Од поновата белосветска и наша историја, познати се две нешта:Не е работата за плачење, туку презирот и фрустрациите заради неколку олигарси и крони-капиталисти, не треба да се проектираат кон сите што направиле пари и успешен бизнис. Тоа преминува во завист.
За ваква држава, менталитет и политика заснована на "да му умре козата на комшијата", казни го поуспешниот за да биде поеднаков со тој што има помалку, не носи прогрес и развој, туку дестимулира. Со тоа само им се дава уште поголема моќ на политичарите и власта, уште повеќе наши пари со кои ќе располагаат.
Треба да е обратно, државата да овозможи услови секој да може да прави пари и создаде бизнис, и тие што имале помалку да имаат можност да направат повеќе, луѓето да стануваат независни, а не робови на партиите, државниот апарат и "сигурна работичка".
- дека во западниот капитализам, „почетната акумулација на капиталот„ е настаната прилично насилно,
- кај нас, во ‘90-те, таа почетна акумулација се нарекуваше „приватизација„ и добро знаеме како се одвиваше.
Тоа што постојат и фирми и газди кои со свој труд создале капитал дури и во „нашата земјата„, не е спорно, ама се премалку да за бидат правило, а не исклучок...