Спин мајстор во обид.
Тоа треба да ти стават како титула под никот.
Како и обично, скаран си со фактите. Еве кои се фактите, независно од тоа дефокусирањето кој прв почнал (мме):
- САД е зависна од С. Арабија, за наметнување на доларот како петровалута. Тоа е основен постулат за одржување на САД како империја, и прв услов за финансирање на материјалните потребеи за проектирањето на сила во светот. Пакс Американа нема да падне во војна (скраја да е), туку ќе паднат кога доларот ќе падне.
- С. Арабија не е зависна од САД, и има корист да се тргне од бродот кој тоне во услови на паѓањето на Пакс Американа - примарно затоа што кога реалот е врзан за доларот, економијата на С. Арабија ќе биде колатерална жртва. Новиот крал го разбира тоа, а освен тоа убаво ги гледа искуствата на Русија. РФ со реформи на нафтениот сектор и паметно даночење (не им зимаат данок ако цената падне под 40 долари за барел), со пуштање на рубљата на слободен пазар и во случај на економски напад стандардот не е зависен од врзување со доларот. Платите во државата и во нафтената индустрија не се врзани со доларот, доларот и да расне во однос на рубљата во Русија лебот пак чини хх рубљи, млекото чини хх рубљи, горивото/превозот чинат хх рубљи... Што е главната причина зошто Саудијците сега се откачуваат од доларот. Видоа дека тоа функционира, и видоа што се дешава со државните резерви ако на Пакс Американа нешто не им се допаѓа како работат.
Така да С. Арабија е таа која им раскина на САД, и сега е со нов дечко (Кина).
Само тој што нема познавања може да изнапише вакви глупости.
Затоа постојано доаѓаш до заклучоци кои се косат со реалноста.
Ај еден подолг пост, и онака не помага кај тебе, но можеби ќе развие дискусија за некој што разбира.
Не е САД зависен од С.А., туку обратно. С.Арабија е зависна од САД. Ако не си знаел, САД ги изгореа пола држави на Блискиот исток, а добар дел се под санкции.
С.А. како земја измеѓу многу непријатели, слаба национална припадност на своите жители, земја без добри основи за развој, еден од нив Иран заедно со шиитите, е во очајна потреба од гарант на нејзината безбедност.
Откако се случи револуцијата во Иран, на САД им требаше друга база за заштита на ресурсите што течат низ Ормутскиот теснец. Доказ за ова е војната во Ирак во 91ва, кога С.А. беше под закана да биде нападната од Садам. Соработката е взаемна, САД ја гарантира безбедноста, а за возврат добива појдовна точка за контрола на ресурсите во регионот.
Бидејќи САД планираат да ја задржат Кина (да не може да мрдни подалеку од брегот), полека пивотираат кон Далечниот исток, а со тоа го напуштаат Блискиот.
Бидејќи нафтата е конечен ресурс, а особено бидејќи Западот (и Кина) веќе се во процес да не го чекаат тој крај, туку делуваат превентивно (електрификација) С. Арабија знае дека без тој ресурс нема да опстои долго.
Оттука С.А. е во обиди да извлечи најдобра позиција од повлекувањето на САД од регионот. Тоа јасно може да се види од се што прави диктаторот на С.А.
Интерес и од САД е да не остави С.А. да пропадни, па меѓусебно се во преговори и потези кој ќе извлече подобар договор. Еден од истите што им одговара на двете во ситуација на раст на моќта на Иран е воспоставување на односи на С.А. со Израел и општо Израел со сунитските земји. Процес кој што е прилично активен во последните 3-4 години.
Влошувањето на односите почна кога САД играа прилично непријателски после убиството на новинарот, проследено со војната во Јемен. САД прекинаа да им даваат логистичка поддршка на војската на С.А. Следеа повеќе настани, во кои на Саудијците им стана јасно дека САД се позиционираат да извлечат максимум од С.А.
Една од заедничките цели на Саудијците и Американците е воспоставување на односи на С.А. со Израел, нешто што ја прави С.Арабија помоќна (ќе отвори врати за секаква соработка) нешто што стратешки е лошо за сите што се конкуренти на С.А., како Катар, (со кои С.А. имаше лоши односи последните години) Турција, Иран итн.
Бидејќи таков потег нема така лесно да помини, С.А. и требаа придобивки од САД, а Израел да направи некој прогрес со Палестинците.
Последните години се релативно мирни и имаше напредок на сите полиња за доближување на овие двете.
Алармирани дека такво нешто е контра нивните интереси, Турција, Катар кои финансираа и обучуваа борци на Хамас мораа да превземат нешто во врска со тоа.
Не тврдам дека тие стојат позади тоа но фактите се тие.
Израел во неколку наврати влегуваше во Газа последните 2 децении.
Зошто во релативно мирен период меѓу Хамас и Израел, во засилена дипломатска офанзива на зближување на односите на сунитите со Израелците, зголемена моќ и закана од Иран, војна во Украина, Израел би одлучил да направи таква акција за наводно чистење на Палестинците која е во штета на САД (пренасочување на дел од ресурсите за Израел во поглед на војната во Украина), штета на Израел со воспоставуње на односи со С. А. (кои подоцна може да ги користи како алатка против Иран), а на корист на шиитите и останатите непријатели на САД, како ете Русија и сл?
Основен постулат на одржувањето на САД како глобална сила е нејзината воена моќ.
Оттука тргнуваат сите моќи што ги поседува. Контрола на протокот на ресурсите, наметнување на доларот како глобална валута. Ако ја немаа таа моќ, Садам ќе добиеше контрола над тогашни 80% од протокот на нафтата и ќе диктираше политики. Ќе беше глобална сила. А не дека пазареле во долари.
Погрешните заклучоци, како овој, дека Израел и САД се виновни за Хамас и дека правеле фолс флагој и не знам што произлегуваат од твоите сосема погрешни познавања.
Како што ти беше тврдењето дека САД се виновни за Втората Светска војна.
Твоето тврдење дека САД го создале режимот на Иран.
Дека Израел е создаден од САД.
Дека САД можеле да го пуштат Израел по вода, за подоцна да споделуваш видеа дека ако не постоел морале да го измислат.
Постојано си контрадикторен, постојано влечиш погрешни заклучоци базирани на погрешни сфаќања.