Политиката Vs. Медиумите

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Да, политиката наспроти медиумите.Особено во овој период пред изборите.
Колку медиумите се неутрални?
Колку изваестуваат независно и непристрасно?
Колку имаат влијание врз евентуалната победа или пораз на одредена партија?
Дали имаме независно новинарство?
Бучковски пред некој ден призна, дека позади најголемиот дел од медиумите стои одредено политичко лоби т.е. одредена партија!
Или тоа во националните медиуми би изгледало вака би изгледало вака:
СИТЕЛ-СПМ и ВМРО
КАНАЛ 5-ВМРО МАКЕДОНСКА и СДСМ
А1-ПАРТИЈА ЗА ЕКОНОМСКА ОБНОВА
Вашето мислење за новинарите кои се партиски војници? и за лобирањата на вести и во другите политички емисии!
Или едноставно вашето мислење околку партизираните или можеби (според вашето мислење) непартизирани медиуми, можете да го напишете тука, слободно можете да пишувате и конкретни новинарски имиња.
 

Попај

Буржоазија
Член од
10 јуни 2006
Мислења
699
Поени од реакции
9
city напиша:
Да, политиката наспроти медиумите.Особено во овој период пред изборите.
Колку медиумите се неутрални?
Колку изваестуваат независно и непристрасно?
Колку имаат влијание врз евентуалната победа или пораз на одредена партија?
Дали имаме независно новинарство?
Бучковски пред некој ден призна, дека позади најголемиот дел од медиумите стои одредено политичко лоби т.е. одредена партија!
Или тоа во националните медиуми би изгледало вака би изгледало вака:
СИТЕЛ-СПМ и ВМРО
КАНАЛ 5-ВМРО ВИСТИНСКА и СДСМ
А1-ПАРТИЈА ЗА ЕКОНОМСКА ОБНОВА
Вашето мислење за новинарите кои се партиски војници? и за лобирањата на вести и во другите политички емисии!
Или едноставно вашето мислење околку партизираните или можеби (според вашето мислење) непартизирани медиуми, можете да го напишете тука, слободно можете да пишувате и конкретни новинарски имиња.
Taka e, no samo namesto VMRO-VISTINSKA,VMRO-MAKEDONSKA
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Мое мислење, со кое не морате да се согласите, е дека во Македонија не постои независен медиум. Сите медиуми (електронски или пишани) се под нечија контрола (влијание). Тргнувајки од таа претпоставка, во македонија не постои објективно информирање. Ни се сервира слика каква што центрите на политичка моќ сакаат да ни претстават за сопствени потреби. Оттаму, мислам дека независноста, која треба да го краси секој новинар, кој решил да биде тоа и кој држи до себе, не треба да се продаде за 10 кебапчиња и кока кола во некоја биртија каде некој полтрон му сугерира што да објави, туку да истражи, напише објективна вистина и стои зад неа и ја брани.
кај нас бре луѓе новинари стануваат портпароли на партии, советници во претседателски кабинети. Не бива така.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Секаде е така, не само во Македонија, нема ништо независно, а најмалку медиумите. Се е испреплетено во разно-разни спреги и сфери на интереси и влијание. Се е до формата и нивното влијание. Кај нас е проблем што многу од базичните форми на функционирање на системот не постојат, егзистенцијата на самата држава е често по прашање, па нормално е да извадат вакви тези кои потенцираат некаква посебност и уникатност на земјата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom