- Член од
- 8 јануари 2012
- Мислења
- 10.277
- Поени од реакции
- 15.397
прочитај ја ,,судени за Македонија,, многу работи ќе ти станат појасни, со судски пресуди, изјави, оддлуки за интилирање(мојата фамилија-мајка ми), делата на Трајан Вељаноски(да....од Трајко дедо), г.г. Михаил(заедно со дедо ми), кичевската група, аптекарот....Добро штом сакаш со денешен вокабулар, еве и јас.
НОБ го започнале ',,вмро-вците,, со идеа за независна држава' - во која тоа паралелна реалност се случувало???
Односно според тебе кои се тоа “вмро-овци' во тоа време, колку ми е мене познато лидерот им бил Ването?
Има ли декларација или било каков повик на Македонците од страна на тие “вмро-овци“ за слободна Македонија, бидејќи ти велиш дека е така претпоставувам имаш и таков аргумент, колку ми е мене познато таков повик кон Македонците имало само од страна на КПМ.
За овие чисткиве верувам имаш исто така некоја аргументација, немој рекол овој - рекол оној, туку изнеси барем еден документ во кој еден Македонец е репресиран-осуден заради Македонија или пак сите тие се затварани-осудени заради криминал или булгарски чувства?
Ако тие “вмро-овци“ се бореле за слободна и независна Македонија како што велиш (ако имали исклучоци треба да се гледа на тоа како на исклучоци, не постои документ со кој се потврдува дека таа Ванчомихајловистичка врховистичка ВМРО сакала и се борела за слободна независна Македонија, тоа се само нечии денешни влажни соништа и типови како бугарчета Љ.Ѓ кој бара ревизија затоа што не му одговара историјата и фактите ), а верувам дека денешниве ДПсНЕ се нивни наследници и внуци (така самите се декларираат, јас не сум нешто убеден во тоа), зошто за само 30 години не продадоа на Бугарите?
За дедо ти и слично те молам немој. Со тоа нема ништо да докажеш. Имам и јас многу слични дури и поважни кажувања од моите ама сметам дека не е ниту место ниту има некаква полза од нивно јавно изнесување.
Но бидејќи е со денешен вокабулар еве едно кажување од мопј многу близок чове.
... бил во составот на 9-та бригада (во к-да на 4-ти батаљон) на НОВ на Македонија. Таа бригада во септември 1944 стигнала во Пољанско каде направила логор со намера да оди на Кукуш и продолжи со ослободување а потоа на Солун. Но од Главниот штаб добиле наредба да чекаат ... и така по 2-3 недели на границата стигнале британски војници со што ослободувањето на Кукуш и Солун било оневозможено.
Овој 4-ти батаљон подоцна е префрлен во Гевгелија и по неколку дена една цела чета од Богданци во една ноќ ја минува границата и оди во Грција.... и денес тие и нивни потомци се низ светот најмногу завршиле во Бразил...
Мене ми е само жал што кога човекот ги говореше своите сеќавања не направив аудио запис за потврда на овие зборови, така да денес што и да речам не можам да го потврдам...
Друго од истиот човек, неговите по војната сите завршиле во затвор заради тоа што биле за ВМРО, на прашањето па како тоа заради ВМРО ги затвориле?
Тој одговори, ама знаеш во тие години ВМРО или Бугар беше едно те исто, тие имаа контакти и работеа со тоа ВМРО за соединување со Бугаристан, од неговите имал и чичко кој во тие години бил професор на Универзитетот во Софија и имаше голем број на свои блиски кои заради наклонетост (одработувале за Бугарија) кон Бугарија никогаш не им било дозволено да се вратат во Македонија...
Ете толку и уште еднаш немој со моите дедо и баба, да не ги мешаме во работи за кои немаме никакви докази (освен бугарски фалсификати и некакви сведоштва направени од наши кои повторно одработуваат за Бугарија), многу подобро би било поработиме на помирување на леви и десни сили барем во поглед на интересите на Македонците и во полза на македонска држава Македонија.
Автоматски споено мислење:
Заборави да спомнеш дека тој Тито толку многу не мразел што ни го подметна и Љубчета балгарчета
остај го ЉуБчо....сам фрчко на Тв има признаено дека сегашната ДПМНЕ ја имаат формирано службите(истите тие кои ги гонеле и суделе оние погоре)