Една права моќна вистинска силна држава не може туку така да пропадне преку ноќ, без разлика колку и да има некомпетентни луѓе кои ја водат, не може да пропадне ни за година, две, три, пет, доколку навистина била асална држава. Трулите држави / имитациите се оние кои пропаѓаат преку ноќ, или за недела, месец, година, две, три... Да точно станавме независна држава на мирен начин, за разлика од повеќето други бивши ЈУ републики кои независноста си ја платија односно добија/заслужија со рушевини и крв, но па ние истовремено и ја изгубивме државата на еден таков мирен начин... туку пак нека си продужи народот да спие и да ги гласа и дава легитимитет на курто-мурто партиите и курто-мурто системот !
Живееме во такви времиња (21ов век) кога народот е премногу егоистичен и истиот тој егоистичен народ на избори гласа и им дава легитимитет на исто така егоистични политичари кои се борат само за власт, фотељи, функции, моќ, пари т.е. за лични, партиски и бизнис интереси и после работата куку-ноне, оти вака. Секоја нова власт било на централно или на локално ниво е секогаш по некое непишано правило данбетер полоша од претходната, колку и тие пред нив да биле никакви и заникаде !