гласови на овие избори, но ни во своите најдетинести соништа и илузии не ни помислија дека ќе победат со толкава разлика. Сега ќе се најдат во ситуација во која ќе мораат да направат отстапки, па ќе треба да му ја мислат чии гласови можат да си дозволат да ги изгубат на било кои идни избори, а сепак да не им се случи изборно фијаско како што им се случи на локалните избори во 2017 година и какво што им се случува сега на плавите жолтици на претседателските и на парламентарните избори 2024.