реално имаме и ние античко потекло, ама не од античките Македонци, варварите од планините на Касториа, туку од Пајоните и Дарданите( Скопје).
А всушност Пајоните ,со Мигдоните и Крестоните биле први цивилизирани народи во географскиот регион, денешна Централна Македонија, а покасно Александар 1 филхелен ги потиснал во денешните граници на Северџанија..
Погрешно е мислењето за Пајоните, тие впрочем се спротивставиле на Персискиот водач Мегабаз 511БЦ, но тој ги опкружил со помош на тракијци водичи... а Македонците и Александар 1 биле Вазали тогаш на Персијанците...
По смртта на Александар 3 и подоцна меѓусебната битка кај Ипсос,
пајонскиот крал Авдолеон успеал за кратко да ја одвои Пајонија од Македонија, а и помогнал и на Атина која била во опсада од македонскиот крал Антигон Гоната...
Грешка на лидерите од беше што го помешаа со античките Македонци името Македонија, на кое државата имаше право, како некој континуитет уште од Римската провинција која ја опфати Пајонија - Македонија Секунда, т.е. требаше да се договараме со Италија а не со Грција. Кардинална грешка беше сонцето од Вергина, всушност кое беше и патентирано од Грција уште во 80-тите и формално правно не требаше да го ставиме
на државно знаме, а глупост бееше и мега споменикот на Александар 3 и Филип 2, а кој всушност во Скопје и не стапнале никогаш, само Аце поминал по Коридор 10 што ќе го напраиме за да можат Блгарчета побргу во Охрид да одат... Патем идејата за мега спменикот на букефал мислам падна од Бране , опиен од признавањето под уставното име од Буч, па имаше и прослава на Плоштад....
Подигањето на скоро сите споменици е одлука на Бране и СДС.....
Година: 2004 Број: 12
Датум на издавање: 12/14/2004
Општина: Совет на Град Скопје
Тип:Програма
Наслов: Програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележје
Текст:Врз основа на член 61 став 1 точка 5 од Статутот на Град Скопје, Советот на Град Скопје, на четириесет и седмата седница, одржана на 30 ноември 2004 година, донесе
П Р О Г Р А М А
за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележје
I. Вовед
Поаѓајќи од историската позиција и карактерот на Градот Скопје како град со богато историско мината и едно од најстарите цивилизациски жаришта, а сега главен град на Република Македонија во кој се концентрирани најголемиот дел од материјалните и духовните, популационите и стопанските, како и креативните и творечки потенцијали на Републиката се предлага Програма со која се утврдува потребата и обврската на Градот Скопје за одбележување со спомен-обележје на истакнати личности од историјата и културата. Во знак на почит и грижа на граѓаните на Градот Скопје, за зачувување на споменот на нивниот лик и дело, како и со цел да се збогатат јавните градски површини со уметнички и архитектонски дела и творби што со своите содржини и ознаки ќе ја изразат ваквата почит и грижа, се одбележуваат:
II. Личности кои ќе се одбележат
Со оваа Програма, Градот Скопје се определува за подигање спомен-обележје на следниве личности:
АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
ЈУСТИНИЈАН
ЦАР САМОИЛ
СКЕНДЕР БЕГ
КАРПОШ
ГЕНЕРАЛ МИХАЈЛО АПОСТОЛСКИ
КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ ПИТУ
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ ДОСИТЕЈ и
ЛАЗАР ТАНЕВ
III. Податоци за личностите и нивното значење, место каде ќе се подигне спомен-обележје, основните елементи за текстот што се истакнува на обележјето и рокот за подигање се утврдуваат со Одлука на Советот на Град Скопје за секое спомен-обележје одделно.
IV. Извор на средства за финансирање на подигањето и јавното промовирање на спомен-обележјето
Финансирањето на содржините на оваа Програма ќе се остварува од:
средства од Буџетот на Град Скопје;
донации;
Буџетот на РМ;
други извори, согласно закон.
V. Реализација на Програмата
За подигањето, чувањето, одржувањето, заштитата и користењето на секое спомен-обележје содржано во Програмата, Советот на Градот Скопје ќе донесе одлука.
За секое спомен-обележје содржано во Програмата, односно за спроведување на постапката за неговото подигање, Советот на Градот Скопје именува одбор за подигање на спомен-обележјето. Составот и делокругот на одборот се определува во актот за неговото именување.
Оваа Програма е отворена и за други содржини, односно може да се дополнува и со други значајни личности. Иницијатива за дополнување на Програмата можат да дадат до Советот на Градот Скопје, правни и физички лица.
VI. Оваа Програма влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен гласник на Град Скопје”.
Број 09-3293/1
30 ноември 2004 година
С к о п ј е
СОВЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ
ПРЕТСЕДАВАЧ,
Страшо Нелковски,с.р.