Оваа “офанзива“ на Талбианците е се само не војна, се шетаат како на ексурзија. Тоа е само показател колку непопуларен и квислиншки бил режимот овие 20 години. Да стварно верувале авганситанците во својата влада, ќе имаше борби за секое село и град, крвави битки, вака речиси без отпор се освојуваат милионски градови.
Од старт беше непобедлива војна, да воено ќе победиш, ама после треба да создадеш држава со која ќе се иденфитукуваат луѓето и ќе бидат лојални.
Звучи ептен познато, речиси како балканско сценарио.
За племенско општство од среден век како што е Авганистан, очигледно најмногу им одговара талибанската власт, шеријат и слични срања, нека го запамтат ова тие што деновиве се радуваат на враќањето на талибанците и на поразот на САД, да се сетат кои беа талибанците и што се нивните вредности.
Како и да е еден од добрите потези на Трамп беше мириовниот договор со Талибанците и повлекувањто на трупите кое го продолжи и заврши Бајден. Тоа што малцинство неоконзерви и либерални воени хушкачи врескаат за нова интервенција нема да ја смени перцепцијата на мнозинството американци дека доста им беше веќе вакви авантури.
За држава чија што официјална надворешна политика гласи дека не преговараат со терористи, мировниот договор со талибанците е пресвртница за идни слични сценарија. Бог знае каде ќе беа САД и западните демократорски режими денес доколку во 2001 година направеа мировен договор со нарачателите и организаторите на терористичките напади во САД на 11 септември 2001, наместо да го напаѓаат и окупираат Авганистан.
Дури и неразбирливо е зошто не го применија анти-македонскиот модел од Охрид кој го спонзорираа само месец дена пред 11 септември 2001 и активно го поддржуваат до денешен ден, дури и со санкции кон тие кои го отфрлуваат таквиот модел.
Како и да е, секој народ кој страда од злосторствата на американското империјалистичко его може само да им посака да им се повторат и размножат ваквите понижувачки повлекувања. Ако Авганистан е гробницата на империите, ваквото повлекување може да биде само добра вест за тие народи.
А кога сме кај талибанците кои најверојатно ќе ја дочекаат 20 годишнината од 11 септември 2001 во Кабул - не како заробеници, туку како владејачка вооружена сила - и нивниот карактер од камено доба, за тоа заслужни се претежно тие кои ги финансираа и вооружуваа во 1980-те години, бумерангот на историјата знае да задоцни, но секогаш си удира таму каде што треба и со истата сила со која полетал.