- Член од
- 4 октомври 2010
- Мислења
- 8.524
- Поени од реакции
- 14.988
Прво, не ги гледајте само “разочараните вмровци“, или подобро кажано тие изразено национални гласови, радикални, некои и екстремни или тие што изгубиле некое влијание во партијата. Сега е многу поголем базенот на гласачи што одат кон центар и лево, а не одлучиле за кого ќе гласаат, но би можеле да излезат да гласаат. На десно, ДПМНЕ повторно ќе стабилизира голем дел околу нив, тоа што е за Левица веќе е отидено таму, дури некои нивни гласачи од претходните избори, може да се предомислат сега, еден дел се разочарани максимално и нема да гласаат за никого и нешто ситно може да се подели на други.
Тоа тепање за 50-80 000гласачи помеѓу ДПМНЕ, Левица и Максо би била голема глупост, а другиот дел да се препушти на СДС или да остане дома. Таму Максо има најголем простор, затоа што е нивен, има подоршка од тоа што остана како структура на Бранко и некои други групички од СДС. Освен во двојката, добар е и во четворка, има структури во Прилеп, Струмица и Кавадарци, во петка е послаб, но може да се надева на еден пратеник и еден во Скопје. Со двајца во двојка, тоа се 5, веројатно и еден во тројка, ако продолжи овој национален тренд на растење, ете ти ги шест.
Кај Левица е обратен тренд, тие паѓаат, одат во радикализам, а притоа ја изгубија невиноста со делувањето по општини, место да се понудат како алтернатива, тие глумат опозиција на опозиција, јавноста се забавува со нивните судири внатре, на месец дена пред избори губат истакнати советници и значајни луѓе по локалните организации. Сето ова е проблем за некој што треба да освојува гласови поради тоа што се различни од другите, непоколебливи, чисти, добри, чесни. Општо таа стратегија да глумат поголеми вмровци од вмровци и главна цел да им биде пресметка со нив им беше глупа, изгледа увидоа и самите па затоа и ретерираат полека. Не знам дали има опозициска партија во Европа, која успеала да профитира, така што главно се пресметувала со најголемата опозициската партија?! И тоа додека преку 80% од Македонци се незадоволни од власта и сакаат промена. Простор колку сакаш, со веќе заситеноста на македонските гласачи од СДС и ДПМНЕ.
А и колку луѓето да мрчат, да се бунат, да плукаат по цел свет, на крај голем дел од нив се одлучува за сигурност. Па овие “мирните“ на Максо, можат да бидат попрфатлива алтернатива за тие што нема да гласаат за ДПМНЕ и СДС. Јас никогаш не би гласал за партија, луѓе кои биле за Преспанскиот договор, но луѓето се чудни животни, па така и гласаат.
А и во развојот на антисистемските, радикалните партии, прво почнуваш оштро, потоа малку глумиш финоќа и прифатлива алтернатива. Погледнете од оние СД од Шведска , Ле Пен во Франција, оние ѕвездички во Италија, како и Мелони која стана и премиерка, па до АФД во Германија. Левица оди во некој процес на “шешељизација“, а тоа е доста ограничено, особено ако не ти се распадне ДПМНЕ.
Да видиме дали некои трендови ќе се променат во кампања, но Левица не ми делува дека ќе осви повеќе од 6 пратенички места. Да има кај нас сега можност за обложување, би играл на изненадување, дека ќе бидат под 5.
П.С. Ау, која нервоза, ако се искритикува Левица. Да ја трошеа таа енергија внатре во партијата и да се спротиставија на некои глупости на Димче, ќе беше многу подобро за нив.

Последно уредено: