За тие кои го следат пазарот на електрична енергија во Европа (кој се разви благодарение на Европската енергетска регулатива) нема да биде изненадување намалувањето на цената на електричната енергија на европските берзи. Тоа се должи на повеќе параметри како што се намалувањето на цената на нафтата и гасот, но и многу мерки кои ја намалуваат потрошувачката на енергија на пазарот и со тоа се создава вишок на енергија. Тоа се следните состојби и мерки: намалување на активноста на економијата посебно во индустријата која троши многу енергија како на пример металургијата, користењето на технологии кои се енергетски поефикасни, зголемувањето на енергетската ефикасност во домовите. Секако, сето ова влијае на цената, но сепак не објаснува како цената на електричната енергија падна до неверојатните 25 евра/MWh на годишно ниво (Анѓушев во интервју)
Неодамна на една пресс, опозицијата (која во програмата барем декларативно се залагаат и за враќање на евтината струја преку ден онаа укината од 13-17) напоменаа слично како и Кочо, дека трендот на намалување на цените на струјата трае со години следејки го падот на другите енергенси (гасот, нафтата), потоа други фактори кои влијаат на тоа како рецесијата во ЕУ зоната, која сеуште трае и поради што има помала побарувачка, па со се поголемиот развој на алтернативни обновливи извори на енергија,... така да со падот на цената кој трае, на регионалните берзи се нуди струјата за цена од 30-40$ mW/h... Колку увезуваме ние, некои 30-40% така некако ми се чини?!.... Според тоа, сметам дека цената на струјата треба да ја зголемат овие од регулаторна уште едно 30-40%...
или на клоци да се истераат од фотељите регулаторите и нивните налогодавачи!
Трето не би имало смисла!